Author: Media Point

Македонска Каменица 11. 07.2019 година – Општина Македонска Каменица соопшти дека денес беше реализирана акција за заловување на кучињата скитници во централното градско подрачје. Заловени се 9 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучен договор за услуги треба да ја спроведува законската постапка за нивно соодветно третирање. Од општината најавуваат дека ќе има уште неколку акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во општина Македонска Каменица. Кучињата денес беа заловувани на неколку локации во градот и во неколку населени места.

ПОВЕЌЕ ...

Селекција на кандидатите за полициски службеници Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец. На огласот за прием на 600 извршители на работното место – полицаец, согласно пропишаните нормативни критериуми и направените административни проверки по однос на бараната документација, се пријавија вкупно  2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени. Сите тие, практично од завчера, во рок од осум дена ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните…

ПОВЕЌЕ ...

Огромните успеси на КК Баскет Кам во изминатата сезона беа повод градоначалничката Стаменкова да приреди прием во својот кабинет за дел од најуспешните кошаркари и преставници на клубот Македонска Каменица, 10.07 2019 година -Огромните успеси на КК Баскет Кам во изминатата сезона беа повод градоначалничката Стаменкова да приреди прием во својот кабинет за дел од најуспешните кошаркари и преставници на клубот. При посетата, Стаменкова изрази големо задоволство за освоените бронзени медали во младинските М18 женска и М12 машка конкуренција кои се одлично достигнување во спортот за локалната самоуправа и несомнено беа причина за радост за сите љубители на спортот во…

ПОВЕЌЕ ...

Зоки Шумадинац со својата песна „Аутотјун“ ја насмеа публиката од целиот Балкан. Не навлегуваме дали човекот е само шоумен или нешто друго е во прашање. Замислете негова женска верзија! Тоа е Цара Мими. Погледнете го нивниот заеднички настап. Ако успеете да го гледате до крај, ви честитаме!

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08. Јули 2019 година – Потсетување до граѓаните и пчеларите од Македонска Каменица, дека во среда на 10 јули 2019 г. во периодот меѓу 04:00 и08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против комарци. Претходно, во вторник 09. Јули 2019 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за…

ПОВЕЌЕ ...

Синоќа во 21.20 часот на крстосница од улиците „М.Тито“ и „Т.Арсов“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Кордоба“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(41) од Виница и мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(18) од с.Истибања, виничко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен Јавнатa здравствена установа Виница. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

ПОВЕЌЕ ...

Требаше да направи трансфер во Франција за да нашата поширока јавност го запознае Влатко Стојановски. Младиот напаѓач кој минатата сезона беше најдобриот стрелец во ПМФЛ и секако еден од тројцата најдобри фудбалери. Ним плати за него 1.5 милиони евра, трансферот е голем за наши услови и со тоа се запалија „алармите“ и кај селекторот Игор Ангеловски. Тој не крие дека за септемврискиот циклус и тоа како ќе смета на нашата нова фудбалска ѕвезда, напаѓачот од кого очекуваме многу голови за нашата репрезентација. Македонија на 5 септември и гостува на Израел а четири дена подоцна и на Летонија. Со Влатко Стојановски,…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 35, Македонска Каменица 30, Крива Паланка 28, Берово 29, Дојран 27 степени. Прогнозата за утре е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локална појава на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04. Јули 2019 година – Денес, во доцните попладневни и вечерни часови, Македонска Каменица беше зафатена од интензивни врнежи од породен дожд, град и силни електрични атмосферски празнења. Екипите на ЈП Камена Река, веднаш излегоа на терен, реагираа на повеќе места и констатирани се поголеми количини на наносен материјал. Кон чистење на критичните места се пристапи веднаш, екипите остануваат на терен да ја следат состојбата и во вечерните часови. Чистењето и санацијата на настанатите штети, според најавите од претпријатието,  ќе започнат рано наутро, уште во раните утрински часови. Ситуацијата е под контрола, не се констатирани…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04. Јули 2019 година – Во врска со настанатиот одрон на патот Македонска Каменица – Кочани од Македонија Пат најавуваат целсна санација на клизиштето и обезбедување на сигурност и безбедност во сообраќајот на овој патен правец. Моментално, преку скенирање на критичниот дел се вршат темелни испитувања и мерења на клизиштето, во текот на наредните денови ќе се пристапи кон обезбедување на просторот и целосна санација на критичната точка. Станува збор за поголемо клизиште. Потребна е детална анализа на просторот и утврдување на постапката за целосно расчистување на овој постојано критичен дел од патниот правец.  Со ваквиот пристап кон…

ПОВЕЌЕ ...