Author: Media Point

Во низата комплименти на сметка на ракометарите на Вардар, свое место најдоа коментаторите од телевизијата Арена Спорт, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ кои финалето го проследија подраматично од некои нивни колеги од Македонија. Еуфорија направија и во четвртфиналето против Пик Сегед, ама особено се истакнаа на двата натпревара на Вардар на завршниот турнир во Келн. Поради тоа веќе почна иницијатива тие двајца да го водат пречекот во Скопје кога ќе се вратат ракометарите. Оние од пред две години не се покажаа, овие сигурно ќе бидат подобри.

ПОВЕЌЕ ...

Во судар на камион и автобус што се случил на автопатот А3 меѓу Новска и Окучан во Хрвтаска, загинал македонски возач на камион, а десетина патници од автобусот се префрлени во болница. Двајца од нив се задржани на лекување, објавува хрватскиот портал „Индекс“. Камионот бил со македонски регистарски таблички, додека автобусот бил од Босна и Херцеговина. Сообраќајната несреќа се случила на дел од автопатот каде што сообраќајот бил успорен поради претходно случена сообраќјака. Првичните информации говорат дека камионот се забил во задниот дел на автобусот, којшто нагло закочил поради претходната несреќа. Ударот бил таков што камионџијата загинал на лице место. Во нашата…

ПОВЕЌЕ ...

Шампионииии!!! Вардар се врати на тронот, ја освои Лигата на шампионите! Ракометарите на Вардар со уште една херојска партија успеаја да стигнат до уште еден трофеј во Лигата на шампиоите. Одиграа неверојатен натпревар и стигнаа до голема победа од 27:24 против Веспрем со што стигнаа до втората круна. Вардар е одново шампион и на тронот во Келн! Добрата игра презентирана во второто полувреме против Барселона продолжи и на стартот на првото полувреме против Веспрем. Ракометарите на Вардар тргнаа сигурно и покажаа голема борбеност од првата минута. Вардар предводен во нападот од своите главни двигатели Карачиќ и Скубе и сигурниот егзекутор,…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица во денешниот натпревар за трето место на Ф4 турнирот во М-18 категорија успеа да ја совлада екипата на ЖКК Шкупи од Скопје со високи 61:30. Резултатот во текот на целиот натпревар беше во корист на каменичките девојки кои во сите четвртини успеаа да го надиграат противникот BKA 17 14 17 13 61 SHK 8 10 9 3 30 Најефикасна во редовите на КК Баскет Кам беше Бојана Попова со 22 поени, додека Моника Зафировска постигна 19 поени и Стефани Колева 13. Екипата на ЖКК Баскет Кам е постојан учесник за завршните натпревари…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.06.2019 година – Денес, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се одржа осмото издание на традиционалнта пензионерска манифестација „Бабина баница“. На покана на каменичкото Здружение на пензионери, илјадници гости од сите краеви на државата го посетија „Еленец“ на еднодневно дружење и уживање во културно-уметничката програма, природните убавини и манастирот „Покров на Пресвета Богородица“. Победници во натпреварувачкиот дел – подготовка на баница под вршник, беа домаќините, екипата на Здружението на пензионери од Македонска Каменица. Илјадници гости од сите краеви на државата, како и посетители од Србија и Бугарија денес имаат можност да уживаат во убавините на…

ПОВЕЌЕ ...

Втор пат во три години Вардар ќе игра во финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, откако со 27:29 (16:9) ја победи големата Барселона, големиот фаворит, во второто полуфинале во јубилејното издание на елитната завршница. Десет минути им беа доволни на „црвено-црните“ за нов делириум, за ново чудо во „Ланксес“ арената и за повторување на историјата. Сето тоа заедно со добро познатата констатација дека фаворитите не минуваат добро во Келн. Даинис Кристопанс со 10 гола и Дејан Милосављев со 15 одбрани беа движечката сила на Вардар. По лошото прво полувреме, по оние седум негатива на полувремето (16:9), малку…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01. Јуни 2019 година – Во склад со Програмата за работа на општина Македонска Каменица, градежните активности поврзани со доуредувањето на кејот на Каменичка Река добиваат на интензитет и истите се во напредна фаза на реализација. Во моментов се работи на Регулација на речното корито, додека уредувањето на каскадниот праг и доизградбата на мрежата од фекална канализација се целосно завршени. Со ова ќе се овозможи понатамошно доуредување на овој простор и овој дел на градот ќе добие сосема нов урбан лик.  Во изминатиот период од страна на ЈП Камена Река, исто така беше спроведен Јавен конкурс за најдобро…

ПОВЕЌЕ ...

Пингпонгарскиот клуб “Саса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани љубители на пинг понгот дека започнува со упис на нови членови во клубот. Членови на клубот можат да бидат сите граѓани на општина Македонска Каменица постари од 6 години. ППК “Саса” е дел Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија и во претстојната сезона ќе се натпреварува во машка и женска конкуренција во Втората пингпонгарска лига на Македонија. Уписот ќе се врши во старата спортска сала од СОУ “Миле Јаневски Џингар” со почеток од 18:00 часот, почнувајќи од понеделник 03. Јуни 2019 година. Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринсакта температура ќе се движи од пет до 15 степени, а дневната температура од 16 до 29 степени. Во Каменица ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 26 степени. Во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Во недела процесите ќе бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град.

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот ракометен тим Вардар денеска од 18 часот излегува против фаворитот Барселона во полуфиналето на „Фајнал Фор“ турнирот кој се игра во Келн. Во првото полуфинале, во 15:30 часот играат Веспрем и Киелце. За Вардар ова е трето учество по ред на „Ф4“ турнирите во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниту еден тим во Европа. Вардар и Барселона ќе играат реприза на мечот од Ф4-турнирот во 2017 година, кога „црвено-црните“ станаа шампиони. Каталонците оваа сезона славеа на двата пати, 30-26 во Скопје и 34-26 во „Блауграна“. Игор Карачиќ, кој настапи за „црвено-црните“ на сите досегашни „Ф4“…

ПОВЕЌЕ ...