Author: Media Point
Два проекта вредни 73,5 милиони денари ќе се реализираат во општините од Истокот со поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој. Првиот проект е детската градинка во Штип чија вредност е проценета на 36 милиони денари од кои 20 милиони дава општината, а 16 Бирото. Вториот проект се однесува на изградба на пешачки мост на Брегалница во Делчево, проект вреден 7,5 милиони денари, од кои 2,5 милиони се обврска ан општината, а 5 ќе се исплатата од Бирото. Освен овие два, како позитивни се оценети и проектите за енергетска ефикасност на општинските институции во сите 11 општини и изградба…
До крајот на оваа година, часовите по физичко образование и училишните спортови, виничките ученици ќе ги реализираат во нова спортска сала. Започна изградбата на модерен спортски објект, во училиштето „Славчо Стојменски“, кое е едно од првите во државата и најстаро во општината : Проектот е од страна на Министерството за образование и наука, но финансиски ќе биде вклучена и општина Виница. Вредноста на проектот е околу 25 милиони денари, изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница. Градежните активности на терен се веќе започнати. Изведувач на работите е компанијата „Гранит“, а подизведувачи се локални фирми : Со оглед на местоположбата која ја…
Уште една смрт на патиштата на Истокот. 67-годишник од Штипско изгубил контрола над возилото и удрил во сообраќаен знак. Починал на лице место. Во моментот на несреќата, возачот бил сам во автомобилот, па прашање е дали губењето на контрола над возилото е резултат на невнимание или на возачот можеби му се слошило зад воланот: Возеше полека и одеднаш возилото почна да се свижи лево-десно по коловозот и удри во знакот. Мислам дека му беше лошо. веднаш притрчавме на помош и повикавме брза помош и полиција, кажа Џан Демиров, очевидец. Иако очевидци и брзата помош реагирале веднаш, за жал на штипјанецот…
Комерцијалисти, сметководители, квалификувани работници за производство, финансиски службеници, келнери, возачи, шивачи, наставнички кадар, медицински лица, се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи за вработување. На јавниот портал на Агенцијата за вработување постојано расте бројката за нови работни места. Македонските компании се заинтересирани за нови вработувања при што бројот во моментов достигна околу 9.000 слободни работни места. Список содржеше побарувања за разни видови на профили на работници, со различен степен на образование и стручност. За некои од нив се бара искуство, за некои не,а на списокот на овие побарувања се најдоа речиси повеќето македонски градови. Сите…
„Малтретирање растение” е експеримент на IKEA во кој учествуваа илјадници деца со цел подигање на свеста против насилството. За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто. По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.…
Ќе се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година. Владата на денешната седница го прифатила предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија, чија цел е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти. Според овој Предлог продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба…
Македонска Каменица 07. Мај 2018 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова по повод 7-ми Мај Денот на македонската полиција, оствари посета на Полициската станица во Македонска Каменица. Во краткиот разговор со дежурните и раководни лица од ПС Македонска Каменица, Стаменкова им го честиташе празникот, посакувајќи им понатамошен успех во вршењето на нивната професионална работа, истакнувајќи благодарност за самопожртвуваноста и одличниот пристап кон истата. На кратката средба со Влатко Стојчевски – командир на ПС Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова напомена дека врската меѓу општината, граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и продлабочи, со цел да се…
Македонска Каменица, 07. Мај 2018 година – Како дел од Програмата за работа на општина Македонска Каменица за 2018 година, село Моштица доби нов пристапен асфалтен пат во должина од 440 метри. Целокупната вредност на проектот е 2.670.214,00 денари, а изведувач на градежните активности е ДООЕЛ „Стоименов“ – Кочани. Изминатите месец и половина, во зависност од поволните временски услови, од фирмата изведувач интензивно беа искористени за комплетна инфраструктурна подготовка на теренот и тампонирање на коловозот, се со цел сите граѓаните од руралните средини што поскоро да добијат асфалтен пат до своите домови. Постојан увид на терен, за текот на активностите…
Во кратовското село Којково синоќа починал С.С.(51) откако бил прегазен од возило Zastava 750. Според пријавата во полицијата, С.С. бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило Zastava 750, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот. Полицијата изршила увид на местото на настанот.
МОМЧЕТО СО ДАУНОВ СИНДРОМ И НЕГОВИОТ ТРЕНЕР – ПРИКАЗНА СО СИЛНА ПОРАКА ОД ВЧЕРАШНИОТ СКОПСКИ МАРАТОН
МОМЧЕТО СО ДАУНОВ СИНДРОМ И НЕГОВИОТ ТРЕНЕР – ПРИКАЗНА СО СИЛНА ПОРАКА ОД ВЧЕРАШНИОТ СКОПСКИ МАРАТОН Тој му бил тренер и заедно излегле да трчаат на маратонот во Скопје. На стартот тренеров го фатил за рака својот ученик за овој да се чувствува посигурен за време на маратонот. 50 метри пред крајот ученикот кој патем има даунов синдром паднал, немал сила да го дотрча маратонот. Трнеров го кренал на раце и заедно поминале низ целта. Скопје раскажува приказни. АЛАЛ ДА ВИ Е ДЕЧКИ. ВИЕ ЗАСЛУЖУВАТЕ ЗА ВАС ДА СЕ НАПИШЕ И СНИМИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ. Текстот е преземен од соц. мрежи,…
