Author: Media Point
Ноќеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар “Св. Климент Охридски” нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе. Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка. На Д.М. и В.П. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни…
Скопјанката Моника Ристеска, објави ново видео како пуши марихуана, но сега видеото е снимено во нејзиниот дом. Во него таа прашува: „Дома дозволено е?“. Девојката во четвртокот објави видео како пуши марихуана по скопските улици, а во петокот беше приведена во Градскиот парк во Скопје на информативен разговор. Таа се претставува голем поборник за легализација на марихуана и постојано објавува видеа и материјали за канабисот.
22 април 2018 – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната температура од 21 до 28 степени. Во Македонска Каменица ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 27 степени. Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе…
Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15-ти мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април 2018 година. На веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде…
Македонска Каменица, 20. Април 2018 година – Денес, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се оддржаа државните натпревари по Географија за учениците од основните училишта. На годинашниве натпревари под менторство на наставниците Мирјана Стојкова и Данка Стаменковска, учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица, постигнаа одлични резултати. Две први места, со освоени максимални 100 поени, од денешниот државен натпревар по Географија во школските витрини на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица, донесоа Дарио Атанасовски и Зорица Караѓозова. Останатите ученици добија пофалници и благодарница за учеството во државниот натпревар по географија.
Општина Делчево ги обновува веќе поставените легнати пречки за забавување на движењето во сообраќајот со цел да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на улиците во градот Делчево. Досега се поставени 7 легнати пречки на локации на кои првично беа поставени пред 12 години, но поради низа надворешни влијанија беа оштетени. Легнатите пречки се лоцирани на улиците, каде има приоди кон општинските училишта, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“, СОУ „М.М.Брицо“, како и улици каде биле евидентирани сообраќајни назгоди причинети од движење со брзина поголема од дозволената. Легнати пречки се поставени на улиците „Маршал Тито“, „М.М.Брицо“,…
Авичи, шведскиот диџеј, познат по хитовите „Wake me up!“, „Levels“ и „You make me“ почина на 28 годишна возраст. Неговиот издавач ја потврди веста. „Со длабока тага објавуваме за загубата на Тим Берглинг, исто така познат како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман, на 20 април. Неговото семејството е очајно, така што ги молиме сите да ја почитуваат потребата за приватност во ова тешко време. Нема да бидат дадени дополнителни изјави“. Авичи го објави неговото пензионирање од турнејата во 2016 година, наведувајќи го патувањето со пријателите како причина за промена на неговата перспектива. „Моите избори и кариерата никогаш…
Порталот Досие.мк објави дека попладнево во Градскиот парк била приведена девојката која вчера се појави на видео на социјалните мрежи во кое пуши џоинт во центарот на Скопје. Сведок на приведувањето била новинарката на Досие, Кристина Мачкиќ која од грб ги сликала полицијаците. По ова полицајците ја легитимирале и неа и иако немаат право да го бараат тоа од новинар, побарале да ги избрише сликите.
Автобус на бугарска туроператорска компанија кој превезувал 46 лица за Македонија, изгоре целосно синоќа на патот меѓу Ќустендил и граничниот премин Ѓуешево. Бугарските медиуми јавија дека нема настрадани, а сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Причина за пожарот неофицијално е краток спој по што се запалила електричната инсталација додека автобусот бил во движење. Бугарските медиуми пишуваат дека пожарот настанал во 18:30 часот, а сообраќајот бил во прекин
20. Април 2018 година – Во текот на вчерашниот ден околу 14:00 часот во непосредна близина на македонско- бугарската граница, геодетот В.З.(53) од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, додека извршувал работни задачи поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.
