Виница е една од двете општини во државата кои први ќе добијат Центар за активно стареење. Имено, постоечкиот Дневен центар во село Истибања ќе биде преадаптиран за оваа намена.
Искуството ќе биде преземено од Босна и Херцеговина, каде вакви центри веќе функционираат, а планот и програмата ќе ги работи искусен конуслтатнт од таму:
- Тоа преставува исполнување на Мадридскиот план за активно стареење и заложбите на Министерството за труд и социјална политика да ваквите дневни центри имаат план и програма коишто покрај дружењето ќе ги инволвираат граѓаните и во други активности, објасни Сашко Јованов, Македонска платформа против сиромаштија.
Освен во Виница, ваков центар ќе се отвори и во Чашка. Со цел негово побрзо ставање во функција, на заедничка маса седнаа виничкиот градоначалник Димитров, претставници од Министерството за труд и социјала и од Македонската платформа против сиромаштија.

По донесување на планот за работа и адаптацијата на просторот, следуваат и други активности :
- Ќе направиме и обука кадешто покрај општините ќе бидат поканети Центрите за социјална работа и граѓанските организации, се со цел да објасниме како понатаму ќе функционираат овие центри, додаде Јованов.
Првичниот состанок беше одржан во Виница, а се очекува наскоро да дојде и конуслтантот од Босна, со кој ќе се прецизираат сите натамошни чекори.

