Author: Media Point
Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринсакта температура ќе се движи од пет до 15 степени, а дневната температура од 16 до 29 степени. Во Каменица ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 26 степени. Во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Во недела процесите ќе бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град.
Македонскиот ракометен тим Вардар денеска од 18 часот излегува против фаворитот Барселона во полуфиналето на „Фајнал Фор“ турнирот кој се игра во Келн. Во првото полуфинале, во 15:30 часот играат Веспрем и Киелце. За Вардар ова е трето учество по ред на „Ф4“ турнирите во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниту еден тим во Европа. Вардар и Барселона ќе играат реприза на мечот од Ф4-турнирот во 2017 година, кога „црвено-црните“ станаа шампиони. Каталонците оваа сезона славеа на двата пати, 30-26 во Скопје и 34-26 во „Блауграна“. Игор Карачиќ, кој настапи за „црвено-црните“ на сите досегашни „Ф4“…
Македонската претставничка на Евровизија, пејачката Тамара Тодевска, која со својата изведба на песната „Proud“ на евровизиската сцена ја направи горда целата држава, сега сподели видео од нејзината ќерка Хана додека ја пее песната, која всушност ѝ беше посветена на неа. „When your daughter sings the song you created for her (Кога ќерка ти ја пее песната која ја креира за неа)“ – напиша Тамара во описот на видеото.
Македонска Каменица, 31. Мај 2019 година – Победници на Наградниот конкур се Денис Садулов и Христина Стојилова. Нивното идејно решение за удерување на Паркот на млади во Македонска Каменица доби најмногу гласови на спроведената фејсбук анкета и беше избран најдобар проект и од комисијата која ги разгледуваше сите проекти поеинечно. Од страна на ЈП Камена Река, покрај вредносните ваучери за првонаградените обезбедени симболични награди и благодарници за сите пријавени учесници на конкурсот. Денес, во просториите на ЈП Камена Река беа доделени благодарници за наградените учесници на наградниот конкурс за идејно решение со кое ќе се уреди Паркот на млади во…
Македонска Каменица, 31.05.2019 година – Денес во просториите на oпштина Македонска Каменица се одржа почетен состанок на Локалниот управувачки комитет за изработка на Стратегија за локален економски развој (ЛЕР) и Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за периодот 2019-2025 година. Состанокот го отвори локалниот координатор Миран Митревски, а за значењето на овие стратешки документи се осврна и градоначалниќката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. За начинот и методологијата на изработка на овие клучни документи зборуваше Ѓоко Зороски, консултант. На состанокот присуствуваат 26 учесници – преставници од јавниот, приватниот и НВО секторот, како и други засегнати чинители. Локалниот еколошки акционен…
Антонио Конте е нов тренер на Интер, откако тоа беше потврдено на Инстаграм профилот на италијанскиот клуб. Тој ќе го замени Лучано Спалети, кој во четвртокот доби отказ. Конте по една година се враќа на тренерската работа. Италијанецот претходно го водеше Челси, кој во првата сезона го однесе до титулата во Премиерлигата. Гигантот од Милано сезоната ја заврши на четврто место и ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, а амбициите на клубот се да биде конкурентен на Јувентус во борба за титулата. Сопствениците на Интер на Конте ќе му дадат голем буџет за засилувања за да го врати…
Денеска е последен ден од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП. До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да извршат корекција, ако сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави. Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот. Потоа ќе можете да го погледнете формуларот со пресметките, како и да…
Од утре стапува во сила последната измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со што купувањето во кеш ќе биде дозволено само за суми до 500 евра. Поинаку кажано, ако утре сакате да купите, на пример, половен автомобил, телевизор, или пак, која било друга роба, поскапа од 500 евра, нема да можете да платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка. Ако се осмелите да платите во кеш, ќе направите прекршување на законот, за што е пропишана парична казна од 5.000 до 80.000 евра.
Македонска Каменица, 31 мај 2019 Со усвојувањето на Законот за бесплатна правна помош од страна на Владата како и со развој на правните услуги на локално значително го подобрија пристапот до правдата на најранливите граѓани. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваат на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада. „Како Влада којашто се грижи за сите граѓани продолжуваме посветено да работиме на зголемување на пристапот до квалитетни правни услуги за сиромашните. Веќе отворивме центар за правни услуги во Шуто Оризари, а во…
АВТО КЛИМА ЦЕНТАР З Л А Т Е Специјализиран сервис за одржување и поправка на клима уред во автомобили Ние сме специјализиран сервис за одржување и поправка на клима уред во автомобили. Повеќегодишното искуство кои го имаме како и методите кои ги пременуваме, ни овозможуваат брзо и ефикасно да ги извршуваме поставените задачи. Ги изведуваме сите поправки на авто клими на патнички возила, како и возила за специјална намена. При тоа користиме современи алати и техники, се со цел обезбедување на поквалитетна, побрза и поефикасна услуга. Може да не најдете во село Моштица, Македонска Каменица, секој ден од понеделник…
