Author: Media Point

Виадукт Трејд денеска ќе почне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А3, патен правец Превалец-Македонска Каменица, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информираат од АМСМ.

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на Второлигашките кошаркарски клубови со рекордно присуство досега, денеска во просториите на КФСМ одржа состанок на кој клубовите го кренаа гласот против нивното исклучување од распределбата на ваучерите, кои ги додели Агенцијата за млади и спорт. Клубовите потпишаа и петиција под мотото „Нема ваучер, нема кошарка“, а зад нив стои и КФСМ, како тело под чија „капа“ тие функционираат. „Почитувани, крајно сме разочарани од нефер селекцијата и распределбата на проектот Спортски ваучер, кој што по шестмесечно одложување и три пати променети критериуми ги изостави екипите од Втората лига мажи. Наместо да ги стимулирате екипите и школите кои што го…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06. Јуни 2019 година – СОУ “Миле Јаневски Џингар” – Македонска Каменица од наредната 2019/2020 учебна година воведува нов образовен профил Техничар за Дизајн на облека. Со оваа насока од текстилството ќе се изучуваат нови стручни предмети (цртање и сликање, дизајн на облека, изработка и декорирање на модели, изработка на модни додатоци, конструкција и моделирање на облека, изработка на свечена облека, модни стилови и др.  Под мотото “Креативноста нема граници” училиштето го промовира овој атрактивен стручен профил пред идните средношколци, повикувајќи ги  да ја искажат својата креативност на новиот смер.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06. Јуни 2019 година – Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалниката Соња Стаменкова приреди прием за учениците кои имаат освоено награди на државните училишни натпревари во учебната 2018/19 година. Градоначалникот Стаменкова им ги честиташе големите успеси на учениците и нивните ментори и во оваа пригода изјави: „Најпрвин морам да ви признаам дека се чувствувам прекрасно што денес во толкав број сте присутни овде, како ученици од нашата Општина, наградени на државните натпревари од оваа учебна година. Радува што гледам многу насмеани и ведри лица, кои освоија награди и пехари, нешто кое претставува големо задоволство за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Јуни 2019 година – Три кошаркарки на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица се најдоа на списокот од кошаркарската репрезентација во женска конкуренција до 18 години. Моника Зафировска, Стефанија Колева и Бојана Попова се дел од составот на репрезентацијата на Македонија до 18 години. Репрезентацијата до 18 години во женска конкуренција претстојниот петок ќе означи почеток на официјалниот дел од подготовките во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) кое за точно еден месец ќе се одигра во нашата престолнина, Скопје. Првиот официјален тренинг е закажан за в петок (7. јуни) со почеток во 19:00 часот, во спортската…

ПОВЕЌЕ ...

Еко-акција на Рудник САСА за Светскиот ден на животната средина Македонска Каменица, 05.06.2019 – По повод 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА спроведе еко-акција чија цел е јакнење на  јавната свест за потребата од зголемување на напорите и активностите за заштита на животната средина. Во рамки на акцијата, во која учествуваа вработени и членови на менаџемнтот на компанијата, како и ученици од средното учииште „Миле Јаневски – Џингар“ кои посетуваат практична настава во рудникот, беа засадени 30-тина садници див костен во кругот на рудникот САСА. Доплнително, во рамките на акцијата беше собран и целокупниот сув…

ПОВЕЌЕ ...

Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, денеска е пуштен во употреба. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час. Од Министерството за транспорт и врски апелираат до корисниците да се почитува поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки. Делницата почнува после клучката Миладиновци, која…

ПОВЕЌЕ ...

СОУ „ Миле Јаневски Џингар “ -Македонска Каменица ги отвори вратите за новите средношколци. На официјалната фејсбук страна на СОУ “Миле Јаневски Џингар” се објавени роковите, условите и насоките за запишување на идните средношколци. Ние ви ги пренесуваме во целост: УПИСЕН рок со 3 пријавувања, две во месец јуни и еден во месец јули 17 и 18 јуни 2019 година , а резултати на 19.06.2019 24 и 25 јуни 2019 година а резултати на 26 јуни 2019 1 јули 2019 година, а резултатите на 2 јули 2019 година. За учениците кои се упатени на поправни испити на 26 август 2019…

ПОВЕЌЕ ...

Културно Уметничкото Друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица на 02.Јуни 2019 година учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сапарева Бања“ кој традиционално се одржува во Сапарева Бања, Република Бугарија. КУД “Вера Јоциќ” на овој Меѓународен фестивал ја преставуви општина Македонска Каменица со игри и песни од Осоговието и кореографија на Малешевка. За изведбата и одличниот настап на МФФ “Сепарева Бања” каменичкото културно-уметничко друштво освои прво место, парична награда и плакета за најдобра сценска изведба на фестивалот. Со ова КУД “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица покажува дека во континуитет продолжува да ги негува, пренесува и шири нашите традиционални културни вредности кон идните…

ПОВЕЌЕ ...

Печките – најголеми загадувачи на воздухот Печките за греење се еден од најголемите загадувачи на воздухот во главниот град според истражувањата на МАНУ .  Меѓутоа, во Македонија нема анализи, за  тоа колку ќе  се подобри квалитетот на воздухот ако луѓето се греат на печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.Ова во многу европски земји, е регулирано со пропишани стандарди при купувањето на печки. Oд институтот за стандардизација,  велат дека е важно луѓето да почнат да го почитуваат законот за рециклирање на пластиката ,бидејќи и таа е еден од најголемите загадувачи на животната средина. Подобрувањето на квалитетот на…

ПОВЕЌЕ ...