Author: Media Point

Македонска Каменица, 03.05.2020 година – Денеска, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова ги посети Итната медицинска помош, мобилните општински тимови и Полициската станица во градот. Со ова, Стаменкова уште еднаш искажа голема благодарност до полициските организациони единици, волонтерите од мобилните општински тимови и медицинските служби при Здравствената станица што деноноќно го чуваат градот и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба. Исто така, градоначалничката Соња Стаменкова изразува благодарност и до сите граѓани на општина Македонска Каменица кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничните полициски часови и ги почитуваат препораките за заштита на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.04.2020 – Како што стои во соопштението до јавност на официјалниот профил од социјалните мрежи, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова изјавува дека заедно со функционерите и раководителите од локалните институции се откажува од своите месечни примања над 14.500 денари. Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/SonjaStamenkovaPage/posts/3982813045077283

ПОВЕЌЕ ...

Со денешните 111 оздравени случаи од коронавирусот, за прв пат од појавување на првиот случај, има повеќе оздравени отколку заболени. Така, во моментов има 738 оздравени, додека активни случаи се 650 лица. „За прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи. Имаме 738 оздравени, и во моментов имаме активни 650 случаи“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

ПОВЕЌЕ ...

По 2,5 години затвор за кривичното дело насилство добија штипјаните С. А. (23) и П. Р. (26), кои пред три месеци претепале 22-годишна девојка, а насилството го снимиле на мобилен и по извесно време го објавиле на социјалните мрежи. Пресудата беше изречена во Основниот суд во Штип, а обвинетите беа донесени од притворот во Кумановскиот затвор. Основниот јавен обвинител Ристе Бојаџиев и адвокатот на обвинетите Валентин Зафиров од Велес, кој не присуствувал на соопштувањето на пресудата, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека ги чекаат написмено официјалните пресуди за да видат какво е образложението, а потоа ќе одлучат дали ќе се жалат или…

ПОВЕЌЕ ...

По Виница и Пехчево, во крајниот исток во уште еден град има заболен од корона вирус. Станува збор за Делчево, а информацијата се очекува денес да ја потврди министерот за здравство. Според информациите, станува збор за маж на возраст околу 60 години. Покрај еден позитивен случај во Делчево, денес се очекува да биде потврден уште еден случај во Пехчево (втор), а два случаи има и во Виница. Со ова и крајниот исток добива заразени од корона вирусот, нешто што го немаше во претходниот период, кога западниот и централниот дел од државата веќе беа позитивни.

ПОВЕЌЕ ...

Најмалку 2.000 евра се украдени од црковната каса, од црквата Св.Јован Крстител во делевското село Звегор. Станува збор за пари кои овдешните жители ги собираат последните три години и се наменети за сликање на фрескоживописот. -Од поставувањето на иконостасот имавме соберено пари од многу наши пријатели ширум светот, како од Бугарија, така и од иселеници од Италија, Швајцарија и други земји, вели Делчо Гошев, претседател на црковниот одбор. Наместо тоа, рано утринава, жителите наишле на страшна глетка, црковната врата била разбиена, а парите украдени. -Јас не забележавна почетокот дека вратата од другата страна е разбиена, влегов во црквата и видов…

ПОВЕЌЕ ...

На денешната седница на Влада беше донесена одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници. На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот. Сите деца и млади лица до 18 години, во петок,…

ПОВЕЌЕ ...

Споменот кон чинителите вградени во создавањето и градењето на темелите на нашата татковина, никогаш нема да дозволиме да избледи! Македонска Каменица, 28.04.2020 година – Денес се навршуваат 19 години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани осум припадници на специјалните единици  „Волци“ и „Тигри“. Во неможност за пригодна свеченост, поради мерките за спречување и ширење на заразата со коронавирус, денес пред споменикот на Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица со почеток од 11 часот беше положено свежо цвеќе.…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил обојави како правилно треба да се користи заптитната опрема. -Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик за инфекција, напиша Филипче. Погледнете како се употребува, става и вади заштитната маска.

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 28 април 2020 () – Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември“. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина. Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација. Како што рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, има…

ПОВЕЌЕ ...