Author: Media Point
Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција. Нашите соговорници кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата…
СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018 СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА ГРЦИЈА ЛЕТО 2018 !!!! Изберете дестинација и термин! Ограничени капацитети! Сместување во студиo/апартман! Линк од редовните ценовници Цени по лице: Термини 27.05.2018 03.06.2018 10.06.2018 17.06.2018 Ноќевања 7 7 7 7 Сместување Стд / Апп Стд / Апп Стд / Апп Стд / Апп НЕИ ПОРИ //// 69 € 99 € 115 € КАЛИТЕА Оскар,Атлантик и Клеопатра 59 € 69 € 109 € 129 € ПОЛИХРОНО 59 € /// 109 € 129 € ГОЛДЕН БЕЈ – Пефкохори 59 € /// 109 € 129 € Термини 26.05.2018 02.06.2018 09.06.2018 16.06.2018 23.06.2018 Ноќевања 7…
Имате слободен ден, а немате одлучено како да го искористете? Решението е едноставно, искоритете некоја од следниве одлични понуди на Либеро Травел: ЕДНОДНЕВНИ ВИКЕНД ЕКСКУРЗИИ до Солун, Сандански или Паралија. Ова се само дел од понудените дестинации, понудата ќе биде проширена веќе од наредниот викенд. Цени за патувањата: Солун: 750 денари, Паралија: 750 денари и Сандански: 600 денари Организиран превоз за Солун и Паралија од: Виница, Кочани, Штип, Радовиш и Струмица Организиран превоз за Сандански од: Виница, Кочани и Штип 📞 Информации на телефон: 072 / 272 800 и 078 / 372 800
Со години луѓето слушаат дека парите треба да ги трошат на патувања, но сега постои и научен доказ кој го потврдува овој факт. Последните психолошки истражувања од Корнел Универзитетот во ЊУјорк потврдува дека клучот за среќата е во искуствата, а не во работите. Истражувањето спорведено две децении, предводено од Д-р Томас Гиловиќ, кој вели дека една од клучните разлики помеѓу нашата вредност на искуства и предмети е адаптацијата. „Купуваме работи за да не` направат среќни и успеваме во тоа. Но само на кратко. Новите работи се возбудливи за нас на почеток, но потоа ние се прилагодуваме на нив“, вели тој.…
Шетали се низ гората каменичанец, беровец и делчевец и таман седнали да одморат на сенка, те ти од тамо иде една кравабез стокар со неа… Ка гледали кравата како иде одоздоле и се клати, додека си седели, беровецо рекол: Са таа крава да беше Северина, шчо че и праех тука на ливадата, мале мила! Каменичанецо додал: Еххх…а кравата да беше Цеца бе, са да си ја докачех. Три дена нема да спадна од неа… А Делчевцо, потрајал малце и рекол: Ееее…са да не бехте вие со мене, да си бех тука сам со кравата…
Македонска Каменица, 27.05.2018 Кошаркарките на Баскет Кам го освоија третото место на завршниот турнир од возрасната категорија до 18 години откако на натпреварот за трето место ги совладаа врсничките од Шкупи со 61-47. Јуниорките од Македонска Каменица беа во резултатска позитива уште од почетокот на натпреварот, но кошаркарките од Скопје не се предадоа предвреме. До крајот на првиот период избраничките на Енвер Мифтари ја намалија негативата до девет поени, но во вториот дел не успеаја да ја анулираат во целост. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК додека натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.
По огромниот притисок од јавноста, пејачот Лабунски ќе ги врати парите на семејството на починатиот матураат од Кочани. Ова, го изјави самиот Лабунски во студио на национална телевизија: Јас им напишав порака дека тие пари ќе бидат вратени, само не сум во можност, стрпете се, ќе ви ги вратам, изјави Адам Лабунски На прашањето зошто тоа не го сторил во моментот откако дознал дека несреќниот матурант од Кочани почина на само неколку дена од матурската прослава, Лабунски со образложение: Мислам дека му споменав на таткото на матурантот, дека ќе се договориме околу тоа кога ќе се вратат. Не кажав дека…
Познатиот кршач на казина во струмичко заврши во притвор откако пред два дена уништил уште едно казино во градот. Овојпат штетата се осум слот апарати и една рулет машина во казиното на компанијата „Мастербет“. 49 годишниот маж ја користел веќе препознатливата техника. Откако играл во казиното, го внел копачот и почнал да мава по апаратите. За случајот е обвинето уште едно лице на возраст од 34 години за помагање при вршење на делото. Првиот инцидент во струмичките казина се случи пред два месеца кога приведениот со копач го демолираше казиното Сенатор во Струмица, а по неколку дена и казиното Адмирал.…
Мотел Мерак с.Луковица започнува со организирање на вечерни забави. Веќе од утре, вечерните забави во Мотел Мерак ќе бидат ваш постојан избор за прекрасни моменти поминати со најблиските во убава атмосфера, надополнети со вкусни специјалитети од богатото мени. Овој петок, со почеток од 20:30 часот, сезоната ќе ја отворат одличните „Модерато Бенд“. Резервирајте на време на 075 354 506
Македонска Каменица 24.05.2018 година – Кошаркарките кои оваа сезона (2017/2018) се надигруваат во возрасната категорија до 18 години претстојниот викенд ќе го одиграат завршниот турнир кој ќе го одлучи шампионот.Турнирот ќе го отворат екипите на Баскет Кам од Македонска Каменица и Струга, која е и домаќин – организатор на овој турнир, во рамки на првото полуфинале. Бадел 1862 ја брани титулата во оваа возрасна категорија, а негов противник во рамки на второто полуфинале се јуниорките на Енвер Мифтари во Дресот на Шкупи. Првиот натпревар ќе се одигра во 13часот и 30 минути, в сабота (26. мај) додека второто полуфинале ќе започне во…
