Author: Media Point
Најмлаите од Македонска Каменица, дечињата од ЈОУДГ „Бамби“, денес се придружија кон одбележувањето на Денот на пожарникарите. По тој повод, тие денес ја посетија ТППЕ во Македонска Каменица каде страна на пожарникарите им беше оддржано предавање за начинот на кој настануваат пожарите и средствата со кои истите се спречуваат. Пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица добија и подарок од дечињата на „Бамби“, претходно изработена макета на Пожарникарско возило.
Штип, 21.08.2018 Штипски бизнисмен на 58 годишна возраст, Мице Р. си го одзел животот со бесење. -Вчера, во 13,45 часот, во полициската станица, е пријавено дека во месноста „Суитлак“ е најдено безживотно тело на 58 годишен маж. На телото на покојниот не се најдени траги на насилство поради што и немаше потреба од обдукција. По извршениот увид телото е предадено на семејството“, информира Гордан Панајотова, портпарол во СВР Штип. Мице Р. се бавел со бизнис со градежни материјали.
Вчера околу 16:10 часот на крстосница во село Блатец, виничко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Масеј Фергусон“ со штипски регистарски ознаки управуван од С.Н.(61) од село Блатец и мопед „АПН 6“ исто така со штипски регистарски ознаки управуван од С.Т.(46) од село Липец, виничко. Во незгодата С.Т. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.
Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина и оваа година ќе го прослави 19 мај – Денот на семејните и општи лекари. „Семејни-општи лекари – лидери на патот до подобро здравје“ е годинашното мото со кое македонските лекари заедно со колегите од целиот свет, а по препорака на Светската организација на докторите по семејна и општа медицина (WONCA) ќе го одбележат Светскиот ден на семејниот-општиот доктор. Матичните лекари по овој повод ќе организираат активности во својата амбуланта или средина во која работат за промоција на здравје и здрави навики, превенција – идентификација на ризик, имунизација, скрининг, едукација и…
Македонска Каменица 19.05.2018 година – Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица согласно Законот за работа воведе неколку новини во своето работење, со цел зачувување на здравјето и зголемување на грижата врз децата, со што строго се забрануваат неколку досегашни пракси и начини од работењето на установата. Текстот со известувањето од устанувата ви го пренесуваме во целост: ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица ги известува родителите на децата кои ја посетуваат установата дека согласно Законот за работа, воведува неколку нови правила и новини во своето работење, се со цел подобрување на условите во кои децата секојдневно престојуваат: Најстрого се забранува носење на…
Македонска Каменица 19.05.2018 година – Денес со почеток од 16:30 часот, ФК Каменица САСА ќе одигра натпревар против екипата на ФК Борец од Велес, како дел од последното 27. Коло на Втората македонска фубалска лига, Сезона 2017/18. Натпреварот е без особена резултатска важност за каменичани, бидејќи тие уште пред две кола успеаа да го обезбедат својот опстанок во лигата, односно стануваат на седмата позиција, без разлика на исходот од денешниот натпревар. За гостите пак, победата на денешниот натпревар значи обезбеден бараж-натпревар за влез во Првата македонска лига, доколку Брегалница се врати поразена од Струмица од натпреварот против лидерот на табелата и…
Македонска Каменица 19.05.2018 година ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица ги известува родителите дека врши упис на деца за учебната 2018/19 година во „ГОДИНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ НА УЧИЛИШТЕ“ за деца родени во 2013 година. Уписот ќе се врши со Извод од матична книга на родени за детето и Потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето во просториите на Градинката во периодот од 08:00 часот до 15:00 часот секој работен ден од 14. Мај до 30. Јуни 2018 година. Исто така ги информираме родителите дека вршиме упис на деца во целодневен престој од 7 месеци до 6 годишна возраст. Согласно…
Македонска Каменица, 19.05.2018 година (Деца.Мк) Малата Елвира – бисер на Македонска Каменица и талент со голема иднина пред себе https://www.youtube.com/watch?v=lcflBWToo44&feature=youtu.be Елвира од Македонска Каменица тренира на паркет наместо на тепих за ритмичка гимнастика. И жнее златни медали Деца.мк: Од општина Македонска Каменица најавуваат дека ќе сторат сè што можат и веќе работат на обезбедување услови за тренирање на петтоодделенката родена во Москва, со што ќе се успее во искрената намера таа да продолжи да живее и тренира во Македонска Каменица, родниот град на нејзиниот татко. Кога Елвира изведува точка од ритмичка гимнастика на некоја приредба или настан што го организираме…
Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна. Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година. По се изгледа дека К-15 оваа година нема да има за вработените во јавниот сектор бидејќи и покрај напорите на гранскиот синдикат во рамките на ССМ…
Кај нешто повеќе од половина сексуално активни жени може да се покаже присутност на ХПВ во брисот од грлото на матката. Веројатноста за пренесување со само еден полов контакт е околу 25%. Најчесто е присутен ХПВ тип 16, потоа 31, 6, 11, па следуваат 33, 18 и 52. Во продолжение прочитајте ги најважните информации за ХПВ што сите сексуални активни луѓе мора да ги знаат. 1. Кој е во опасност од ХПВ? Најголем ризик за инфекција од ХПВ имаат младите кои многу рано стапуваат во сексуални односи (пред 16-та година), заради незрелоста во локалниот одбранбен систем и личностите кои често…
