Author: Media Point
Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирусот за време на одморот во таа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, пренесува Б92. -Ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата Грција, изјави Петсас. Додаде дека Грција ќе го плаќа сместувањето за тие кои ќе дојдат во земјата и ќе мораат да останат во карантин. -Илјадници луѓе поминаа низ процесот на карантин, рече тој и потсети дека тестовите за ковид-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не пристигнат резултатите.…
Засега нема конкретни препораки од Министерството за образование и наука за тоа дали и како ќе се изведе доделувањето на свидетелствата на крајот од учебната година. Оттаму разгледуваат неколку опции. Оваа генерација деветтоодделенци е првата што крајот на своето основно образование го дочека во вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19. Пред секој од нив да продолжи по различна патека, тие ќе немаат можност да се поздрават со своите наставници, со училиштето во кое поминале девет години од животот. Прочитајте повеќе на Деца.мк.
Македонска Каменица 01.06.2020 година – Вработените во ЈП ,,Камена Река” започнаа со цветно декоративно разубавување на општина Македонска Каменица. 26.000 садници кои во следниот период ќе бидат засадени на повеќе локации во Македонска Каменица се од сопствено производство на ЈП „Камена Река“. Станува збор за повеќегодишни и сезонски цвеќиња за разубавување на зелените површини во градот и влезовите во Општината. Во текот на наредниот период, екипи од вработени во Јавното претпријатие во соработка со општина Македонска Каменица, ќе бидат на терен, при што ќе бидат засадени најголемиот дел од цвеќињата прозиведени во расадникот на ЈП „Камена Река“.
Како што се одвиваше кризата, научниците открија повеќе докази за една чудна и загрижувачка карактеристика на коронавирусот. Додека многу луѓе кои се заразуваат развиваат кашлица, треска и губење на вкус и мирис, други немаат никакви симптоми и никогаш не дознаваат дека се заболени од ковид-19, објави „ВВС“. Истражувачите велат дека е неопходно да се дознае колкумина се заболени на овој начин и дали „тивките распрскувачи“ ја подгреваат пандемијата. Кога луѓето се собраа во црква во Сингапур на 19 јануари, никој не можеше да сфати дека овој настан ќе има глобални импликации за ширењето на коронавирусот. Тоа беше недела и, како…
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на коронавирус Директорката за УЈП, Сања Лукаревска, е позитивна на Ковид-19 објави таа утрово на фејсбук. Лукаревска напиша дека по раобтните средбни кои ги имале со Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот и таа се тестирала и оти резултатот и е позитивен. „Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна изолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска на…
Нови 52 заболени од коронавирусот, четири жртви во последното деноноќие 52 новозаболени од коронавирус и четири жртви во последното днеоноќие во Македонија. Двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес. Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките. Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините газио Баба, Чаир, Сарај и Студеничани. Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани. Во моментов…
Од Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица изјавуваат дека „скоро поставената урбана опрема е уништена од несовесни граѓани. Направените оштетувања врз дел од поставените корпи за отпадоци во приградските делови на Македонска Каменица се веќе санирани и истите веќе се вратени на место“. Упатуваат апел до граѓаните, да се воздржат од дејствија со кои ја оштетуваат поставената урбана опрема. Со тоа нанесуваат дополнителен трошок на сите граѓани и создаваат негативни имплилкации врз буџетот на претпријатието и општината. Ваквата појава можеме да ја окарактеризираме како честа, бидејќи во изминатиот период покрај уништените млади садници и цвеќиња, при поставувањето на…
Според директорот на Пазарниот инспекторат неприменливо е легитимирањето, една маса за едно семејство и отвореноста на терасите од три страни Делови од протоколите за работа на угостителските објекти ќе мора да бидат изменети поради тоа што не можат практично да се применат, најави денеска директорот на Пазараниот инспекторат Стојко Пауновски. Тие делови главно се однесуваат на одредбата за тоа дека на една маса може да седат членови на едно семејство, терасите на угостителските објекти да бидат отворени од три страни и онаа за легитимирање на гостите за да се утврди фамилијарна поврзаност. *Поврзана вест: Објавени се протоколите за угостителските објекти, во…
Понекогаш, потребни ни се токму вакви кратки, реални приказни кои ќе нѐ „удрат“ од земја и ќе направат да сфатиме колку не го цениме животот и она што го имаме. Во трката со времето и да направиме што повеќе, да постигнеме што повеќе, многу луѓе забораваат на уживаат во малите нешта. Но, не и оваа бабичка која и во најтешките денови наоѓа сила да остане позитивна и да се радува на секоја ситница. На Фејсбук вирално се прошири приказна за бабичката која продава цвеќе на Партизанска. Ведра, насмеана, со маска на лицето, но ја тргнала за да испадне поубава на…
З`б булејне (забоболка). – Кога боли заб се вари бел леб во вино и се обложува страната од каде што е забот. Некои варат борина, оцет и стипса и со таа вода се жабурка, се плакне устата. Некои толчат сол и кромид и од тој кромид ја цедат водата и ја плакнат устата. Некои варат рѓосани шајки во оцет и со тоа ја плакнат устата. Кога клука шуплив заб во него ставаат восок или темјан. Кога забот ќе се извади и крвта не престанува потопуваат памук во зејтин и го ставаат во дупката. некои пак жабуркаат солена вода или растворена…
