Author: Media Point

За време на своето патување во Цирих, русинката Олесја Шемјакова сакала да се почести со чоколадна торта и сок кои чинеле 20 евра и сметката ја платила со картичка. Се шокирала кога две недели подоцна проверувајќи ја својата сметка увидела дека од нејзината сметка биле повлечени 6425 евра. Го внесов својот пин за да платам со картичка, но плаќањето не беше успешно. Тогаш го внесов пинот по втор пат и сметката беше платена. Претпоставив дека платив 20 евра, колку што изнесуваше сумата на сметката, вели Олесја. Таа вели дека поради слабото разбирање на германскиот јазик, не разбрала кога мислела дека…

ПОВЕЌЕ ...

Скопјанец вчера се самоуби фрлајќи се од зграда. Од полицијата соопштуваат дека вчера во 05.25 часот било пријавено дека од тераса од 11 кат во Скопје скокнал 36-годишниот Т.Ј. од Скопје. Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт. Од МВР додаваат дека е извршен вид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

Насилни методи за дисциплинирање на децата примениле 79 отсто од родителите во Македонија, опфатени со истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ, а една четвртина од наставниците имаат ниска свест за психичко злоставување и лесни форми на физичко насилство. Според ова истражување, во Македонија седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години дома се дисциплинираат со насилни методи, односно со физички казни и психолошка агресија. Од УНИЦЕФ велат дека кај испитаниците постои верување оти насилните методи на дисциплинирање децата функционираат, односно 44 отсто од нив сметаат дека физичкото казнување е ефикасен начин за коригирање на однесувањето на детето, а…

ПОВЕЌЕ ...

Во дури 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени лица отколку живородени деца, а најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во речиси сите поголеми македонски градови со ретки исклучоци има негативен природен прираст на населението.. Битола, Штип, Кочани, Охрид, Струмица, Гостивар, Берово, Ресен, Кичево, Валандово, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Крушево, Македонски брод, Кратово, Крива Паланка, Прилеп се градови во кои во овој период е забележан негативен природен прираст. Демографите подолг период предупредуваат дека на цели села и градови во блиска иднина им се заканува исчезнување бидејќи во нив живее претежно возрасна…

ПОВЕЌЕ ...

На 15 и 16 мај годинава бугарските превозници ќе излезат на протест против обидите на Брисел да воведе сериозни рестрикции во областа на транспортот. Рестрикциите ќе доведат до лавина банкроти на стотици илјади бугарски превозници.  Извор: Телевизија Стар Бугарските превозници ќе ги блокираат пристапните патишта кон Софија, главните автопатишта и регионални патишта, како и влезно-излезните артерии на земјата, пишува „Стандард“. Причината за протестот е најавите за примена на новите прописи што треба да бидат усвоени од Европскиот парламент, познати како „Прв пакет за мобилност“ и „Втор пакет за мобилност“. И двата пакета се насочени главно против интересите на Бугарија, велат од…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Запален автомобил во Кочани. 46-годишниот Ј.А. ноќеска пријавил дека возилото „Мерцедес“, сопственост на неговиот брат кој живее во Германија било запалено. На лице место интервенирала и кочанската противпожарна единица, а полицијата работи на целосно расчистување на слчајот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Мај 2018 година – Со почеток од 16:30 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, се одигра 25. Коло од Втората македонска фудбалска лига. Екипата на ФК Каменица САСА, со голот на Виктор Марковски во 65 минута од натпреварот, успеа да слави со 1:0 против екипата на ФК Тиквеш од Кавадарци. Иако првото полувреме се играше речиси на половината на подмладениот состав на гостите, сепак сите обиди кон противничкиот гол на каменичките јунаци остануваа јалови. Неколкуте обиди и изгледни шанси завршија со непрецизни удари кон гостинскиот гол. Во второто полувреме САСА ја празема иницијативата и целосната контрола…

ПОВЕЌЕ ...

Полициски службени вчера попладне во Штип забележано патничко моторно возило „Рено Канго“ со штипски регистерски таблици сопственост на штипјанецот З.Ш., кое предходно било пријавено за одземено. „Потоа на една од масите во сендвичарата било забележано лицето Б.ХЈ.(38) од Штип кое претходно го управувало возилото. Полициските службеници пристапиле за легитимирање, но истиот физички ги нападнал“, информираат од МВР. Полицијата го привела штипјанецот против кого ќе биде поднесена соодветна пријава по целосното расчистување и документирање на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Кочанско Оризари, годинава по петти пат ќе биде домаќин на Меѓународниот фестивал на Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора: Ќе има околу 400 учесници од Македонија, Србија и Бугарија. На овој начин се обидуваме да ги зачуваме обиќаите поврзани со Ѓурѓовден кои се особено карактеристични за нашиот крај, истакна Марјан Иванов, прет. на Совет на Фестивалот.

ПОВЕЌЕ ...