Author: Media Point
Каменичанецот Бошко Стаменковски, се враќа со два златни медали од Одеса, Украина каде викендов учествуваше на Меѓународното отворено првенство во пауерлифтинг. Стаменковски повторно беше неприкосновен во своите дисциплини и златото го освои бенч и мулти бенч. Покрај тоа, на ова Меѓународно натпреварување, Бошко беше проглссен и за најдобар мулти-бенчер. -Сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа да се реализира ова мое патување на Меѓународниот турнир во Украина. Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер. Златните…
Кучињата се интерактивни и социјални суштества кои сигурно ќе ви „кажат“ дека се гладни, дека им се оди во тоалет или дека имаат некој проблем. Тие се толку синхронизирани, што можат да ги почувствуваат нашите емоции, понекогаш дури и пред ние да ги процесираме. Но она што е навистина фасцинантно за овие животни е тоа што можат да ги препознаат „лошите луѓе“. Исто така, доколку изгледате недоверливо, кучето ќе одбива да ги слуша вашите наредби. Барем ова се резултатите од едно неодамнешното истражување. Во истражувањето биле изведени неколку експерименти. Во првиот експеримент, на кучињата им бил покажан сад со храна.…
Цените на златото рушат рекорди Објавено од Макфакс Цената на златото го надмина нивото од 1,4 илјади американски долари за унца, достигнувајќи највисока цена во последните шест години. Вредноста на племенитиот метал скокна како резултат на слабеењето на доларот, загриженоста за економијата и геополитичките тензии. Побарувачката за благородни метали нагло се зголеми откако Федералните резерви на САД во средата објави дека наскоро најверојатно ќе ги намали клучните каматни стапки по 10-годишна пауза. Вредноста на доларот ослабе по ваквиот сигнал кој се совпадна со олеснувањето на монетарната политика на централните банки ширум светот за да се поттикне економскиот раст. Инвеститорите од…
Бесир Алили (48 кг) вчера стана европски шампион во борење слободен стил за кадети. Тој во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, за златниот медал славеше 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија. Aлили мудро ја водеше борбата, но на крајот загрози поради одбранебениот стил, зато што опомена и казнен поен на 15 секунди пред крајот, па противникот намали на 7-6. Но Бесир мудро ја приведе бробата до крај и по долги години донесе златен медал на Макеоднија од некое големо натпреварување, како домашен борач. Инаку на почетокот Бесир се најде во незавидна положба, бидејќи противникот поведе со 5-0, но нашиот борач покажа зошто е шампион и…
Времето денеска претпладне сончево понекаде со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Утре ќе дува западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. За утре метеоролозите најавуваат умерена до значително облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен северен ветер. УВ=7
Секој ресторан приготвува цезар салата со различен вкус. Gotvi.mk рецептот прочитајте го тука. Потребни состојки: 1 пилешки стек, зелена салата, запечен леб или кубети, шери домати, пармезан, дресинг Начин на готвење: Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти. Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора. Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање. Во садот додадете го…
Внимавајте: „Адидас“ вирусот демне на Вибер и ВацАп Вирусот се шири во форма на реклама со поволност за бесплатни патики или маици. Вирусот е претставен во вид на промоција која наводно ја даваат од компанијата по повод нивната 95-годишнина. Објавено од Слободен печат Веќе неколку дена вирусот наречен „Адидас“, токму поради тоа што се појавува во вид на реклама и понуда од познатиот бренд Адидас, е раширен меѓу многу корисници на Вибер и ВацАп. Вирусот се шири во форма на реклама со поволност за бесплатни патики или маици. Вирусот е претставен во вид на промоција која наводно ја даваат од…
Градоначалниците и претставниците на општинските совети денеска во Струга ќе дискутираат за предизвиците во локалната власт на четвртата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија. Од ЗЕЛС најавуваат дека на седницата ќе дискутираат за актуелните предизвици на локалната власт, а ќе бидат изнесени и одредени предлози и иницијативи за следните правци на дејствување на децентрализацијата во земјата. Пред делегатите ќе се обрати и претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов, а ќе бидат разгледани и одредени измени и дополнувања на Статутот на ЗЕЛС, како и Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година. Генералното Собрание…
До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини Објавено од Макфакс Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството. Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство, соопшти владејачаката партија СДСМ. „Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства. Преку реализација…
Колку чини роамингот и интернетот со соседните земји Eврокомесарката Марија Габриел неодамна изјави дека заедничкиот договор меѓу земјите од Западен Балкан за намалување на цените на мобилните услуги, а роамингот целосно да биде укинат кон средината на 2021 година, е предуслов за укинување на роамингот и кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ. Заега цените на мобилните услуги со соседите се различни. Според анализата на Институтот за развој на електронски комуникации (ИНРЕКОМ), во моментов, минута разговор кога македонските граѓани зборуваат со Бугарија изнесува од 76 до…
