Author: Media Point
Пред неколку минути земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер го погоди Дојран. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 11 километри источно од Дојран и беше на длабочина од 5 километри. Инаку, претходната недела имаше и два послаби земјотреси со јачина од 2.2 и 2,5 степени кои беа почувствувани во Скопје. извор: скопје24
Шведско истражување покажало дека стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје и може да предивика сериозни и хронични проблеми со помнењето. Четиригодишното истражување опфатило над 1.000 лица на возраст од 40 до 79 години, од кои повеќето се жалеле на проблеми со меморијата. Заклучоците на научниците укажуваат дека дури 90 проценти од пациентите немале никакви хемиски или физички промени во мозокот што би укажале на појава на сенилност. Но, затоа, пак, 70 проценти од пациентите биле изложени на интензивен стрес, хроничен замор или депресија. Се покажало дека стресот придонесува за лачење адреналин, кој го подобрува помнењето на кус рок,…
Сумото е борење со многу бранувања. Се разбира бранувања на салото од телата на борачите. Погледнете како тоа изгледа во забавена снимка со 4К резолуција. Super Slow Show е дело на момците Гевин Фри и Ден Гранчи. Погледнете го видеото кое нуди доста неочекувано интересни моменти… (Гратис видео од борба помеѓу обичен и сумо борач во ринг) https://www.youtube.com/watch?time_continue=216&v=0gDVWPPgMKY
Вработените во Југозападна Германија го стекнаа правото за намалување на работното време според договор кој може да има корист од околу 1 милион луѓе, објави „ВВС“. Вработените ќе можат да ја намалат работната недела од 35 до 28 часа за период од две години за да се грижат за своето семејство. Договорот опфаќа речиси 1 милион работници во провинцијата Баден-Вуртемберг и исто така им дава зголемување на платата. Обемот на договорот може да се прошири на 3,9 милиони вработени во германската индустрија. Што е договорено? Намалената работна недела за подигнување на деца или грижа за постари или болни роднини беше…
По наредба на филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, денеска на Филипини биле уништени повеќе од 20 запленети луксузни автмобили. Ова е дел од стратегијата на Дутерте против криминалот и корупцијата, а тој лично го надгледувал уништувањето на автомобилите со булдожер. „Дајте им ја на купувачите на железо. Не може да имаат вакви автомобили, но може да добијат нешто од нив. Направете играчки од нив“, рекол Дутерте. Автомобилите биле запленети во акција на царината, а сопствениците се обвинети за избегнување на плаќање данок. Лани биле запленети автомобили во вредност од речиси три милиони долари. „Сакате да увезувате автомобили? Прво платете ги давачките.…
Веста која денеска се појави во нашите медиуми а која зборува за мизеријата во која живее еден од златната генерација на ФК Вардар, Венцислав Симоновски, не ги остави рамнодушни спортските работници во Македонија, пред се оние од фудбалскиот сектор. Особено тоа се однесува за раководството на Фудбалската федерација на Македонија, која веќе прави обиди да стапи во контакт со Симоновски. Па така, раководството на федерацијата најавува дека ќе ги разгледа сите можности како да му помогне на Венцислав Симоновски. Иако сеуште во некоја рана фаза, за популарниот Кичо би се пронашло некоја позиција на координатор некоја од академиите на ФФМ.…
Венцислав Симоновски – Кичо, позната каменичка и македонска фудбалска легенда, денес буквално трпи за леб. Човекот кој во 1987 година беше дел од шампионскиот тим на Вардар кој ја освои шампионската титула на тогашна Југолавија, каде премина како играч на долгогодишниот тогашен прволигаш САСА од Македонска Каменица, сега е заборавен од сите, го поминува најтешкиот дел од својот живот, осамен, гладен и во мрак. Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена, четири години веќе. Вака, без услови, тешко е , изјави Венцислав Симоновски. Корка леб и помош Симоновски засега добива само од својата снаа која досега помош за него побарала…
Казината и обложувалниците минимум 300 метри подалеку од училиштата, а оние кои веќе се наоѓаат на помала одалеченост ќе мора да се затворат, вака предвидуваат новите законски измени на Законот за игри на среќа и забавни игри. Според новите предлог измени ниту еден автомат клуб или спортска обложувалница нема да смее да се наоѓа во непосредна близина на основните и средните училишта. Во образложението на новото законско решение е наведено дека во постојниот закон не постои никакво ограничување каде и колку може да се отворат обложувалници и казина. Откако предлог законот се најде на единствениот национален регистар на прописи приредувачите…
05.02.2018 каменица.мк Екипите на КК Баскет Кам одиграа одлични натпревари во текот на изминатиот викенд. Во машка конкуренција од М-18 категорија, извојуваа повеќе од убедлива и рутинирана победа против силната екипа на КК ФМП од Скопје, со конечен резултат од 79:55. Најмладите пак, момчињата од М-12 категорија, беа и најуспешни. Тие на својот прв официјален натпревар, успеаа да слават на гостински терен против силниот МЗТ Скопје. Запишаа конечни 33:41 за една од најзначајните победи на КК Баскет Кам. Младите надежи од Македонска Каменица успеаа со одлична игра во текот на целиот натпревар, како во нападот така и во одбраната, да…
Вчера во 16 часот и 50 минути 57- годишниот Д.М во полициската станица Гази Баба пријавил дека истиот ден во времето од 07 и 45 до 15 часот и 15 минути на улица “Архимедова“ поточно во близина на црквата “Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда од страна на непознат сторител извршена била кражба на патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици. Кражбата сторителот ја извршил на тој начин што влегол во помошната просторија од црквата и од јакната на Д.М. која таму била закачена одзел мобилен телефон, клучеви од возилото и без да биде забелажан од никого заминал од местото…
