Author: Media Point

Македонска Каменица, 17.Мај 2019 година – Во изминатиов период ЈП Камена Река спроведе неколку акции во рамки на повеќедневната екоакција за „Пролетно чистење на градот“. Во рамки на оваа акција, вработените во ЈП Камена Река започнаа со активности за цветно разубавување на градското подрачје. Со нови  цветни аранжмани на јавните површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица ќе бидат засадени повеќе илјади цвеќиња. Секторот за паркови и зеленило во рамки на годишната програма за работа на претпријатието веќе има произведено 10.000 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл. Акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица,17.05.2019 година – За сите љубители на автомото спортот, еколошкото друштво „Здравец“ од Македонска Каменица организира „Спорт Рели“ до Царев Врв на 2085 метри на Осоговските планини. Комплетна агенда од настанот за кој организаторот и годинава очекува огромен интерес од љубителите на авто-мото спортот во Северна Македонија и од поширокиот регион.

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери од Македонска Каменица ќе учествува на 17 издание на регионалните пензионерски “Музички ревии на оро и песна” кои ќе се одржат во Виница. Покрај пензионерите од Македонска Каменица, учество на годинешнава ревијата ќе земат и пензионерите од Берово, Пехчево, Кочани и Виница. Фолклорниот состав од нашиот град ќе настапи со неколку интерпретации на песни од фолклорот во нашиот крај и изведба на повеќе ора карактеристични за каменичкиот крај. Душко Богатиновски ќе ја изведе изворната “Кога си Ленче болно легнало”, Трио жени ќе настапат со “Лешо пиле”, а играорната пензионерска група ќе ги изведе ората “Бате Геро”, “Ситното”,…

ПОВЕЌЕ ...

Тамара Тодевска ќе пее во финалето на изборот на песна Евровизија, што годинава се одржува во Тел Авив, Израел. Македонската претставничка со песната „Горда“ (Proud) вечерва беше избрана меѓу десетмината најдобри во втората полуфинална вечер. Финалето ќе се одржи в сабота. Последен пат имавме претставник во финалето на Евровизија пред седум години, кога настапи Калиопи со песната „Црно и бело“. Покрај Тодевска, во финалето вечерва се пласираа уште претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. На првото полуфинале, одржано во вторникот, за финале се изборија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и…

ПОВЕЌЕ ...

Матурантите при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица, како што денес беше објавено на фејсбук страната на училиштето, ја известуваат јавноста за измените при начинот на кој ќе виде организирана нивната матурска прослава. Односно, ги известуваат граѓаните на Македонска Каменица дека оваа година нема да се одржи матурско дефиле, кое традиционално се одвиваше пред самото училиште и долж главната улица. Матурантите оваа година, очигледно следејќи ги модерните трендови за прослава на овој за нив значаен ден, се одлучиле да ја прослават својата матура на еден посовремен и помодерен начин.

ПОВЕЌЕ ...

Голем одрон го попречува движењето на возилата на патниот правец Македонска Каменица -Делчево во близина на село Драмче. Возачи јавуваат дека точната локација на одронот е во близина на селската продавница во село Драмче. -Состојбата налага сите кои патуваат на овој патен правец да внимаваат особено во близина на продавницата во село Драмче. На местото е поставена сообраќајна сигнализација за забавување на движењето на возилата, но бидејки местото се наоѓа на кривина препорачливо е кога се приближувате до ова место да ја намалите брзината, соопштија возачи. Додаваат дека поситни одрони на повеќе места се забележливи и долж патниот правец од…

ПОВЕЌЕ ...

Екипа на националната телевизија Телма посетата на Македонска Каменица ја искористи да сними одличен прилог со младата Елвира Јангеловска, 12 годишна гимнастичарка од нашиот град Погледнете го видео прилогот за нашата млада сограѓанка, гимнастичарката Елвира Јангеловска. Има само 12 години, се занимава со гимнастика од најрано детство. Освоените 50 медали, се причина повеќе, ваков бисер и талент да биде побаран да продолжи да настапува за Русија, каде таа и ги бележи своите почетоци во овој спорт. may 12, 2019  вести

ПОВЕЌЕ ...

Делчевецот Кристијан Васев освои прво место на 6. Меѓународен пијано натпревар кој се одржа во Смедерево, Србија. Кристијан Васев е ученик во Средното музичкото училиште во Штип и е еден од најдобрите во својата генерација што се потврди со освоената награда во Смедерево. Честитки до нашиот сограѓанин на кој му посакуваме уште многу успеси.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, 12.05.2019 година, со почеток во 13:00 часот во Кабинетот на градоначалникот на општина Македонска Каменица, на иницијатива на градоначалникот на општината Соња Стаменкова, беше одржан состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. На состанокот, покрај градоначалничката Стаменкова присуствуваа и претставници од Центарот за управување со кризи, ТППЕ – Македонска Каменица, Министерството за внатрешни работи и ЈП Камена Река од Македонска Каменица. На состанокот беа дискутирани превентивните мерки и активности во врска со очекуваните обилни врнежи од дожд и евентуално невреме во периодот од 12.05.2019 година до 17.05.2019 година. При тоа беше ставен акцент на мерките и активностите за…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во рамки на 22. Коло од Првата Женска Фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица Саса се сретна со екипата ЖФК Топ Гол од Битола. Во директната пресметка за 6-та позиција на табелата каменичките девојки успеаа да слават со 0:1. Сега разликата е 4 бода помеѓу овие два тима. Наредното коло ЖФК Каменица Саса го игра на домашен терен, токму против петтопласираната екипа ЖФК Прилеп од Прилеп. Со евентуална победа, ЖФК Каменица Саса ќе се искачи на 5. место на табелата што е огромен успех за каменичкиот женски фудбал. Стрелец на голот за каменичанки против ЖФК Топ Гол…

ПОВЕЌЕ ...