Author: Media Point
Македонска Каменица, 13. Мај 2018 година – Учениците од СОУ “Миле Јаневски – Џингар” од Македонска Каменица, забележаа значаен успех на завршниот турнир во кошарка (женски). Во рамки на државното првенство од училишен спорт (гимназијада), кој се оддржа викендов во Тетово, тие го освоија високото трето место. Во разигрувањата по групи завршија на второто место во силната Б-група, при што во полуфиналето вкрастија со првопласираната екипа од А-група, односно екипата на СОУ “Наум Наумовски – Борче” од Пробиштип. Натпревар кој беше решен по две продолженија со 48:45, во корист на девојките од Пробиштип. Вистинска драма на теренот во текот на целиот…
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната температура од 20 до 28 степени. УВ=7 Во Каменица ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од сверен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. Утре ќе има поретка појава на пороен дожд со грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе…
Се што треба да направите е да го изгледате внимателно следново видео: https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=xRiekfOvXgk
Скопје не е само политичкиот туку и економскиот центар на Македонија. Најголем дел од активностите се концентрирани во главниот град каде се плаќаат и највисоките плати но се постигнува и најголемата продуктивност. И покрај постојаните најави, ветувања, мерки и стратегии разликите меѓу регионите никако да се намалат. Најбогато во Скопје, најсиромашно во Кратово и Крива Паланка Жителите на главниот град се единствените кои имаат просечни плати над државниот просек. Така во Скопскиот регион просечната нето плата во 2016-та била 26.243 денари, во Полошкиот 21.484, во Пелагонискиот 20.600, во Југозападниот 20.044, во Вардарскиот 17.699, во Југоисточниот 17.506, во Североисточниот 16.952 и…
Осумнаесетгодишно момче почина во својот дом во Кочани. Според МВР, кога В.С. бил донесен во Здравствениот дом во Кочани не давал знаци на живот и веќе бил починат. Родителите го донеле момчето во болница околу 19 часот и побарале лекарска помош, но веќе било доцна бидејќи момчето било починато. По наредба на јавен обвинител врз телото на момчето ќе се врши обдукција за да се утврди што ја предизвикало смртта. Издадена е наредба за да се изврши увид во домот каде е починато момчето.
Во Кочани на улица ,,Димитар Влахов” вчера утрото околу 10.30 часот В.С.(43) од село Тркање управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф 3“ со кочански регистарски ознаки удрил во пешак Н.А. (84) од село Горни Подлог. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А. кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
Македонска Каменица, 11 Мај. 2018 година – Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и Рудникот за Олово и цинк Саса потпишаа спогодба согласувајќи се на понудата за зголемување на платата која што компанијата ја достави до синдикатот на 26ти април. „Многу ни е мило што успеавме да постигнеме пријателски договор со МЕСО, кој што претставува фер понуда за нашите вработени. Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, Централ Азија Металс, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со наградувањето и исплатата на вработените, кои што беа наследени од претходните сопственици…
Филмска акција се одвивала во Хрватска откако на еден портал е објавен оглас дека таткото го продава своето петгодишно дете за 270 евра. Со огласот била објавена и фотографија од детето. Во домот на таткото во едно подравско село упаднале припадници на полицијата и тим од Центарот за социјални работи, пренесуваат хрватските медиуми. Полицијата за огласот ја известиле администраторите на огласникот, по што следувала акцијата. Од Центарот за социјална работа информирале дека е покрената судска постапка против таткото. Тој бил приведен, а детето било сместено во друго семејство. Таткото добил кривична пријава за трговија со луѓе и повреда на правата…
Зајако и Мечката били стари пријатели. Еден ден, станало им досадно и решили да се позаебаваа малце, да им мине време: – Ајде да си играме на хеликоптер бе? – Ајде ма, ка се игра? Мечката грабнала Зајако за ушите, навил ги како мокра крпа за истискување и го фрлил нагоре. Од вртењето, ушите му се разпласкали у воздухо…болат и свират, ка паднал доле, ама истрпел. Играли си тека таа игра два-три саата и на Зајако му скиснало. Не издржал веќе, оти се Мечката фрлала и рекол и: – Са е на мене ред! – Добро! – рекла Мечката. –…
Македонска Каменица 10. Мај 2018 година – Како дел од разигрувањата и борбата за пласман во Ф4 од младинската кошаркарска лига во М-18 категорија, вчера во спортската сала во Македонска Каменица, екипата на ЖКК Баскет Кам ја победи фаворизираната екипа на скопски ЖКК Вардар со 54:41. Во текот на натпреварот девојките од Каменица целосно ја имаа контролата над играта и резултатот. Најуспешни поединки на теренот од каменичките девојки и овој пат беше Бојана Попова со 24 поени, а Елена Ангеловска и Моника Зафировска постигнаа по 12 поени. По завршувањето на овој натпревар екипата на ЖКК Баскет Кам е дел од Ф4…
