Author: Media Point

Општина Македонска Каменица во рамки на програмските определби поврзани со подобрувањето на квалитетот на вода во селските средини започна со изградба на објекти потребни за инсталирање на автоматски хлоринатори за вода. Во склад со Планот за работа и договорот склучен на 23. Мај 2019 година, започнатите градежни активности за Изградба на хлорни станици на селските водоводни системи во општина Македонска Каменица ќе продолжат со инсталирање на хлоринатори и опрема за автоматско хлорирање на водата. Проектот ги опфаќа сите организирани водоводни линии во селските средини од Општината. Со ова општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река како изведувач на градежните активности,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10. Јуни 2019 година – Не престанува вандализмот врз новопоставената урбана опрема во Македонска Каменица. Иако вчера пишувавме за видни оштетувања врз скоро засадените декоративни и цветни садници, денес се забележани нови оштетувања врз новопоставениот систем „капка по капка“. Инсталираниот систем требаше да допринесе за ефикасно и економично наводнување на зеленилото во централното градско подрачје и новозасадените декоративни листопадни и зимзелени садници. Од страна на несовесни граѓани се украдени поголмиот број на „капалки“ кои го регулираат истекот на вода од системот. Веќе се работи на поправка врз оштетувањата на системот „капка по капка“, но сите дополнителни активности на…

ПОВЕЌЕ ...

Прекрасниот замок од песок на оваа #ФотографијаНаДенот влезе во Гинисовата книга на рекорди Замокот беше направен во рамките на Фестивалот за песочни скулптури во местото Бинц на Балтичкото море и е висок 17,66 метри. За да се собори претходниот рекорд (16,68м) беа потребни 11.000 тони песок. Претходниот обид од 2017 година да се собори рекордот беше неуспешен, но овој замок е стабилен. Вистинско ремек дело!

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10. Јуни 2019 година – Требаше да поминат триесетина години и уште толку изданија на Рациновите средби, а јавноста да ја чуе веста, која на годинешното издание на оваа поетска манифестација ја соопшти писателот и професор Људмил Спасов, дека Кочо Рацин и официјално е признат за светско културно наследство, објави „24 вести“. Оваа информација како да им беше ветар во грб и на учесниците и на организаторот на 56 тите рацинови средби, кои викендов завршија во Велес, па посетителите со право ги прогласија за едни од најдобрите во последните неколку години.

ПОВЕЌЕ ...

За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35 690 ученички места. Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен…

ПОВЕЌЕ ...

Во изминатиот период, во Македонска Каменица се случува невиден вандализам. Неодговорни лица ги уништуваат и корнат засадените листопадни и зимзелени дрвја, ги уништуваат и декоративните цветни насади. Ги нагрдуваат поставените експонати во „Паркот на рударите“ и ја уништуваат урбаната опрема. Од овие причини, општина Македонска Каменица ќе го засили присуството на општинското обезбедување, а ќе бидат известени и сите надлежни органи. Сторителите кои ќе бидат фатени ќе одговараат за причинетата материјална штета. Општина Македонска Каменица веќе започна со активности за санирање на штетите и бара од граѓаните да се однесуваат одговорно и да не ја уништуваат поставената урбана опрема и…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет Кам е полуфиналист во М-12 категорија. Утре пртив Водно од Скопје ќе се бори за финале во најсилната детска кошаркарска лига на Македонија. Денес во Скопје, во четвртфиналниот натпревар против Водњански лисици, каменичани славеа со високи 72:31 Во текот на целиот натпревар Баскет Кам беше доминантен на теренот, со контрола на играта и резултатот. Со развојот на играта на теренот, растеше и резултатската разлика. На полувреме беше 31:12, а третата четвртина заврши со веќе недостижни 63:21. Сите поединци на теренот го дадоа својот максимум во текот на целиот натпревар, без разлика на отворениот резултат и падот на нивото од…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалерите на ФК Каменица Саса од 09/10 генерација и 10/11 учествуваа на Меѓународниот детски фудбалски турнир кој се одржа во Благоевград, Бугарија. Со три победи против Беласица од Струмица 3:1 и Хлапетата 2:1 завршија на првото место во групата, a во финалниот натпревар против Мечетата успеаа да слават со високи 4:0 во финалниот натпревар. Генерациите 10/11 иако беа најефикасна екипа на турнирот, на крај сепак завршија на третото место. Минимално беа поразени од Беласица. Забележаа две високи против Хлапетета од 7:0 и во борбата за трето место со 6:0. Најдобар стрелец и напаѓач во генерациите 2010/11 е Кристиан Атанасов. Додека…

ПОВЕЌЕ ...

М-12: Баскет Кам обезбеди шанса за полуфинале со победата над МЗТ во Скопје Со победата во последното коло од М-12 кошаркарската лига на Македонија, против КК МЗТ во Скопје, екипата на Баскет Кам обезбеди шанси за влез во полуфинале. Четвртфиналниот натпревар го играат денес во Скопје против екипата на Водњански Лисици. Со 46:58 на натпреварот одигран во скопски Аеродром, екипата на Баскет Кам со тимска и дисциплинирана игра оствари рутинирана победа против фаворизираниот МЗТ. Сите поединци го дадоа својот максимум во играта. Резултатската позитива во текот на целиот натпревар беша на страна на каменичани, кои успеаа уште во текот…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните на Романија и Бугарија од денес ќе имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање на бизнис во Швајцарија. Ова ќе важи и за Македонците кои имаат бугарски пасоши. Како што објави бугарското министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците во иднина ќе имаат исти права како и останатите граѓани на Европската унија – освен граѓаните на Хрватска, пренесува бугарската новинска агенција. Швајцарија не е членка на ЕУ, но со Унијата е блиско поврзана низ билатерални договори, кои и овозможуваат да учествува во единствениот пазар на ЕУ иако не е членка. Тоа стана возможно откако Швајцарскиот сојузен совет (владата…

ПОВЕЌЕ ...