Author: Media Point
Македонска Каменица 27.04.2018 – Од СВР Штип за kamenica.mk денес ја потврдија веста дека, денес во 13 часот од водите на Калиманско езеро е извадено луксузно возило марка, Audi Q7. Сопственикот на возилото, кое е со швајцарски регистарски таблици не и е познат на полицијата, како и причините и начинот на кој се случил овој немил настан. Причинета е значителна материјална штета. Автомобилот бил празен и засега човечки жртви не се утврдени. Од МВР изјавуваат дека истрагата е во тек. Нови информации за случајот дополнително ќе бидат објавени.
Македонска Каменица, 27.04.2018 – Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот – членка на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО), влегуваат во завршна фаза. Согласно потишаната спогодба за преговори, раководството на САСА го достави до синдикатот предлогот за зголемување на платата на вработените и натамошно унапредување на условите за работа во компанијата, што соодветствува со барањата на синдикатот. Раководството на САСА предлага генерално зголемување на платите на сите вработени во компанијата кое ќе се реализира оваа и наредните две години. Конкретно, раководството на САСА нуди сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1. март 2018-та година, да добијат зголемување на…
26.04.2018 Наместо оризови ниви и бавчи, голема дива депонија со години постепено се шири од двете страни кај еден од надвозниците на обиколниот пат околу Кочани. Расфрланите отпадоци не само што го загадуваат плодното земјиште, туку се грда слика на магистралниот пат А3 што е сообраќајна врска со соседна Бугарија. Со оглед што камерата најдобро доловува како изгледа околината на коловозот, не треба подетален опис што се може да се најде во отпадот. Најмногу загрижува што освен шутот и градежните отпадоци, овде се исфрлаат делови од расипани апарати за домаќинството, искористени автомобилски гуми, стара покуќнина, облека, а неретко и умрени…
Македонска Каменица, 26. Април 2018 – Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања, го започна планираното асфалтирање на пристапните патишта во селските средини, предвидено со Програмата за работа од 2018 година. Денес, фирмата изведувач „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, започна со асфалтирање на пристапни патишта до Доганска маала и Цоцевска маала во село Дулица. Станува збор за пат со должина од 1055 метри и ширина на тампониран дел од коловоз 5,5 метри со 3,5 метри асфалт. Финансиската вредност на овој проект е 6.847.871 МКД. Планирана е изградба на уште неколку пристапни патишта во останатите рурални средини, како и изградба на повеќе…
Македонска Каменица 26. Април 2018 – Меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, годинава се оддржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Натпреварувачките екипи за Детски Семафор беа од ООУ „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прќе“ од Делчево и „ Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, додека СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево и СОУ „Миле Јаневски –Џингар“ од Македонска Каменица се натпреваруваа со знаењата во Сообраќајно техничка култура на младите. Учениците се натпреваруваат со своите знаења за сообраќајните правила и прописи преку теоретски дел со полагање на сообраќајни тестови кои и оваа година се…
Од 2001 година, вкупно 71.524 државјани на Република Македонија добиле бугарско државјанство. Отсега многу полесно до бугарски пасош – се менуваат правилата, илјадници македонци веќе добиле документи – пишува порталот Sky.com.mk Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари минатата година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство. Од Бугарија доаѓаат и информации дека земјата ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство. Во најскоро време ќе се олесни целата процедура за добивање на бугарски пасош. Извор на веста: Вработување.Ком
Ако батеријата на вашиот мобилен телефон брзо ви се празни еве што треба да направите. Најпрво, многу е важно да одговорите на следните прашања: Дали често го полните телефонот? Дали го полните преку ноќ? Дали сето тоа го правите на правилен начин? Докажано е дека полнењето на телефонот во кратки временски интервали не може да ја оштети батеријата. Не е точно ниту дека телефонот треба да се полни само кога батеријата е при крај. За ова постојат цвртсти докази. Најпознатата компанија за производство на батерии “Кадекс“ наведува дека литиум-јонската батерија има свое ниво на стрес коешто може да се зголеми.…
Баерн Минхен има предност против Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ (1-0), но грижи на кај Јуп Хајнкес предизвикуваат повредите кои ги зафатија „баварците“ во првиот дел од мечот. Двајца првотимци на германската „машина“ беа приморани да ја напуштат играта поради повреда на ложите. Уште во 8. минута се повреди Аријен Робен, а на негово место влезе Тиаго Алкантара, додека во 34. минута следеше слична повреда на Жером Боатенг, на чие место влезе Никлас Соле. Останува да видиме каква ќе биде тежината на повредите на двајцата фудбалери и колку време ќе бидат надвор од терените.
Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе – Битола распишува КОНКУРС за најдобри средношколски есеи на следниве теми: „Иднината на човештвото. Кој ќе победи во оваа трка?“ „Технологијата – меч со две острици? Колку далеку можеме да одиме?“ „Иднината е во онлајн образованието“ „Најлошата песна во светот“ „Сите учиме едни од други“ „Мојата визија“ слободна тема по избор на авторот Бараме оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања. Насловите на темите се…
Б.Ш. (41) синоќа завршил во полициската станица во Штип, откако бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство поради постоење сомневање дека извршил кривично дело „телесна повреда при семејно насилство” над неговата сопруга М.Ш. (38) и постоење на сомнение дека истиот ќе го продолжи делото. Лицето е задржано во рамките на предвидениот законски рок. Tој кривичното дело го сторил вчера во семејниот дом во Штип при што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел видливи повреди.
