Author: Media Point

„Еј Словени“- цела плажа во Улцињ станува на југословенската химна  31 јули , 2019 На плажа во Улцињ на разглас вчера била пуштена химната на поранешната СФРЈ „Еј Словени“, на што станале сите посетители и мирно стоеле за време на интонирањето. На видео снимката се гледа гостите во барот кои седат на масите, почнуваат да стануваат и да стојат мирно додека свири химната на поранешните заеднички држави. Како што пренесе порталот ЦдМ, некогашната химна покажува дека во Србија и Црна Гора уште живее словенскиот дух.

ПОВЕЌЕ ...

Топло време со повремено засилен северен ветер ќе се задржи во наредните три дена. Во сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од недела ќе биде малку посвежо. Најтопло ќе биде во петок кога се очекуваат масимални 39 степени. Денеска, пак, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат. Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години. Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години. Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години. Најмала разлика има во Холандија 3,2…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31.07.2019 година – Денес, со почеток од 17:30 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на ФК Каменица – САСА ќе го одира својот втор контролен фудбалски натпревар против екипата на ФК Слога 1934 од Виница. Каменичани на претходниот натпревар, исто така одигран пред домашна публика, успеаа да ремизираат против ФК Кит – Го од Пехчево со 1:1

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31.07.2019 година – По повод храмовиот празник, црковното настојателство при храмот Св. Пророк Илија, ги поканува сите православни верници од општина Македонска Каменица и регионот на заедничко чествување и празнување на големиот христијански празник. Чествувањето на 02. Август 2019 година, започнува со света Божествена литургија од 08:00 часот, продолжува со заеднички ручек во дворот на Светиот храм.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31. 07. 2019 година – Повик до граѓаните од општина Македонска Каменица за присуство на работен состанок на тема „Придобивки од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица“. Како што известуваат од општина Македонска Каменица на работниот состанок, кој во четврток на 01. Август 2019 г. ќе се одржи во Дом на култура во Македонска Каменица ќе присуствува Ана Петровска, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање и претставници од Министерството за транспорт и врски. Во рамки на работниот состанок преку презентацијата изложена од…

ПОВЕЌЕ ...

Цената на стандардниот приклучок за електрична енергија од 1 септември годинава ќе се намали од 500 на 400 евра, а со новите мрежни правила за дистрибуција што наскоро ќе ги одобри Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе се зголеми опфатот на стандардни приклучоци, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Тоа значи дека и во оние општини каде од разни причини советите не донеле соодветна планска документација, што беше предуслов за да се стекне некој со правото за „стандарден приклучок“, ќе може да се стекнат со таков статус новите корисници кои ќе се приклучуваат на мрежата доколку се утврди дека…

ПОВЕЌЕ ...

Патниот правец А3 Кочани – Делчево на потегот од село Истибања до браната Калиманци е отворен за сообраќај по една коловозна лента, инфомираат од АМСМ. Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар…

ПОВЕЌЕ ...

Рано утрово околу 04 часот непознато лице отворило оган од пиштол во казино „Шери” во Кочани во правец на обезбедувањето поставено од ново отворената агенција за обезбедување “УНИТ”. Засега непознато лице рано утринава според очевидци испукало неколку куршуми внатре во казино „Шери” во правец на обезбедувањето, за потоа пукотниците да продолжат и надвор од казиното кое се наоѓа во самиот центар на градот. За среќа нема повредени. Според неофицијални информации станува збор за пресметки помеѓу подземјето во Кочани заради превласт во агенциите за обезбедување. Како и во минатото Кочани повторно станува центар на пресметките помеѓу завојуваните групи во трка за плен…

ПОВЕЌЕ ...

Ракометниот клуб Охрид со ангажманот на Дејан Гошески од Металург експресно ја пополни празнината на десната бековска позиција која настана после заминувањето на српскиот интернационалец Лазар Петровиќ во Шведска. Гошески кој со охридскиот состав потпиша договор на една година доаѓа од младинската школа на Металург. Десниот бек ќе има можност за напредок и развивање на кариерата во правилен колосек под водство на тренерот Раде Стојановиќ. Охриѓани во преодниот рок се засилија со голманот Никола Даниловски и каменичкиот млад пивотмен Кристијан Анастасовски, а го продолжија договорот со Јагош Брауновиќ, Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и Бобан Блажески.

ПОВЕЌЕ ...