Хеликоптер на МВР се преврте кај Петровец Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи се превртел кај Петровец, дознава Алсат. Според неофицијалните информации нема ниту загинати ниту повредени од падот на хеликоптерот. МВР најави повеќе детали за падот на хеликоптерот во текот на денов.
Author: Media Point
Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и во услови на вонредна состојба, а по повод 117-годишнината од смртта на Делчев, Делчево го одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница. По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев.…
Драган Вучиќ, пејач и телевизиски водител починал утрово на Инфективната клиника во Скопје. Причината за смртта биле компликации од коронавирусот. Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. „За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”. Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“. Неговата сопруга Весна е ќерка на…
Македонска Каменица, 04.05.2020 – Како што стои во објавата на официјалното соопштение на социјалната мрежа – фејсбук на ЈП Камена Река, денес поради настанат проблем на дел од водоводната мрежа, жителите на приградската населба Суво маало, од 10 часот ќе бидат без снабдување со вода. Екипите на ЈП Камена Река се на терен, работат на санирање на дефектот и на нормализирање состојбата со водоснабдувањето на овој дел од градот.
Драг Гоце, И после 117 години скоро сè е исто само со неколку мали измени во твоето разбирање на светот -полето не е веќе широко туку е минско -натпреварот меѓу народите не е веќе културен туку политички. -се натпреваруваме во некултура, па мало ни е полето за сите простотилаци. -комшиите толку многу нè сакаат што и во фашистички сојуз влегле на времето за да нè ослободат. -Ти загина од турски куршум, ние ќе изгинеме без куршум. Ќе се изедеме меѓу себе за да им докажеме на комшиите дека не се во право. -Ванчо Михајлов одамна го рехабилитиравме. Не ни сметаат…
Денес, 4 мај, се навршуваат 40 години години од смртта на доживотниот претседател на бившата Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. Броз кој уживаше голем углед во светот и земјата, го предводеше партизанското движење во Втората светска војна кое резултираше со формирање на федеративна Југославија, во која како рамноправна држава партиципираше и Македонија. Тој беше на чело на народните маси и комунистичката партија 35 години, а почина по тешко боледување во Љубљана, Словенија на 4 мај 1980 година. Десет години по неговата смрт започна распадот на Југославија што резултираше со повеќегодишна крвава граѓанска војна и отцепување на сите држави…
Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас” во Скопје. Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Виизионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и…
Времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и ветровито наместа со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе продолжи да дува повремено силен северен ветер (над 70 км/час) особено изразен во поширокото Повардарие и на истокот. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната ќе достигне од 13 до 21 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 20 степен. Според Управата за хидрометеролошки работи, во…
Според Слободен печат, до Стопанската комора испратен е протокол за функционирање на кафулиња и угостителски објекти по олабавување на мерките и почеток на таквите објекти со работа. Дел од предлозите вклучуваат најпрво само отварање на летните тераси од рестораните и кафулињата, воведување редар и максимална бројка од 4 лица на една маса, но не мора да се од исто домаќинство. Во регионот практиката е поинаква и се проверува дали лицата се од ист дом, но кај нас нема да се проверува. Уште една од превентивните рестрикции најверојатно би било работното време на угостителските објекти и кафулиња да е до 18 часот.…
Додека земјите ширум светот страдаат од ефектите на рестриктивните мерки наметнати од коронавирус пандемија, многу официјални претставници ги зголемуваат очекувањата на јавноста дека ќе се развие вакцина КОВИД-19 – но што ако не се случи тоа никогаш? Ова би значело дека луѓето би требало да научат да живеат со коронавирусот – во согласност со препораките на експертите, карантинските мерки во моментот кои се на сила ќе бидат претпазливо укинати и постепено ќе се враќаат некои од слободите што инаку би биле дел од секојдневниот живот. Сепак, тестирањето за вирусот и следење на заразените контакти, исто така, ќе стане дел од…
