Македонска Каменица, 07.05.2020 година – ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека од утре 08.05.2020 година, со одлука на ОПштинскиот штаб за заштита и спасување, повторно ќе биде отворен Градскиот пазар во Македонска Каменица. Во известувањето од Јавносто претпријатие стојат посебните одредби кои посетителите треба да ги почитуваат при пазарењето на Градскиот зелен пазар. Текстот од објавата на официјалната веб страна на Камена Река ви го пренесуваме во целост: Врз основа на Заклучок бр. 5 од денес одржаниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од утре, 08.05.2020 година, Градскиот зелен пазар…
Author: Media Point
Денес, 07.05.2020 година, со почеток од 11:00 часот се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб за спречување и ширење на заразата со ковид 19, во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Од страна на организационите единици вклучени во активностите за спречување и ширење на заразата со Ковид 19, Општинскиот штаб за заштита и спасување беше известен за моменталните состојби во Општината – само 2 лица се во процес на самоизолација. – Општинските Мобилни тимови во досегашниот период, според претходно утврден редослед и динамика имаат ги доделено 10…
Градоначалничката Соња Стаменкова, денешната посета на Полициското одделение во Македонска Каменица го искористи лично во свое име, во име на Советот на општината и граѓаните на Македонска Каменица да им го честита 7 Мај – Денот на полицијата. Во официјалното соопштение до јавност од официјалната страна на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица се вели: Денеска, при посетата на Полициското одделение во Македонска Каменица имав прилика, во свое лично име, во име на Советот на Општината и во име на граѓаните на Македонска Каменица, лично на сите припаднички и припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7…
Културно информативниот центар „Романса“ во соработка со општина Македонска Каменица објавува: Ј А В Е Н П О В И К за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона – Македонска Каменица“ Идејата на повикот е пред се поддршка кон музичките уметници, односно уметниците кои ги изгубиле редовните музички настапи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом во време на корона кризата. Вид на проекти: Маалски музички изведби – настапи, во времетраење до 2 часа. Според потребите, дел од музичката опрема за настап биде обезбедена од КИЦ…
„Дали е безбедно да одам на трчање“, „Дали да влезам во аптеката по потребните лекарства“, „Колку блиску е премногу блиску стоење до друга личност во супермаркетот?“ Постојано размислуваме како да го намалиме ризикот од заразување со корона вирусот, па си поставуваме прашања од типот: „Дали е безбедно да одам на трчање“, „Дали да влезам во аптеката по потребните лекарства“, „Дали да го посетам татко ми?“, „Колку блиску е премногу блиску стоење до друга личност во супермаркетот?“ Научниците докажаа дека овој вирус во најголема мера се пренесува преку капки кои летаат во воздухот од инфицираната личност кога кашла, кива или зборува, па затоа…
Македонска Каменица, 06.05.2020 година – ЖФК Каменица Саса ќе биде шампион на Македонија во Првата женска фудбалска лига. По 14 одиграни кола девојките од Македонска Каменица се на првото место со 40 бодови, три повеќе од второпласираната ЖФК Тиверија. Иако ЖФК “Каменица Саса” како клуб е формиран пред само две години, каменичките девојки во оваа натпреварувачка сезона беа неприкосновен лидер на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Радоста и причините за славје секако ќе беа поголеми доколку првенството беше доиграно до крај, но оваа одлука на ФФМ е сосема очекувана со оглед на вонредните состојби и околности во државата.…
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини. https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=07pvatW2O7M Владата одлучила да ги прифати предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел. Согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени…
Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, зашто во тоа време не постоел Службен весник каде што државата ги објавува своите…
Кружниот напаѓач на екипата на Охрид,каменичанецот Кристијан Анастасовски, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик. Тој се сели во екипата на Анже, која сезонава обезбеди место во ПРО лигата, втора по квалитет во Франција. Пивотменот пред да се пресели во Охрид, беше дел од екипите на Вардар Јуниор и Работнички. Анастасовски ќе има македонско друштво, бидејќи во Анже игра и поранешниот играч на Охрид, Дарко Георгиевски. Извор: 24rakomet.mk
Рудник САСА донира до 126 илјади евра за да помогне во борбата со Ковид-19 пандемијата Македонска Каменица, 04.05.2020 – Рудникот за олово и цинк САСА ја објави намерата да донира до 126.000 евра во медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства за справување со пандемијата на Ковид-19. Оваа донација ја сочинуваат пет компоненти. Првата е наменета за набавка на најсовремена автоматска анестезиолошка станица во општата болница во Кочани за што ќе бидат обезбедени 35.000 евра. Оваа машина ќе биде наменета за третман, поддршка и следење на здравствената состојба на пациентите кои се лекуваат во оваа…
