Author: Media Point
Делчевец останал без 30.000 денари. Од сметка парите му ги извлекол жител на Неготино. Како неготинецот дошол до кредитната картичка на делчевецот, нема информации. Познато е само дека тој кај себе ја имал и картичката и го знаел нејзиниот пин, па без одобрение и знаење на делчевецот, од банкомат ги извлекол сите пари што ги имало на сметката. Дека му ги нема парите и картичката, делчевецот пријавил во полиција, чија истрага како крадец го лоцирала 23-годишниот В.П. од Неготино. Против него е поднесена кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Инаку, делата од економски криманал се во…
01.02.2018 каменица.мк Општина Македонска Каменица продолжува со реализацијата на своите програмски активности предвидени за 2018 година, поврзани со уредување на локални патишта и речните корита на реките во руралните средини. Моментално, се работи на повеќе локации истовремено и тоа со зголемен интензитет заради итноста од задоволување на потребите на месното население во зимниот пероид од годината, кога условите за движење се доста отежнати. Во атарот на село Моштица на повеќе локации се работи на поставување на „пропуси за вода“, краток мост и тампонирање на краци до домовите, како подготовка за нивно асфалтирање во следниот период. Во близина на месноста „Пречистителна…
01.02.2018 каменица.мк По одлуката на Советот на Општината за промена на Правилникот за исплата на парични средства за новородено дете донесена по иницијатива бр.08-1795/1 од 01.12.2017 каде секое првородено дете во годината на територијата на општина Македонска Каменица наместо досегашните 10.000 денари ќе добива вредносен чек од 20.000 денари, а останатите новороденчиња кои досега добиваа по 6.000 денари, отсега ќе добиваат по 10.000 денари. Оваа чест и задоволство оваа година му припадна на Марко Спасевски кое е првото новороденче во 2018 година на територијата на општина Македонска Каменица. По тој повод Градоначалникот на општина Македонска Каменица Г-ѓа Соња Сатменкова на…
ЈП ,,Камена река” од денес 01. февруари 2018 година, на подрачјето од Македонска Каменица ќе започне со собирање и депонирање на електричен отпад (големи домашни апарати, мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија, монитори, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ апарати, опрема за осветлување, флуоресцентни, компактни и други сијалици, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати, инструменти за следење и контрола и автомати). За собирањето и депонирање на овој вид на отпад се набавени и поставени една металана корпа за електричен отпад во ОУ ,,Кирил и Методиј”, една метална…
Децата со наполнети 17 години ќе може да стекнат право за оспособување за управување со возило од Б-категорија, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) повикувајќи се на измените на Законот за безбедност на сообраќајот. Како што информираат оттаму, досега Законот овозможувал со вакво право да се стекнат деца со наполнети 16 години, но таа одредба ќе претрпи корекција. Покрај тоа, децата кандидати за возачи со наполнети 17 години ќе нема потреба да имаат одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година, како што досега предвидуваше Законот, ниту ќе има потреба да обезбедат писмена…
Германското обвинителство соопшти дека осомничените формирале сложена мрежа на компании употребувајќи лажни документи како би избегнале плаќање на придонеси и даноци. Полицијата и цариниците во текот на вчерашниот ден упаднаа во 140 објекти во западниот дел на Германија и притворија осум лица кои се сомничат за организирање на илегално вработување на градежни работници. Обвинителството соопшти дека осомничените најверојатно формирале сложена мрежа од компании преку употребување на лажни сметки за да се избегне плаќање на социјални придонеси и даноци, пренесува Ројтерс. Според зборовите на Армин Ролфинк – претстедател на германската царинска управа прометот што се направил со илегалните вработувања надминува 48…
По Македонската асоцијација за рударство, Министерството за економија, сега и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) реагира да се повлечат предлог-измените на Законот за минерални суровини. Од Синдикатот изразија загриженост за иднината на вработените во рударската индустрија, бидејќи усвојувањето на предложениот закон , како што пишува во соопшението, претставува сериозна закана за запирање на работењето на рудниците. „Со сета должна почит за грижата за животната средина, сметаме дека рударството како дејност која сериозно придонесува во вкупниот БДП на државата заслужува барем издржана стручна и научна анлиза на состојбите пред да се предлагаат какви било законски прописи. Ова…
31. Јануари 2018 каменица.мк Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 19:00 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица. Во сообраќајката учествувале 7 автомобили од кои едно товарно возило. Во сообраќајната незгода, која според очевидци е предизвикана од возило марка BMW, нема мртви, но има 15 повредени лица и епричинета значителна материјална штета кај возилата. Екипите на МВР се на терен. Ќе продолжиме со следно известување веднаш по добивањето на нови информации од терен. Ова е трета поголема сообраќајна несреќа на патиштата во Источна Македонија во оваа измината недела.
Како го започнувате овој ден? Со голем филџан кафе, со прошетка на кучето, со чај, тегнење под јорган или пак со досаден аларм кој ќе ве нервира? По се изгледа дека има постапки кои ако ги практикувате наутро влијаат на здравјето и на интелектуалната моќ. Во продолжение има листа на работи кои треба да ги промените ако ги практикувате наутро за да имате убав ден. 1.Snooze копчето Многу е лесно и достапно да се притисне копчето ‘snooze’. Тоа е едно од омилените копчиња наутро оти добивате лажна надеж за продолжено време. Притискањето всушност може да биде опасно по здравјето бидејќи…
Недостатокот на железо, медицински познат како сидеропенија, е еден од најчестите здравствени проблеми кој се должи на малнутриција. Малнутриција се јавува при неадекватен внес на потребните хранливи материи (во овој случај намален внес на железо). Доколку оваа состојба не се третира, се јавува железо дефицитна анемија која ги вклучува следните симптоми и знаци: замор, малаксаност, вртоглавица, опаѓање на косата, бледило, лупање на срце, главоболка, кршливи нокти, пика итн. Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта. Освен готовите препарати на железо, значајна улога во постигнување нормално ниво на железо, има и…
