Македонска Каменица 23.05.2018 година – Утре, 24. Мај 2018 година, ќе се оддржи традиционалната регионална средба „Царев Врв“. Тргнувањето е од 10.00 часот од Градескиот плоштад во Македонска Каменица, со прва попатна пауза на планинската чешма и Летниковецот -Китка. Учесниците на настанот ќе добат сендвич, флаширана вода 0,5л и маица со логото на Царев Врв од организаторот Еколошкото друштво „Здравец 2002“.
Од “Здравец 2002” замолуваат сите учесници примерно да се однесуваат со своите возила на Манастирскиот комплекс „Еленец“ и да се внимава на неговото хортикултурно уредување.
