Author: Media Point

Македонска Каменица 20. Април 2018 година – Утре, со почеток од 16:00 часот ќе се одиграат натпреварите од 22. коло во Втората фудбалска лига – Исток. Екипата на ФК Каменица САСА гостува во Кочани, каде против ФК Осогово со победа ќе ги реши дилемите за опстанок во лигата. Во Кочани како и лани “Сејмените” прерано ја слават победата над “Багерите” од Македонска Каменица, но ФК Каменица САСА минатата година во слична “славеничка” атмосфера на домаќините, успеа да победи со 0:1 и да забележи “три бода”. САСА влегува комплетно подготвена во овој дерби меч, очекува тежок и тврд натпревар. Веруваат во победа,…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција. Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво на шалтерите на Фондот. Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на…

ПОВЕЌЕ ...

Пред неколку месеци беше објавено дека Венцислав Симоновски, поранешна легенда на Вардар, живее во мизерни услови за живот, па навивачите од Македонија на англискиот премиерлигаш Ливерпул се вклучија во акцијата да му помогнат. На собирот организиран од „РедСкаузер“ за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Манчестер сити, беа собрани средства и истите му беа предадени на Симоновски.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера (17.04.), околу 04,30 часот, од страна на полициски  патролен тим од ПС за  ГН Михајлово и ПС ОН Неготино, на регионалниот пат  Гевгелија-Скопје, во товарно моторно возило марка “Форд Транзит“ во близина на базата на “Актор“ пред тунелите кај Демир Капија откриени се 38 мигранти (35 од Пакистан и тројца од Индија). Имено, откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на м.в. “Арсови лаки“ и  дале знак за запирање, возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола поради сомневање се упатила по товарното возило и по…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Април 2018 година – ФК Каменица САСА од гостувањето против ФК Плачковица во Радовиш се врати со исклучително значаен бод за опстанок во Втората фудбалска лига. Иако натпреварот беше динамичен со многу шанси на двете страни, головите дојдоа во второто полувреме. Домаќините први успеаа да го отворат резултатот со убаво нафрлена топка во шеснаестерецот на Саса која беше сместена во голот по одличен удар со глава. Веќе во следниот напад дојде до израмнување на резултатот. По една добро одиграна акција со многу прецизни додавања, Дарко Пешовски успеа да постигне ефектен гол. По израмнувачкиот гол, Саса продолжи со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Април 2018 година – Само една година од постоењето на ЖФК Каменица САСА, Македонска Каменица веќе има неколку имиња на млади каменичанки кои се дел од младинските состави на женската фудбалска репрезентација на Македонија. Дајана Ристовска и Вероника Николова се родени во 2004 година. Двете се од Македонска Каменица, играчи во средниот ред и стандардни првотимци на ЖФК Каменица САСА. Тие веќе се дел и од У-15 проширениот состав на репрезентацијата. Во поширокот состав на У-17 репрезентацијата и учесник на тридневен Меѓународен турнир со репрезентацијата на Македонија во Босна е Ана Ристовска. Исто така млада каменичанка која…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18 април 2018 – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од седум до 12 степени, а дневната од 17 до 25 степени. Во Македонска Каменица и околината слично време, променливо облачно повремено со поголеми сончеви периоди и со услови за краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно ќе засилува. Температурата од девет до 23 степени. До петок времето ќе биде променливо облачно со…

ПОВЕЌЕ ...

 Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за објавување на службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на Министерствата, на официјалните веб-страници, соопшти Владата. – Најдоцна до 20 јуни се задолжуваат директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на Инспекцискиот совет, на своите веб – страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 1 декември 2014 до 31 мај…

ПОВЕЌЕ ...

Дежурна лекарка во Општа болница – Кочани синоќа била нападната на работното место од страна на роднина на пациентка која била хоспитализирана во здравствената установа. Две други лица кои се нашле во близина успеале да го оттргнат напаѓачот и спречиле инцидент со посериозни последици. Во инцидентот лекарката се здобила со телесни повреди, а доживеала и психичка траума, поради што побарала неколкудневен одмор. – Нападот врз нашата колешка се случил во моментот кога ги прегледувала резултатите на пациентите кои требало да примат инсулин. Напаѓачот инсистирал неговата мајка која била примена претходниот ден и уредно згрижена, да добие приоритет, по што ја…

ПОВЕЌЕ ...

Над 400 пензионери од десетина Здруженија од државата се дружеа во Виница. Организатор на средбата е виничкото Здружение, кое 17-та година по ред организира дружба по повод празникот Томина Недела : Имаме гости од Делчево, Берово, Пехчево, Кочани и други градови од државата. Како и секоја година и оваа ќе избереме три најубаво украсени јајца, кажа Васка Андонова, Здруж. на пензионери – Виница. Поддршка на ваквиот вид манифестации дава и општина Виница, која со Здружението на пензионери има воспоставено добра соработка : Секојдневно се дружиме со нашите пензионери и имаме соработка со нив и им помагаме за најразлични активности кои…

ПОВЕЌЕ ...