Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересирал за спецификите на Делчево, потенцијалите и можностите за развој на Општината, како и со предизвиците со кои се соочува општината.
- Изразивме благодарност од досегашната соработка и поддршка на американскиот народ во реализација на проекти кои се од витално значење за Делчево и кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, посебно во подобрување на условите за работа во образовните институции во градот, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.
Во знак на благодарност, градоначалникот Трајковски му врачи Плакета од Делчево и уметничка слика со мотив од старо Делчево.
Во рамките на посетата, амбасадорот Бејли го посети и кампот на Мировниот корпус во ООУ „Климент Охридски “ каде има 50-ина ученици, а наставата и едукативните содржини ги реализираат волонтери.
Izvor: StarTV

