Author: Media Point

Македонска Каменица, 03. Мај 2018 година – Мештани од село Илиово, Витанско маало, утрово околу 08:30 часот, забележале поголем број на ситна изумрена риба во водите на река Туришница и вливот од истата во Калиманско Езеро. Случајот го пријавиле кај надлежни органи и до одговорни лица на ЗРСК Шаран – Македонска Каменица. Во моментов инспекциски служби од МВР и екипи од Министерството за животна средина се на терен и работат на пронаоѓање на сторителот на оваа еколошка катастрофа. На местото на настанот, од утрово е излезена и рибочуварската служба на ЗРСК “ШАРАН” кои преземаат активности за спасување на загрозениот рибен фонд.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 02. Мај 2018 година – ЗРСК “Шаран” од Македонска Каменица ги известува своите членови – риболовци и сите граѓани, љубители на риболовот, дека од денес 02.Мај 2018 година, па се до 01. Јуни 2018 година, риболовот на Калиманско Езеро е најстрого забранет. Најавуваат засилени контроли во текот на целиот период на забраната за риболов, од сите надлежни органи и секое прекршување на забраната ќе биде најстрого санкционирано од страна на истите.

ПОВЕЌЕ ...

Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти. Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk. – Услугата „Закажи средба“ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП – Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци,…

ПОВЕЌЕ ...

Фејсбук има многу голема улога во љубовните врски на младите, ја поттикнува и олеснува контролата над партнерите и води до зголемена љубомора и недоверба што може да донесе до прекинување на врската, покажува истражувањето „Улогата на Фејсбук во сентиментални односи на младите луѓе.” „Улогата на Фејсбук во сентименталните односи на младите е многу голема, но колку што е позитивна, толку е и опасна“, вели хрватската професорка Нада Зграбљиќ Ротар. Истражувањето под нејзино менторство, преку анкета на примерок од 91 студент по комуникологија и студии по хрватски јазик, како и четири длабински интервјуа е направена од социологот и комуниколог Елена Дружета.…

ПОВЕЌЕ ...

Тоа што им успеа против каталонскиот гигант Барселона, фудбалерите на Рома ќе се обидат да го повторат и на реванш полуфиналниот дуел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, против англискиот премиерлигаш Ливерпул. Гигантот од “Енфилд” пристигна во Рим со предност од три гола (5:2), но и Барса со идентична предност го стартуваше реванш 1/4 финалниот дуел, кој на крајот заврши со триумф на римската “волчица” од 3:0. Благодарение на тој историски успех, предводникот на Рома, Еусебио Ди Франческо, верува дека неговите фудбалери ќе направат уште еден подвиг и ќе обезбедат пласман во финалниот натпревар. Да не очекувате сличен натпревар…

ПОВЕЌЕ ...

Временската прогноза на kamenica.mk е овозможена од K.NET – најдобар кабловски оператор во градот Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд, особено на исток. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Македонска Каменица слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 11 до 29…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на Еуростат во врска со тоа какви се можностите на жителите на Европа да си дозволат една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, за повеќето граѓани на Македонија тоа не е возможно. Резултатите на истражувањето се неповолни и за повеќето земји од регионот. Граѓаните на Хрватска во однос на минатата година се во незначително подобра ситуација, но понатаму се во лошиот дел од листата – 58,1% од населението не може да си го дозволи луксузот на еднонеделен одмор надвор од земјата. Граѓаните на соседна Грција, која е позната туристичка дестинација, се седми по ред од дното…

ПОВЕЌЕ ...

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, вчера изјави дека корисниците првпат ќе можат да ги исчистат податоците од нивните профили што ги следат нивните активности на социјалната мрежа.  Новата функција наречена „Clear History“ ќе биде слична на опцијата на веб-пребарувачите за корисниците да ја исчистат нивната историја и колачиња. Фото: Reuters „Откако ќе го внесеме ова ажурирање, ќе можете да ги видите информациите за апликациите и веб-страниците со кои сте во интеракција и ќе можете да ги избришете сите овие информации од вашиот профил“, напиша Закерберг. „Фејсбук“ е под притисок да ги подобри контролите за приватност на своите корисници по…

ПОВЕЌЕ ...

Последното загадување на река Брегалница донесе инспекција во неколку штипски фирми, сместени во кругот на некогашна Македонка. Се испитува која од нив е одговорна за обојувањето на водата во реката, за што пред два дена алармираа рибарите. „Од моментот кога настана хаваријата најчесто се мешаа одредени обојувања  така што имаме обојување од различни сфери на колоритот. Сето тоа го разгледавме“, вели Сенка Андреева – општински инспектор за екологија Загадувањето на Брегалница е постојано, водата во неа повремено ја менува бојата и се шири неподнослива миризба. За среќа поголем помор на риба не е регистриран. Од Министерството за животна средина велат…

ПОВЕЌЕ ...

Нови детали за потонатото луксузно возило во водите на Калиманско Езеро, добивме од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, која потврдува дека од вчера специјални тимови со чамци го истражувале теренот, кој бил обезбеден од полициските службеници. Од водите на езерото Калиманско Езеро, денес во 13:00 часот, е извлечено возило AUDI Q7, кое било со швајцарски регистерски таблици. Во меѓувреме, од МВР ни соопштија дека М.Н. (44) од Виница на 24 април во 13.00 часот во Полициската станица Виница, пријавил дека во периодот од 22 часот на 23 април до 11 часот на 24 април од страна на непознат сторител…

ПОВЕЌЕ ...