Author: Media Point
Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура од 13 до 27 степени. Во Македонска Каменица ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 24 степени. Во среда ќе биде стабилно и суво. Во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со…
Во 71 година од животот почина легендата на Формула 1, Ники Лауда. -Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделник во кругот на фамилијата. Неговото остварување како сопртист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува“ – соопштило семејството на Лауда. Инаку, Ники Лауда кој е роден на 22 февруари, 1949 година во Виена, заврши во болница поради наводни компликации со бубрезите, а се уште не е позната точната причина за смртта. Тој во Формула 1 беше активен од 1971 до 1979, па од…
Македонска Каменица, 20. Мај 2019 година – По повод Денот на пожаниркарите, припадниците на ТППЕ Македонска Каменица во дворот од каменичката детска градинка „Бамби“ изведоа показно-тактичка вежба за интервенирање при извршување на операции во случај на пожар и симулирано извекување на повредени лица при непогоди и несреќи од ваков вид. Акцијата пред вработените во установата и дечињата при „Бамби“ беше изведена со две противпожарни возила, од страна на шест професионални пожарникари, во присуство на екипа за Итна помош од Здравствениот дом во Македонска Каменица и припадници на полицијата. Командирот на ТППЕ Македонска Каменица Малин Трајчевски даде известување за текот и…
Тамара со Proud, ја стресе Европа. Изведбата на баладата од страна на македонската претставничка предивика воодушевување кај публиката во Тел Авив, како и кај европската и светската јавност. Веднаш по настапот на Тодевска Евровизија на социјалните мрежи напиша – Супергорди сме со Тамара по оваа изведба! На синоќешната финална вечер, Македонија беше фаворит и на познатиот пејач Бој Џорџ кој тоа го сподели и на твитер – Засега, фаворит ми е Македонија. Македонската песна беше главна тема и за Би Би Си..Додека вие зборувате за географија, ние уживаме во ова..Луѓето бараат летови за Скопје во мај 2020, пишува на твитот…
„Го – Пласт Караман“ вработува! Бараме работници за работа на терен и во произвотствен погон, со или без работно искуство. За повеке информации јавете се на бројот 078 434 988. „Го – Пласт Караман“ е една од водечките компании во обаста на производство и монтажа на ПВЦ и АЛУМИНИУМСКА столарија во источниот регион од државата! Компанија која над 20 години им нуди квалитет на своите клиенти со своите квалитетни производи, обезбедена финансиска сигурност и изградени коректни односи со своите вработени.
Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, за кој се обезбедени 5 милиони денари и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2019 година, за кој обезбедивме 25 милиони денари, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни годинава, ќе им биде обезбеден поврат…
Во спортската сала на ООУ “Даме Груев“ во с.Куклиш Струмица, на 15. Мај се одржа третиот и завршен турнир на Државната лига во ФУТСАЛ за Основни училишта во ЖЕНСКА конкуренција. На завршните натпревари на Државната лига, беа постигнати следните резултати: Кочо Рацин-Битола 1 : 8 Св.Кирил и Методиј-Мак.Каменица Климент Охридски-Скопје 0 : 3 Прпарими-с.Речица Тетово Видое Подгорец-Колешино 2 : 0 Св.Кирил и Методиј-Мак.Каменица Ристо Крле-Илинден Скопје 3 : 0 Климент Охридски-Скопје Прпарими-Речица Тетово 1 : 4 Кочо Рацин-Битола По овие завршни натпревари и трет турнир, победник и шампион на Државната лига во Футсал за основни училишта – женски, стана екипата на…
Таа беше муслиманка, а тој православен Србин. Сараевските Ромео и Јулија имаа само 25 години и бескрајно се сакаа, а во смрт заминаа заедно и прегрнати Опсадата на Сараево, една од најдолгите во модерната историја, окончана е точно пред повеќе од две децении. За време на неа загинаа и Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, познати како сараевските Ромео и Јулија, а ниту една страна не ја презеде одговорноста за нивното убиство. Тие биле заедно девет години, уште од средношколските денови. Се подготвувале за својата венчавка. Нас само куршум може да не раздели, говореше Адмира, а нејзиниот Бошко не сакаше да…
Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава. Најалармантна е состојбата во помалите градови. Младите доктори не сакаат да работат како матични ниту да специјализираат семејна медицина. – Од 2010 година кога е формирана катедрата имаме 330 специјализации по семејна медицина, а 80 лекари поминале доедукација и специјализација, а тоа е малку бидејќи во земјава има околу 1500 матични лекари, изјави проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на катедрата за семејна медицина. За да се мотивираат младите да работат во примарното здравство од иднита академска државата специјализациите по семејна медицина ќе бидат на државна сметка, а за возврат ќе треба неколку години…
На 11.Мај 2019 година во Скопје се одржа Државниот натпревар по биологија и природни науки за учениците од основните училишта во Република Северна Македонија. Ања Спасевска ученичка во VII одделение, под менторство на наставникот Љупка Ристовски освои III награда по предметот Биологија. Додека, учениците Лука Стаменковски во VI одделение и Софија Ситновска во V одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, под менторство на наставникот Виолета Накова освоија II награда по предметот Природни науки. Сите ученици кои патуваа на Државниот натпревар по Биологија и Природни науки се вратија со совоена награда. Честитки до сите нив и до…
