Author: Media Point
Шеесет и петгодишен жител на село Таринци загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Плачковица – Штип пред крстосницата за село Козјак. Според информациите на МВР, Д.В.(65) управувајќи камион „застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво. Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.
Искотистете ги Велигденските празници за прошетка и незаборавни моменти во Истанбул. Четиридневно патување за само 75 евра (4650 денари) со Либеро Травел – Кочани. Посета на Сината џамија, Панорамски преглед на европсиот и азискиот дел на Истанбул и пропратно пазарење во Ерене. Четиридневното патување е со две ноќевања во Истанбул во одличен хотел со вклучен појадок. (промотивен текст)
Доколку должите за некоја неплатена сметка, доверителите имаат право да побараат блокирање на вашата сметка. Процедурата се состои од следново: прво, доверителите (сами или со помош на адвокат) поднесуваат барање на платен налог; второ, го доставуваат до нотарите со кои соработуваат, а тие врз основа на неподмирените фактури го издаваат тој платен налог; трето, преку фирмите за достава, налозите се дистрибуираат до должниците. На граѓаните им останува рок од 8 (осум) дена да поднесат жалба, а потоа, доколку не се изнајде решение, случајот оди на суд. Доколку обврската и натаму не се подмири, платниот налог се сели кај извршител. На…
Повеќето од вас досега прочитале дека смартфоните ве прават депресивни, анксиозни, осамени и несигурни. Сепак, повеќето од вас се спремни да поминат половина од денот наведнати над екраните, пребарувајќи по социјалните мрежи. Ако почнете да ги читате сите статии и истражувања за тоа колку се штетни смартфоните, веројатно ќе полудите уште во првиот половина час. Исто така, веројатноста е голема дека истражувањето ќе го читате на вашиот смартфон, што дополнително предизвикува паника. Сепак, вистинската причина за вашата зависност од смартфони има многу малку врска со телефонот, а многу голема врска со вашиот мозок. Науката тврди дека опсесивната посветеност кон телефонот…
Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“. Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост. Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во…
Министерството за труд и социјална политика и управата за матична евиденција упатија повик од 1 април во наредните шест месеци за сите нерегистрирани лица да се пријават во матичните служби во подрачните единици, изјави минисерката Мила Царовска. Сите лица кои живеат на територија на Македонија, а не се запишани во матичните книги, односно немаат извод, ниту било какви лични документи и не можат да ги остварат своите права, од 1 април до 30 септември ќе можат да се јават до Управата за водење матични книги да побараат дополнително запишување. Во моментов има информации дека околу 550 лица имаат ваков проблем,…
Македонска Каменица 22 Март 2018 година – Советот на општината Македонска Каменица на својата седница одржана на ден 13.03.2018 година, донесе Одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Источниот и Североисточниот плански регион. Тргнувајќи од проблемите со кои се соочува општината во однос на управување со отпадот, а со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето, Советот на општина Mакедонска Каменица ја донесе одлуката за основање на регионална депонија од страна на Владата на Р.М. Главни причини поради кои се пристапи кон донесување на ваквата одлука се проблемите со кои се…
Македонска Каменица 21 Март 2018 – Вработените во ЈП Камена Река, по повод 21 Март – Денот на пролетта, го започнаа пролетното засадување на млади садници. Од планираните 370 садници поради лошите временски услови беа засадени само одреден дел од нив. Акцијата продолжува во текот на наредните денови. Денес беа реализирани повеќе паралени акции во соработка со дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ и учениците при ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица. Садниците беа засадувани во кругот од детската градинка, неколку паркови од централното градско подрачје и во дел од тревните површини околу училиштата во градот. Покрај оваа активност, на засадување…
„ГО ПЛАСТ – КАРАМАН“: Пролетта е најпогоно време за смена на вашите стари прозорци и врати Сигурно се прашувате кога е најпогодно време да ги смените вашите стари прозорци? Дефинитивно почетокот на пролетта е најдобро време за обнова на некои работи во домот кои одамна сме планирале да ги направиме. Иако времето е променливо, веќе темпетатурите нема да бидат под нулата, што претпоставува погодно време за работа. Овој период и полесно ќе најдете добар мајстор, кој нема да брза, и побрзо да заврши оти го чека друга работа. А бидејќи и нема во овој период голема побарувачка за прозорци, можете…
Македонска Каменица, 21.03.2018 – На Меѓународниот ден на шумите – 21. Март, рудникот САСА потпиша меморандум со Шумарскиот факутет од Скопје за долгорчна соработка во реализација на активности од областа на животната средина и тоа: производство на растителен саден материјал; пошумување на јаловишта и голини; одгледување, нега и заштита на пошумени насади и научни истражувања. Со меморандумот двете страни се договорија да формираат расадник, во сопственост на рудниот САСА, за производство на шумски саден материјал. Сите финасиски средства за реализација на довореното, вклучувајќи ја изградбата и одржувањето на расадникот, ги обезбедува рудникот. „Со дел од садниците кои ќе бидат одгледани…
