Author: Media Point

Комуналните редари на Скопје со 500 повеќе казни во однос на лани Во периодот јануари – мај, 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни, што претставува четирикратно зголемување на бројот на изречени казни во споредба со истиот период во 2018 година, кога биле изречени 149 мандатни казни. Слободен печат Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените, но и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во периодот јануари – мај, 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни, што претставува четирикратно зголемување на…

ПОВЕЌЕ ...

Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево се одвива по една сообраќајна лента – соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија. Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на коловозот.

ПОВЕЌЕ ...

Извесување од ЈП Камена Река до граѓаните на Македонска Каменица за подобрување на јавната чистота во градот ЈП Камена Река од Македонска Каменица, во насока на подобрување на јавната чистота во градот, ги известува граѓаните дека во текот на летниот период чистењето на контејнерите за ѓубре ќе го врши во раните утрински часови. “Упатуваме апел до граѓаните отпадот од своите домови да го фрлаат во раните утрински часови, најдоцна до 07:00 часот или во попладневните часови после 17:30 часот. Со воведувањето на оваа пракса, заедно со граѓаните дополнително ќе допринесеме за избегнување на несакана смрдеа и создавање на можности за…

ПОВЕЌЕ ...

Свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија веќе неколку години апелираат верниците да ги напуштат суеверните обичаи и да му се посветат на христијанскиот начин за одбележување на задушница и Духовден, со молитвено застапништво за починатите Многумина од православните христијани и оваа година за претстојниот викенд, кога ќе се одбележуваат задушница и Духовден, повеќе внимание ќе им посветат на адетите и обичаите, отколку што во духот на вистинската вера ќе настојуваат да го оживеат споменот и да им оддадат почит на починатите. Според обичајот, уште в сабота навечер ќе заминат на гробиштата, за да преноќат, а другиот ден ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14. Јуни 2019 година – ЈП Камена Река од Македонска Каменица продолжува со обновување и зголемување на механизацијата потребна за навремено и квалитетно сервисирање на услугите кон граѓаните на општина Македонска Каменица. Пред две недели ЈП Камена Река, преку проект на Министерство за финансии и Светска банка за подобрување на работата на општините во руралните средини, во соработка со општина Македонска Каменица доби градежна машина „ровокопач“. Со склучениот Договор за набавка на ситен градежен- алат „мулчер“, значително ќе се подобри и ослени уредувањето на зелените и помалку пристапните јавни површини на целата територија на општина Македонска Каменица. …

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на вчерашниот ден, екипа на ЈП Камена Река изврши поправка на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Како што известуваат од комуналното претпријатие, станува збор за намерно предизвикана штета. Случајот се повторува 5-ти пат оваа година, на ист дел од водоводната мрежа. Штета од несовесното однесување, покрај предизвиканите проблеми и создадените трошкови за санација на дефектот, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица. Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект, од кој штета трпат половина од жителите на село Дулица.…

ПОВЕЌЕ ...

Мајка од Кочани во полицијата   пријавила сексуална злоупотреба врз нејзината 15 годишна керка. Според неа, 64 годишниот Т.Г.  ја превезувал нејзината  керка и притоа  ја допирал  на повеке места по телото. Девојчето  се вознемирило  и непристојноста на возрасниот маж ја раскажала на мајка си  која случајот веднаш го пријавила  а Т.Г. бил повикан на разговор: „38 годишна жена во Кочани пријавила дека 64 годишно лице во неговото патничко возило голф во кој ја превезувал нејзината 15 годишна ќерка, ја допирал по телото. Лицето било пријавено во полиција  и против него ќе биде поднесена кривична пријава“ изјави Гордана Панајотова, портпарол на…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник“ бр. 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ” бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016, 21/2018 и 64/2018), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец  („Службен весник на РМ“ бр.8/2015 и 130/2016) , Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува ЈАВЕН ОГЛАС…

ПОВЕЌЕ ...

Под мотото ,,Забава-спорт-здравје”, денеска во Берово се натпреваруваат 350 пензионери од Берово, Пехчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево,  на 24-тите Регионални спортски игри за пензионери. Пензионерите  се натпреваруваат во различни дисциплини, салонски игри, кои се состојат во шах натпревар, табла, домино и  пикадо, до  атлетски игри, трчање на  далечина, гаѓање со воздушна пушка, тегнење на јаже, скок во далечина,  фрлање кош и шутирање на гол. Поздравувајќи ги пензионерите, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски им посака добар престој во Берово, убава дружба и забава, фер игра и да победи најдобриот. Целта на овие игри, како што истакна Претседателот на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица втора во источниот регион по активна транспарентност Македонска Каменица, 12 Јуни 2019 година – Листата за активна транспарентност, e утврдена по претходни истражувања, од страна на Центарот за граѓански комуникации, преку (УСАИД) Агенцијата на САД за меѓународен развој, на која општина Македонска Каменица се најде на 2 место, од источниот регион, веднаш зад Берово. Источниот Регион е лидер помеѓу регионите според активната транспарентност во 2019 годин.Просечното исполнување на обврските од 62%, за разлика од ланските 46,1% е значаен напредок во транспарентноста на општините според направените анализи. Годинешново 2 место во регионот, споредбено со едно од последните места…

ПОВЕЌЕ ...