Author: Media Point
Утре, 15 Февруари четврток, со почеток од 12 часот, во кругот на ЈП „Камена Река“ во Македонска Каменица, ќе бидат извлечени добитниците од наградната игра огранизирана за корисниците кои редовно ги плаќаат своите комунални такси. Во наградната игра учествуваат сите корисници кои ја имаат платено својата комунална такса заклучно со 31 Декември 2017 година. Корисниците кои ги имаат платено своите сметки и комунални такси кон ЈП „Камена Река“, можат да ги очекуваат следниве награди: Прва награда: ТЕЛЕВИЗОР Втора награда: ПРАВОСМУКАЛКА Трета награда: ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА Наградната игра и извлекувањето на талоните е од јавен карактер. Секој еден талон е потенцијален добитник…
На задоволство на граѓаните во Македонска Каменица, годинава започна со работа новиот „Наш Маркет – Караман“. Маркетот се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на градот, на површина од над 70 m/2. Маркетот работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, недела од 08:00 часот наутро до 18:00 часот напладне. „Наш Маркет – Караман“ ќе функционира според потребите и барањата на своите потрошувачи и во согласност со ритамот на современото живеење. Одличната услуга, ниските цени и квалитетот на производите што ги нуди „Наш Маркет – Караман“, веќе се докажана политика на…
КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, синоќа пред преполна сала во Домот на културата, организираше бесплатен концерт на класична музика од современи автори, во изведба на симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани. https://youtu.be/pBYcxg5noZ8 – Новата сала при Домот на културата дава идеални услови за вакви изведби. Вечерва имавме можност да проследиме една прекрасна изведба. Беа исполнети дсет дела од современи автори. Овој концерт го посветивме на празникот на виното и љубовта, рече Огнановски, директор на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица Најави дека во организација на КИЦ „Романса“ во текот на овој месец следуваат и други културни настани. – Веќе за…
14 февруари 2018 Цел Стамбол твој да е, пак, ти е срцето овде, во Маџир Маало во моето Делчево. Тоа се спомени од едно детство, од една младост, спомени кои се длабоко врежани во душата, за едно време кое, колку и да било сиромашно, ти ја грее душата, секогаш и секаде, носталгично ја започнува својата животна приказна на чист делчевски дијалект познатиот делчевски Турчин, 75-годишниот Фикрија Бора кој сега со семејството живее во Истанбул. Тој и за новогодишните празници се врати од Истанбул, во родното место, за да ги посети другарите и маалото каде го поминал детството. – Јас сум…
На 31 јануари 2018 година, Министерството за економија распиша јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети во домаќинствата. Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредснот – стои во огласот. Право на учество на овој јавен оглас имаат купувачите кои имаат…
Среќата удри и во Штип. Популарната грепка „златна рипка“ на штипјанецот Николче Лозов му донесе половина милион денари. Додека да дојде до големите парите, Лозов претходно изгребал две грепки на кои добил по 50 денари. Истите, веднаш ги заменил за нови и едната од нив во себе криела големо богатство. Среќен за него бил бројот 27, под чие поле се криела сумата од 500.000 денари: Маж и жена дојдоа 20 минути по отворањето на дуќанот, гребеа неколку пати и на последната им се падна добивката, рече Глигор Самарџиски, продавач во трафиката каде е изгребана грепката. Инаку, Лозов среќата со гребење…
Експертите ги презентираат основните факти за улогата на водата во системот на правилна исхрана и ги споделуваат некои важни тајни за тоа како правилно да се одржува водниот баланс, за да не дојде до крајности. Одамна престанавме да пиеме вода само кога сме жедни. Потрошувачката на чиста вода за пиење е на својот врв на популарност, а денес се што се случува и исклучително важно е да се знае колку, кога и како да се пие течноста и кои се придобивките за здравјето кои ги добиваме, ако почнеме да ја пиеме предодрената количина од 2 литри. Два литра дневно или помалку? Ние…
Вечерва со почеток од 19:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ ќе се одржи концерт на симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. На концертот ќе бидат изведени инструментални теми од класични и современи автори. Од КИЦ „Романса“ известуваат дека влезот е слободен и замолуваат за регулиран звук на вашите мобилни телефони.
„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење. Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица: Грчки гробишта – 06:30 о.Мартин Гробишта село Саса…
Знаете ле дека, коку и да искате некоаш да скриете дека се осиштате среќни или тажни, едноставно не бива. Мош на прв поглед да ви изглеа дека тај пред вас сте го излажали, ама нема врска…никоаш не е така. На секој од нас, буквално на секој на лицето му се глеа тагата, маката или среќата. Лажните насмевки, тонови шминка или претераното смеање само ја истакнуваа и потенцираа тагата што у себе ја носиме. Никогаш немојте да се китите со туѓи перја, оти секоаш не ви прилегаа. Бидете природни и свои. Што и да осиштате, никој нема да ви го земе,…
