Author: Media Point

Подлогата која се нанесува пред ставање пудра, го изедначува тенот и ги прикрива неправилностите. Таа може да биде течна, кремаста или тврда, и се користи за шминката да трае подолго. Разликата меѓу обичната крема за лице и подлогата за пудра, е огромна. Подлогата, меѓу другото, ги прикрива недостатоците на кожата, и за разлика од кремите кои ја хидрираат кожата, тоа ги затвора порите. Поради тоа, подлогата не треба да се употребува секојдневно. Можете и да ја нанесете врз кремата, па дури и без пудра, доколку самата подлога не содржи хидратантно дејство. Доколку пак, користите светли подлоги, кои се посебно популарни летен период,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 25. Април 2018 (Каменица.Мк) – Вчера, во спортската сала во Македонска Каменица се оддржаа натпреварите од третиот турнир од Државната училишна лига во кошарка – женски. Во ова натпреварување, апсолутен победник е екипата на СОУ “Миле Јаневски  Џингар” од Македонска Каменица, без ниеден пораз од досегашниот тек од лигата, со освоени максимални 12 бодови. На вчерашниот, трет турнир беа постигнати следниве резултати: СОУ “Никола Карев“ Скопје 17 – 35 СОУ “Миле Јаневски-Џингар“ Мак. Каменица СОУ “Коста Сусинов“ Радовиш 37 : 17 СОУ “Васил Антевски-Дрен“ Скопје СОУ “Васил Антевски-Дрен“ Скопје 10 : 29 СОУ “Никола Карев“ Скопје СОУ “Миле Јаневски-Џингар“…

ПОВЕЌЕ ...

ОМРАЗАТА КОН НОВИНАРИТЕ Е ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА Организацијата „Репортери без граници“ предупредува дека кршењето на слободата на печатот повеќе не е прерогатив само на авторитарните режими и диктатури. Оваа организација со седиште во Париз во својот Светски извештај за слободата на печатот од 2017 година, објавен денеска, додава дека таа проценка ги вклучува САД и неколку земји-членки на Европската унија. „Непријателството кон медиумите од страна на политичките лидери повеќе не е ограничено на авторитарните земји како што се Турција и Египет каде што „медиумската фобија“ сега е толку изразена што новинарите рутински се обвинети за тероризам и сите оние…

ПОВЕЌЕ ...

Брачен пар од Штип пријавил дека нивната 17-годишна ќерка исчезнала од дома. Како што пријавиле родителите во полиција, околу 03.20 часот забележале дека нивната малолетна ќерка не е во собата во која претходно спиела. Од МВР информираат дека превземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 25 април 2018 – Научен собир посветен на 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта ќе се одржи денеска во Институтот за македонска литература-Скопје. На собирот ќе се обратат директорката на Институтот за македонска литература – Скопје, д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, професори од Филолошкиот и Филозофскиот факултет од Скопје и од Институтот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25. Април 2018 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Јавното комунално претпријатие од вчера започна со акција за преобележување на хоризонталната патна сигнализација на улиците од централното градско подрачје во општина Македонска Каменица. Акцијата е во насока на подигање на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите , учениците и тн.

ПОВЕЌЕ ...

Не постои ниту еден начин да бидете совршена мајка, но постојат милион начини да бидете добра мајка. Доколку ги забележите овие ситуации, бидете сигурни дека сте добра мајка: 1. Детето се смее 90 отсто од времето. 2. Ги дели своите работи со други деца. 3. Му објаснувате на своето дете што е погрешно во неговото однесување и поради што треба да се промени. 4. Детето умее да рече „извини“ и „благодарам“. 5. Неговите потреби се пред вашите. 6. Кога му е тешко доаѓа кај вас да го советувате. 7. Ве вика кога има лош сон. 8. Секогаш во прегрнува кога…

ПОВЕЌЕ ...

Повелете на прекрасно попладневно музичко уживање со Moderato Band во најдобриот Мотел Ресторан “Мерак”, с. Луковица. Забавниот дел е со почеток од 12:00 часот, вторник, 1-ви Мај. Резервирајте на време на некој од следните броеви: +389 75 354 506 ; 075 354 505. Ве очекува уживање во пријатна атмосфера со разновидна музика и прекрасно приготвеното мени за сечиј вкус.

ПОВЕЌЕ ...

Два лица завршија во болница, по две сообраќајни несреќи. Првата, се случи на излезот од Штип на булеварот „Гоце Делчев“ при директен судир на мерцедес и голф. Со сериозни набеиници во пределот на градниот кош,возачот на голфот е пренесен во Штипската клиничка болница и задржан на понатамошно лекување. Таму , но со скршеници, завршила и девојка која со своето возило излетала од патот во близина на месноста Пилав Тепе.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 23. Април 2018 година – На државниот натпревар по географија кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на 20. Април 2018 година, учениците од СОУ “Миле Јаневски Џингар” под менторство на професорката Снежа Велкова ги постигнаа следните резултати: Второ место освоија: Валерија Стојановска, Ивана Дончевска и Нела Николовска. Трето место освои Теодора Стоиловска Честитики до учениците и менторот со желби за понатамошни големи успеси и претставување на нашето училиште.

ПОВЕЌЕ ...