Author: Media Point

Македонска Каменица, 28.06.2019 година – 18 годишниот каменичанец Дамјан Стоименовски ученик во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје, полека влегува во музичките води со преработка на познати нумери од балкански изведувачи. Покрај посветеноста на одличниот успех во училиштето, веќе неколку години пеењето претставува негова секојдневна преокупација. Големата желба за успех ја потврдува со учеството на повеќе државни и балкански продукциски натпреварувања, каде има освоено едно прво и едно второ место. Дамјан Стоименовски, најавува дека наскоро ќе следуваат неколку нови проекти. Дел ќе бидат преработки на македонските хит песни, а во скора иднина можеме да ја очекуваме и неговата…

ПОВЕЌЕ ...

КАФЕТО ВЛИЈАЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СЛАБЕЕЊЕ Според истражувањето, конзумацијата на кафе може да влијае на процесот на губење на телесна тежина. Научниците од Универзитетот во Нотингем направиле истражување за кафето, а според резултатите кои ги добиле кафето може да помогне во стимулирањето на кафените масни резерви, познати како кафено масно ткиво. Тие играат клучна улога во брзината на согорувањето на калориите. Постојат 2 вида на масни клетки, кафени и бели. Тие имаат различни улоги во нашиот метаболизам. Кафените масни клетки согоруваат калории за да произведат топлина, додека белите складираат калории. „Кафените масни клетки делуваат на поинаков начин од останатите масни…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28. Јуни 2019 година – Руен по триесети пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната Меѓународна средба „Балканот без граници“. Оваа средба, во организација на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, „Руен“ од Крива Паланка и туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил ќе се одржи по триесети пат. Ние, како Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица веќе 12 години по ред сме дел од настанот,- изјави Миран Митревски од ЕД „Здравец 2002“. Врвот Руен како највисок врв во Источна Македонија, дел од Осоговските Планини со своите 2252 метри, во недела на…

ПОВЕЌЕ ...

Рокот за пријавување е 30 септември 2019 година, а финансиските средства ќе се делат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“. Министерството за економија објави јавен повик за доделување субвенции за туристички цели на селски домаќинства. Финансиската поддршка е во износ од 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари и истата ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селски домаќинства. Субвенциите ќе се доделуваат за изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги. Критериумите кои треба да ги исполнат домаќинствата се:…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27. 06. 2019 година – Од ЈП Камена Река – Македонска Каменица известуваат дека, денес започна употребата на машината „мулчер“, набавена за уредување на помалку пристапните зелени површини во градските и селските средини. По извршениот тест период и користење во градските средини, денес мулчерот започнавме да го користиме за чистење на вегетацијата околу локалните селски патишта во општина Македонска Каменица. Денес, чистевме околупатна обрасната вегетација во село Косевица, а со истите активности продолжуваме и во наредниот период со чистење на останатите локалните асфалтни патишта од селските средини, изјавуваат од ЈП Камена Река – Македонска Каменица. Со ова, општина…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри, кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност да се пријават до 30 јуни, со доставување писмо за интерес до Министерството за здравство. Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит. Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита…

ПОВЕЌЕ ...

За жителите на северната земјина полутопка летото започнува денеска. Колкаво значење има ова годишно време за некои, покажа собирот во Велика Британија, поточно на локалитетот Стоунхенџ, каде што илјадници луѓе го дочекаа изгрејсонцето на првиот летен ден. Летото ќе трае до 23 септември. Првиот летен ден ќе биде најдолг во годината, а ноќта најкратка. Денот денес ќе трае 15 часа и 36 минути, а ноќта 8 часа и 24 минути. Првиот летен ден во Македонија нѝ донесе сончево време и температури до 37-от степен.

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Македонска Каменица ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25. Јуни 2019 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека се пристигнати Решенијата за изградба на локален пат во село Косевица и изработка на урбанистички план за селата Луковица, Моштица и село Саса. Средствата во висина од 18.000.000,00 денари општина Македонска Каменица ги обезбеди преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Преку оваа програма општина Македонска Каменица ќе искористи финансиски средства во износ од 12.000.000,00 денари за изградба на локални асфалтни патишта во село Косевица, и тоа до маало Бошњаци, Врбаци и Пашите.…

ПОВЕЌЕ ...

Објавеното потсетување до граѓаните на Македонска Каменица, од страна на ЈП Камена Река за обврската секое изнесување на крупен отпад и градежен шут да биде претходно најавено кај надлежните во претпријатието, Ви го пренесуваме во целост: Македонска Каменица, 24. Јуни 2019 година – Одржувањето на  јавната  чистота  е  континуиран  процес кој обезбедува трајно и квалитетно чистење  на  јавните површини на јавните објекти. Во таа насока, ЈП Камена Река ги повикува граѓаните на совесност кон отворените простори околу јавните објекти, дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување, заради обезбедување на здрава и чиста животна средина. Врз основа…

ПОВЕЌЕ ...