Овие два зачани имаат лековита моќ, а еве како да наравите напиток кој спречува болести во црниот дроб и бубрезите.
Исчистете го организмот од токсини и спречете опасни болести на црниот дроб, како и создавање на камен во бубрегот со домашен лек кој е најбаран на Интернет.
Ставете шолја вода да зоврие, а потоа додадете лажица куркума и лажица ѓумбир во прав. Измешајте го напитокот, па додадете шолја млеко.
Напитокот процедете го засладете го со мед. Ѓумбирот и куркумата се познати како намирници кои најбрзо исфрлаат токсини од телото, а нивната комбинација со мед и млеко ќе ги заштити органите.
Камен во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира мочта пред да оди во мочниот канал,цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во мочта-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристализираат и тие кристали се таложат. Ситниот камен може да излезе од телото заедно со мочта, често речиси незабележливо. Напротив поголемиот камен го надразнува и го притиска мочниот канал кога се движи до мочниот меур, предизвикувајќи исклучително силни болки и спречувајќи го протокот на мочта.
Понекогаш каменот може да биде голем како топче за голф и останува сместен во бубрегот, доведувајќи до уште потешко нарушување. Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Луѓето кои живеат во потопли климатски услови се поклони кон создавање камен во бубрезите поради почестата дехидратација, со која се концентрираат минералите во мочта. Ако некогаш сте заболеле од камен во бубрезите постои веројатност постои веројатност повторно да заболете. Затоа е важно толку што е можно поточно да одредите што ја предизвикало појавата на каменот за да преземете мерки за спречување на повторното заболување.




