Author: Media Point
Пожар избувнал синоќа во Пехчево во дворно место на пилани и помошни објекти сопственост на А.Б. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 20,10 часот во Полициската станица Берово е пријавено дека во Пехчево на улицата „Пионерска“ од засега непознати причини избувнал пожар во дворното место каде се наоѓале пилани и помошни објекти сопственост на А.Б. од Пехчево. Од пожарот била запалена дрвна маса и отпад кој се наоѓал веднаш до објектите-пилани. Пожарот е локализиран во 21,30 часот од страна на Територијалната противпожарна единица-Берово. Во текот на денов ќе се изврши увид на местото на настанот.
Македонска Каменица 24.05.2018 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица со пригодна културно-уметничка програма и редица училишни спортски натпревари го обележа својот патронен празник. Активностите околу празнувањето поврзани со ликот и делото на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј траеа неколку денови, а започнаа со ликовна изложба во Дом на култура во Македонска Каменица. На ликовната изложба на која учествуваа учениците од прво до деветто одделение, без изложени цртежи со тематска содржина поврзана со празникот на училиштето. Со свои дела, гости на изложбата беа и ученици од СОУ„ Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица. Учениците со најдобрите изложени цртежи…
Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на булеварот „Гоце Делчев“, а според информациите од МВР до несреќата дошло кога возило од марката „ауди“ удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот. Во возилото заедно со девојката имало и 21-годишно момче кое со повреди било пренесено во штипската Клиничка болница. Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.
Македонска Каменица 23.05.2018 година – Утре, 24. Мај 2018 година, ќе се оддржи традиционалната регионална средба „Царев Врв“. Тргнувањето е од 10.00 часот од Градескиот плоштад во Македонска Каменица, со прва попатна пауза на планинската чешма и Летниковецот -Китка. Учесниците на настанот ќе добат сендвич, флаширана вода 0,5л и маица со логото на Царев Врв од организаторот Еколошкото друштво „Здравец 2002“. Од “Здравец 2002” замолуваат сите учесници примерно да се однесуваат со своите возила на Манастирскиот комплекс „Еленец“ и да се внимава на неговото хортикултурно уредување.
Македонска Каменица 23.05.2018 година – Оливера (Вера) ЈОЦИЌ, (село Синѓелиќ – Хасанбегово, Скопско на 21 август 1923 – 23 мај 1944, село Саса, Македонска Каменица) истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна на Македонија. Како гимназијалка во 1941 г. станала член на младинската комунистичка организација СКОЈ. По Априлската војна во 1941 г. семејно заминале за Валево, Србија, каде што со сестрите станала борец во Јастребачкиот партизански одред и била примена за член на КПЈ во октомври 1941 г. По илегалната партиска дејност во Ниш во зимата 1942 г., продолжила како борец во Јастребачкиот партизански одред,…
Еден ден Господ викнал кај него еден каменичанец, беровец и делчевец за да им подели земја за работа, да не се мачат по чужди имот. А искал да им види и памето, на кој коку му носи… Дал прво еден кон на каменичанецо да заобоколи до каде иска да е негово. И тај јаанал коно заобоколил еден круг, тека од две падини и една корија, врнал се и рекол: доста е това, и за мене има, за деца и за внуци. После дал на беровецо еден кон…и тај заобоколил тека повеќе место, ама скоро целото со корија. Врнал се за…
Тројца жители на Истокот завршиле во болница како последница на сообраќајни незгоди, во три одделни случаи. 31-годишник од штипското село Чардаклија итно бил префрлен на скопските клиники, откако на крстосница во Скопје изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб. Двајцата негови сопатници од Скопје поминале со полесни повреди. Негов врсник од Пехчево пак, со моторцикл „Хонда“ удрил во бетонска жардињера на булеварот „Гоце Делчев“ исто така во Скопје. Со возило на итна медицинска помош бил префрлен во болница, каде му била укажана лекарска помош. Третата несреќа се случила во виничкото село Блатец, помеѓу трактор и…
Строгите диети можат да придонесат за многу здравствени проблеми. Ова е заклучокот од истражувањето спроведено од страна на група научници кои во текот на изминатиот викенд земаа учество на Годишниот состанок на Европската Асоцијација за ендокринологија. Нивните заклучоци посочуваат дека диетите можат да имаат големо влијание на хормонот инсулин кој го регулира шеќерот во крвта, и на тој начин да придонесе за зголемен ризик од дијабетес. Според Ана Бонаса, чиј тим спровел истражиување на универзитот Сао Паоло во Бразил истакнвуа дека ова е прва студија која покажува дека покрај губењето килограми, диететите имаат негативно влијание во оштетување на панкреасот и…
По 15 години пауза, утре ќе има дуел меѓу премиерот Заев и претседателот на опозицијата Мицкоски. Дуелот ќе се одржи на националниот сервис. Во времето на 11 годишното владеењето на Груевски, немаше ниту еден дуел со лидер на опозцијата. На сите повици од тогашната опозиција за јавно соочување, од ВМРО ДПМНЕ одговараа дека „партиите се соочуваат на избори“, со што избегнуваа ТВ дуели. Примерот на премиерот Груевски го следеа речиси сите партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ, но и градоначалници од партијата кои одбиваа да учествуваа и во предизборни соочувања. Груевски гостуваше само на одредени телевизи без учество на тогашната опозиција.…
Македонска Каменица 22.05.2018 година – По повод 24. Мај – патрониот празник на ООУ “Св.Кирил и Методиј”, до сите ученици, родители и граѓани на Македонска Каменица упатуваат покана за присуство во Домот на културата, каде можете да се проследат активностите подготвени од страна на нивните ученици. Во 16часот – Ликовна изложба во која ќе бидат изложени ликовни творби на учениците. Во 17часот – Свечена приредба која ќе биде исполнена со културно- уметничка програма.
