Author: Media Point

Не постои ниту еден начин да бидете совршена мајка, но постојат милион начини да бидете добра мајка. Доколку ги забележите овие ситуации, бидете сигурни дека сте добра мајка: 1. Детето се смее 90 отсто од времето. 2. Ги дели своите работи со други деца. 3. Му објаснувате на своето дете што е погрешно во неговото однесување и поради што треба да се промени. 4. Детето умее да рече „извини“ и „благодарам“. 5. Неговите потреби се пред вашите. 6. Кога му е тешко доаѓа кај вас да го советувате. 7. Ве вика кога има лош сон. 8. Секогаш во прегрнува кога…

ПОВЕЌЕ ...

Повелете на прекрасно попладневно музичко уживање со Moderato Band во најдобриот Мотел Ресторан “Мерак”, с. Луковица. Забавниот дел е со почеток од 12:00 часот, вторник, 1-ви Мај. Резервирајте на време на некој од следните броеви: +389 75 354 506 ; 075 354 505. Ве очекува уживање во пријатна атмосфера со разновидна музика и прекрасно приготвеното мени за сечиј вкус.

ПОВЕЌЕ ...

Два лица завршија во болница, по две сообраќајни несреќи. Првата, се случи на излезот од Штип на булеварот „Гоце Делчев“ при директен судир на мерцедес и голф. Со сериозни набеиници во пределот на градниот кош,возачот на голфот е пренесен во Штипската клиничка болница и задржан на понатамошно лекување. Таму , но со скршеници, завршила и девојка која со своето возило излетала од патот во близина на месноста Пилав Тепе.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 23. Април 2018 година – На државниот натпревар по географија кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на 20. Април 2018 година, учениците од СОУ “Миле Јаневски Џингар” под менторство на професорката Снежа Велкова ги постигнаа следните резултати: Второ место освоија: Валерија Стојановска, Ивана Дончевска и Нела Николовска. Трето место освои Теодора Стоиловска Честитики до учениците и менторот со желби за понатамошни големи успеси и претставување на нашето училиште.

ПОВЕЌЕ ...

Ноќеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар “Св. Климент Охридски” нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе. Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка. На Д.М. и В.П. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни…

ПОВЕЌЕ ...

Скопјанката Моника Ристеска, објави ново видео како пуши марихуана, но сега видеото е снимено во нејзиниот дом. Во него таа прашува: „Дома дозволено е?“. Девојката во четвртокот објави видео како пуши марихуана по скопските улици, а во петокот беше приведена во Градскиот парк во Скопје на информативен разговор. Таа се претставува голем поборник за легализација на марихуана и постојано објавува видеа и материјали за канабисот.

ПОВЕЌЕ ...

22 април 2018 – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната температура од 21 до 28 степени. Во Македонска Каменица ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 27 степени. Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива  земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15-ти мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април 2018 година. На веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Април 2018 година – Денес, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се оддржаа државните натпревари по Географија за учениците од основните училишта. На годинашниве натпревари под менторство на наставниците Мирјана Стојкова и Данка Стаменковска, учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица, постигнаа одлични резултати. Две први места, со освоени максимални 100 поени, од денешниот државен натпревар по Географија во школските витрини на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица, донесоа Дарио Атанасовски и Зорица Караѓозова. Останатите ученици добија пофалници и благодарница за учеството во државниот натпревар по географија.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево ги обновува веќе поставените легнати пречки за забавување на движењето во сообраќајот со цел да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на улиците во градот  Делчево. Досега се поставени 7 легнати пречки на локации на кои првично беа поставени пред 12 години, но поради низа надворешни влијанија беа оштетени. Легнатите пречки се лоцирани на улиците, каде има приоди кон општинските училишта, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“,  СОУ „М.М.Брицо“, како и улици каде биле евидентирани сообраќајни назгоди причинети од движење со брзина поголема од дозволената. Легнати пречки се поставени на улиците „Маршал Тито“, „М.М.Брицо“,…

ПОВЕЌЕ ...