Author: Media Point

Авичи, шведскиот диџеј, познат по хитовите „Wake me up!“, „Levels“ и „You make me“ почина на 28 годишна возраст. Неговиот издавач ја потврди веста. „Со длабока тага објавуваме за загубата на Тим Берглинг, исто така познат како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман, на 20 април. Неговото семејството е очајно, така што ги молиме сите да ја почитуваат потребата за приватност во ова тешко време. Нема да бидат дадени дополнителни изјави“. Авичи го објави неговото пензионирање од турнејата во 2016 година, наведувајќи го патувањето со пријателите како причина за промена на неговата перспектива. „Моите избори и кариерата никогаш…

ПОВЕЌЕ ...

Порталот Досие.мк објави дека попладнево во Градскиот парк била приведена девојката која вчера се појави на видео на социјалните мрежи во кое пуши џоинт во центарот на Скопје. Сведок на приведувањето била новинарката на Досие, Кристина Мачкиќ која од грб ги сликала полицијаците. По ова полицајците ја легитимирале и неа и иако немаат право да го бараат тоа од новинар, побарале да ги избрише сликите.

ПОВЕЌЕ ...

Автобус на бугарска туроператорска компанија кој превезувал 46 лица за Македонија, изгоре целосно синоќа на патот меѓу Ќустендил и граничниот премин Ѓуешево. Бугарските медиуми јавија дека нема настрадани, а сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Причина за пожарот неофицијално е краток спој по што се запалила електричната инсталација додека автобусот бил во движење. Бугарските медиуми пишуваат дека пожарот настанал во 18:30 часот, а сообраќајот бил во прекин

ПОВЕЌЕ ...

20. Април 2018 година – Во текот на вчерашниот ден околу  14:00 часот  во  непосредна близина на македонско- бугарската граница, геодетот В.З.(53) од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, додека извршувал работни задачи поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 20. Април 2018 година – Утре, со почеток од 16:00 часот ќе се одиграат натпреварите од 22. коло во Втората фудбалска лига – Исток. Екипата на ФК Каменица САСА гостува во Кочани, каде против ФК Осогово со победа ќе ги реши дилемите за опстанок во лигата. Во Кочани како и лани “Сејмените” прерано ја слават победата над “Багерите” од Македонска Каменица, но ФК Каменица САСА минатата година во слична “славеничка” атмосфера на домаќините, успеа да победи со 0:1 и да забележи “три бода”. САСА влегува комплетно подготвена во овој дерби меч, очекува тежок и тврд натпревар. Веруваат во победа,…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција. Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво на шалтерите на Фондот. Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на…

ПОВЕЌЕ ...

Пред неколку месеци беше објавено дека Венцислав Симоновски, поранешна легенда на Вардар, живее во мизерни услови за живот, па навивачите од Македонија на англискиот премиерлигаш Ливерпул се вклучија во акцијата да му помогнат. На собирот организиран од „РедСкаузер“ за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Манчестер сити, беа собрани средства и истите му беа предадени на Симоновски.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера (17.04.), околу 04,30 часот, од страна на полициски  патролен тим од ПС за  ГН Михајлово и ПС ОН Неготино, на регионалниот пат  Гевгелија-Скопје, во товарно моторно возило марка “Форд Транзит“ во близина на базата на “Актор“ пред тунелите кај Демир Капија откриени се 38 мигранти (35 од Пакистан и тројца од Индија). Имено, откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на м.в. “Арсови лаки“ и  дале знак за запирање, возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола поради сомневање се упатила по товарното возило и по…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Април 2018 година – ФК Каменица САСА од гостувањето против ФК Плачковица во Радовиш се врати со исклучително значаен бод за опстанок во Втората фудбалска лига. Иако натпреварот беше динамичен со многу шанси на двете страни, головите дојдоа во второто полувреме. Домаќините први успеаа да го отворат резултатот со убаво нафрлена топка во шеснаестерецот на Саса која беше сместена во голот по одличен удар со глава. Веќе во следниот напад дојде до израмнување на резултатот. По една добро одиграна акција со многу прецизни додавања, Дарко Пешовски успеа да постигне ефектен гол. По израмнувачкиот гол, Саса продолжи со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Април 2018 година – Само една година од постоењето на ЖФК Каменица САСА, Македонска Каменица веќе има неколку имиња на млади каменичанки кои се дел од младинските состави на женската фудбалска репрезентација на Македонија. Дајана Ристовска и Вероника Николова се родени во 2004 година. Двете се од Македонска Каменица, играчи во средниот ред и стандардни првотимци на ЖФК Каменица САСА. Тие веќе се дел и од У-15 проширениот состав на репрезентацијата. Во поширокот состав на У-17 репрезентацијата и учесник на тридневен Меѓународен турнир со репрезентацијата на Македонија во Босна е Ана Ристовска. Исто така млада каменичанка која…

ПОВЕЌЕ ...