Author: Media Point

Соопштение до граѓаните на Македонска Каменица Ги информираме граѓаните на општина Македонска Каменица дека на ден 18.05.2018 година (петок), во периодот од 10 до 11 часот во ООУ Св.Кирил и Методиј, ТППЕ-Мак.Каменица практично ке реализира методска тактичко-показна вежба ЕВАКУАЦИЈА НА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАР И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР ВО ОБЈЕКТ. Вклучените ротациони светла и сирени на противпожарните возила ке го означат почетокот на вежбата , а во реализацијата на вежбата со логистичка поддршка ке учествуваат и релевантни институции од општина Мак.Каменица. Секогаш во служба на граѓаните, Територијална Противпожарна единица Мак.Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Нашиот легендарен сограѓанин Благојчо, повторно ги бранува социјалните мрежи. Својата мега популарност ја достигна со учеството во “Квизот на Ирена” како што вели тој, а сега со својата брутална искреност и насмеан лик се појавува во ново урнебесно видео на Мотика, погледнете: Автор: Роберт Тодоровски Извор: Мотика

ПОВЕЌЕ ...

Кога купувате работи на Интернет, постои ризик: сликата можеби не е иста со реалноста, па очекувањата може да ве разочараат!? Пред да го отворите пакетот и да воочите дека производот воопшто не се совпаѓа со неговата фотографија, подгответе се за потенцијалното разочарување. Доколку сепак инсистирате да преферирате онлајн купување, за да бидете сигурни дека нема да погрешите  побарајте фотографија од вистинскиот производ и прашајте за неговата вистинската големина. Во прилог погледнете ги фотографиите кои можеби ќе ве натераат да размислите два пати пред да нарачате нешто на интернет. Веруваме дека нема да ви биде тешко да ја согледате разликата помеѓу…

ПОВЕЌЕ ...

Евидентирани сте како невработени лица? Аплицирајте на јавните огласи наменети за невработени лица кои ги објави АВРМ на својот веб сајт. Доколку сте неработено лице кое има завршено најмалку средно образование и е заинтересирано да стекне знаење од областа на банкарството, аплицирајте на јавниот повик за обуки за побарувани занимања. Уште една опција е јавниот повик за стекнување на напредни ИТ вештини на кои може да аплицираат сите невработени лица кои сакаат да стекнат знаење од областа на информатиката. Сакате да ги подобрите своите вештини во MS Word, MS Excel, MS Power Point, MS Access или Internet и MS Outlook?…

ПОВЕЌЕ ...

Берово, 16.05.2018 г одина – Во полициската станица Берово, Б.С.(62) вчера од село Русиново пријавил дека при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна. Од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.

ПОВЕЌЕ ...

Народната банка ги прима и ги заменува книжните и кованите пари што станале непогодни за промет од банките основани во Република Македонија и филијалите на странските банки во Република Македонија. За излитени пари се сметаат книжните пари кои што со текот на употребата се дотраени, истенчени, испревиткани заради што станале меки и непогодни за промет, оние кои значително се избледени, извалкани, намален им е квалитетот на хартијата и бојата заради што некои од нивните основни карактеристики (апоен, мотиви на банкнотата, елементи на заштита) се слабо видливи и се несоодветни за понатамошна употреба.   За оштетени пари се сметаат книжните пари…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 15.30 часот на улица ,,Тодосија Паунов,, во Кочани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Цитроен” со кочански регистарски ознаки управувано од В.Р.(49) од село Облешево и мотоцикл “Јамаха” управуван од  17 годишен возач. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажните цени на горивата од утре се зголемуваат од еден до два денара. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 71,50, односно 52 денара. Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм. Просечната…

ПОВЕЌЕ ...

Поп-ѕвездата Анестејжа со својот тим денес, во 15 часот ќе слета на аеродромот „Скопје“ . Утревечер во 21 часот, и е закажан концертот во Скопје во ВИП Арената “Борис Трајковски”, во организација на „Прагма продукција“. Американската пејачка ќе биде сместена во ВИП апартман во хотелот „Александар палас“ во Скопје.  Денес ѕвездата ќе одржи проби за утрешниот спектакл на кој се очекува да присуствуваат над 20 илјади луѓе. Концертот на Анастејжа во Скопје е во рамки на повратничката турнеја која ја стартуваше во 2016 година после цели 10 години пауза. Покрај промоцијата на новиот, седми по ред албум „Evolution“, во Скопје…

ПОВЕЌЕ ...

Дваесетгодишно момче вчера пријавило дека исчезнала неговата 16-годишна сестра. Според полицијата, вчера во 22,55 часот во Полициска станица Струмица, Н.А.(20) од село Пиперово пријавила дека истиот ден околу 21,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВЕЌЕ ...