Author: Media Point

Триесет денови отцепени од светот, без мобилен телефон, телевизија, радио, слушајќи го само она што ќе го кажат нивните надредени. Симулации на напади, изградба на бункери, ровови, биваци, во меѓу време дневни и ноќни маршови со различно темпо и должина по едвај прооден терен, хранење со ресурси од природата, е само дел од првата фаза од обуката што ја поминуваат лицата кои сакаат да станат дел од најсилните бранители на нашата татковина. Денот кога добивме можност да ја посетиме Единицата за специјални задачи, позната како „Тигар“, забележавме дека припадниците, зад чии маскирани тела и скриени идентитети се кријат топли срце…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с. Сопот, поради поголем одрон од 19.30 часот се одвива по една коловозна лента. На самото место се екипите на ЈП Македонија пат и сообраќајна полиција. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ПОВЕЌЕ ...

БУШАВА АЗБУКА македонска детска програма продуцирана со помош на МРТВ во 1985 со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и сол и Ана Костовска. Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм, итн. Вкупно има 31 епизода со просечно траење од 29 минути, посебно посветени на буквите од македонската азбука. https://www.youtube.com/watch?v=1To_P7kwsds БРАНКО КОЦКИЦА Е забавно едукативен програм кој е создаден благодарение на Бранислав Милиќевиќ. Она што ја прави посебна оваа е мисија е тоа што е следена во сите земји кои биле во составот на…

ПОВЕЌЕ ...

Генеа ја започна својата кариера во моделирањето на свои 15 години и почна да се прикажува за дизајнерот Гатинони во Милано, Италија. Генеа за време на нејзината кариера учествуваше на модни ревии во Романија, Италија, Германија, Јапонија, Австрија, Шпанија, Франција и Јужна Африка. Генеа за време на нејзината кариера се појави во неколку реклами, меѓу кои и Перони, Њујоркер и Квеле. Откако беа избрани за меѓународниот календар заедно со уште два други модели од агенцијата МРА, кои се Катрин Менџа и Кармен Продан, Генеа во 2007 година се појави во видео за албумот на Ерос Рамазотти “Новиот најдобар на Ерос…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево и оваа година по повод годишнината од Февруарскиот поход организира низа активности со цел одбележување на овој значаен датум за македонската историја. За 74 годишнината од одбележувањето на значајниот датум од НОВ, предвидено е организирање планинарски марш до Голак. Настанот и маршот ќе се одржат на ден 25.02.2018, а на истиот можат да учествуваат сите граѓани од Општина Делчево, здруженија на граѓани, јавните претпријатија, институции, политички партии и други заинтересирани лица. Учесниците на планинарскиот марш ќе положат свежо цвеќе пред спомен -плочата на Февруарскиот поход каде ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот за кои организаторот…

ПОВЕЌЕ ...

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 57, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм. Како причина…

ПОВЕЌЕ ...

„ГО-ПЛАСТ КАРАМАН“ – Македонска Каменица, е семејна фирма која веќе две децении успешно работи со клинети од целиот источен регион на Македонија (Македонска Каменица, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово и пошироко). Нивна специјалност е ПВЦ и АЛУ столаријата која ја нудат со врвен квалитет и професионален пристап кон работата. Скоро две децении нивните ПВЦ прозорци и врати благодарение на одличните перформанси даваат повеќестрани предности во однос на останатите и слични производители. Сите ПВЦ и АЛУ производи од „ГО-ПЛАСТ КАРАМАН“ почнувајќи од одличната топлотна и звучна изолација, преку елегантните дизајнерски решенија и едноставниот начин на одржување, можат целосно да се прилагодат…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во општина Белица, Република Бугарија сo јавна дебата на тема „Планините – непроценливо богатство на Европа“, започна одбележувањето на „Зимен празник Белица – Семково 2018“. На јавната дебата, на која беше акцентиран развојот на туризмот во малите општини, покрај големиот број на европратеници и потпретседателот на Република Бугарија – Илијана Јотова, учествуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Градоначалникот Стаменкова, на почетокот од своето излагање ги истакна честа и задоволството да се присуствува на една ваква сесија и упати благодарност на поканата за учество во свое лично име и од името на општина Македонска Каменица до градоначалникот…

ПОВЕЌЕ ...

Жените се мистерија за мажите, но истото важи и за спротивниот пол. Жените мислат дека дека на мажите не им пречи ништо и се речиси не-емотивни и нечувствителни. Сметаат дека разбирањето на мажот е комплицирано и дефинитивно нивната претстава за тврдо срце е неточна. Тие исто така се луѓе и имаат чувства. Дознајте ги митовите за мажите кои се сосема погрешни и се вртат во главата на секоја жена. 1. Мажите не се емотивни Грешка! Мажите се повеќе емотивни од жените. Дури е докажано дека побрзо се заљубуваат и страдаат повеќе кога се разделени. Проблемот со оваа состојба не е…

ПОВЕЌЕ ...

Најниски температури од -4 степени утрово се измерени во Берово, -2 во Крива Паланка и Маврово, нула во Тетово, Битола, Македонска Каменица и Скопје Петровец, еден степен во Претор, Пожаране, Охрид, Штип, Прилеп, два степени во Виница, Струмица, Крушево, Скопје, Тополчани, Ѓуриште и Дебар, четири во Демир Капија, шест во Гевгелија и седум во Дојран. Висината на снежната покривка утрово во Маврово изнесува 53 сантиметри, во Крушево 33, во Пожаране 26, во Ѓуриште осум, во Охрид шест, а во Тетово еден сантиметар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен…

ПОВЕЌЕ ...