Author: Media Point

Фото: ЕПА Борјан Јовановски известува од Брисел Европските избори завршија без драматични промени во структурата на Европскиот парламент. Најавите за екстремистичкото и евроскептичното цунами не се остварија. И покрај успехот на овие анти ЕУ партии во Италија и Франција, екстречната десница и евроскептиците нема да имаат повеќе од една четвртина мандати во новиот состав на ЕП. Сепак, зголемувањето на бројот на овие политички структури би требало да биде јасен сигнал до традиционалните партии дека граѓаните на ЕУ очекуваат поефикасни европски институции. Она што е голема вест е излезноста од над 50 проценти на гласачите која ги надмина очекувањата и воедно…

ПОВЕЌЕ ...

Алтернативните форми на туризам што вклучуваат посета на природа, планинарски спортови или екотуризам, на светско ниво стануваат се попопуларни. Големиот интерес за посета на заштитени подрачја како природни резервати, национални паркови и заштитени шуми, го потенцираат значењето на туризмот во заштитата на животната средина. Квалитетот на средината, природна или урбана, влијае на туризмот. Сепак, односот помеѓу туризмот и животната средина е комплексен. Од една страна туризмот и средствата кои доаѓаат со него нуди можност за само одржливост на заштитените подрачја, а од друга страна туризмот и инфраструктурните потреби може негативно да влијаат врз животната средина. Главната опасност што ја нуди туризмот може…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутрина во 3,51 минута во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево. Земјотресот е регистриран од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

ПОВЕЌЕ ...

Во четвртиот обид за соборување на европскиот рекорд во бенч, во М2 категорија до 75 килограми, со кренати 137,5 кг., Бошко Стаменковски успеа ја оствари целта на учеството на дводневниот Европски шампоионат во Чадка, Словачка. Со овој огомен успех Стаменковски уште еднаш успеа да ја потврди доминацијата во својата категорија на натпреварување во Европа и обезбеди пласман за “Арнолд Класик” турнирот во Барселона, Шпанија. Моменти од настапот и соборувањето на европскиот рекорд со кренати 137,5 кг можете да погледнете овде: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2546698692016386&id=100000288403607

ПОВЕЌЕ ...

Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа?. Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот. Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бореле (67 отсто) додека жените – 52 отсто. Најголем процент подготвени за војна за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е…

ПОВЕЌЕ ...

Стотина теренски возила и мотоцикли и годинава учествуваа на спортското рели со крајна цел Царев врв на Осоговските планини. Релито го организираше Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ од Македонска Каменица, а патеката, како што информираше претседателот на друштвото, Миран Митревски, била долга 25 километри, со висинска разлика од 1.300 метри до највисоката точка Царев Врв на 2.085 метри надморска височина. -И годинава над стотина љубители на офф-роад предизвиците со 4×4 возила, моторцикли, џипови, пристигнаа во Македонска Каменица, а потоа се упатија кон Царев врв и уште еднаш ги испробуваа перформансите на своите нови-специјално набавени, како и своите искусени и проверени…

ПОВЕЌЕ ...

Локалитетот Кале кај Крупиште една од можните локации каде е напишана Глаголицата • Мај 24, 2019 Археолошкиот локалитет Кале, кај селото Крупиште во Општина Карбинци, кој се наоѓа  во близина на Брегалница и по 36 години од неговото откривање се уште ја чува тајната меѓу овие ѕидини, дали токму  ова е една  од  локациите, каде се напишани,  азбуки, веди, првите словенски букви. Археолошките претпоставки за овој локалитет и  Панонските легенди за браќата Кирил и Методиј, говорат дека глаголицата била напишана во градот Равен, каде за епископ бил назначен Методиј. Во славистичките кругови сега преовладува таканаречената, Македонска теорија, според која Глаголицата е напишана по течението на реките Брегалница и Струма. Универзитетскиот професор од…

ПОВЕЌЕ ...

Љубљана е првиот главен град во Европа кој се обврза да стане град со нула отпад. Но, пред 15 години, целиот отпад завршувал директно на депонија. „Тоа беше скапо, процесот зафаќаше место, а со тоа ги фрлаш и ресурсите“, вели Нина Шанкович од „Вока Снага“, компанија која управува со отпадот во градот. Сè започна во 2002 година со одвојување на хартијата и стаклото во посебни контејнери. Четири години подоцна, градот започна со собирање на биоразградливиот отпад од врата на врата. Одвојувањето на био-отпадот треба да стане задолжителен процес низ земјите од Европа до 2023 година, но Љубљана предничи пред нив веќе две децении.…

ПОВЕЌЕ ...

Камерниот оркестар од Благоевград со диригентот Христо Христов вечерва одржа целовечерен концерт. Концертот е дел од одбележувањето на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој е патрон на градот Делчево. Како што истакна диригентот Христов концертот е микс на разни жанрови музика за сите генерации, -Се претставуваме со многу разнобразна програма, преткласика, класика до романтична музика од многу автори од многу држави една многу интересна програма, во рамки на еден час. Се надевам посетителите уживаа во нашиот настап, рече Христов. Поканата за концерт во чест на сесловенските просветители Христов ја прифатил со задоволство, бидејки како…

ПОВЕЌЕ ...

Од 27 мај до 1 јуни во Кочани ќе се одржи по 60. пат познатиот Драмски аматерски фестивал – ДАФ. Фестивалот се фокусира на македонските аматерски театарски групи, но во последните години, стана препознатлив и надвор од границите на земјава, па пријавите за учество на фестивалот расте. Приоритетот на домашната продукција останува, но ќе има и гостувања од САД, Србија, Грција, Бугарија… А фактот дека фестивалот годинава одбележува голем јубилеј покрај театарската програма, предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги. Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија…

ПОВЕЌЕ ...