Македонска Каменица, 17.05.2020 година – Како што стои во соопштението на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица на следната Седница на Советот на општина Македонска Каменица една од точките на Дневен ред ќе биде предлогот даден од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, за ослободување од плаќање на комунални такси на угостителските објекти. Понатаму во соопштението се вели дека: предлогот до Советот на општина Македонска Каменица се однесува на процентуално намалување на таксите за користење на простор пред деловен објект, угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси) за 2020 година. Ове е една…
Author: Media Point
По асфалтирањето на повеќе локални патишта во селата Луковица, Тодоровци, Дулица, Моштица, Цера и паркинг просторите во урбаната средина, денес во Македонска Каменица продолжија градежните активности во останатите рурални средини. Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи, информираше дека во во тек асфалтирањето на платото пред подрачното училиште ,,Св. Кирил и Методиј” во село Саса. -Исто така со градежните активности е опфатено и асфалтирање на пристапните патишта до училиштето и до дел од околните индивидуални живеалишта. Со целосната реализација на проектот е предвидено асфалтирање на кратки локални пристапни патишта со должина од 2730 метри во повеќето селски средини…
Се продава куќа во село Саса (Аризанци) во непосредна близина на регионалниот пат Македонска Каменица – Крива Паланка.Куќата има приклучок со електрична енергија и сопствен довод со вода од извор. Дворно место од 2 декари и вкупна површина на куќата од 114 метри квадратни со имотен лист. Цеа по договор. Повеќе информаци на 076 732 592
Германија падна во рецесија, забележувајќи го најголемиот квартален пад од финансиската криза во 2009 година. Најголемата европска економија падна за 2,2% во првото тримесечје од 2020, откако продавниците и бизнисите беа затворени во март поради пандемијата на коронавирусот. Германија го бележи и првиот пораст на стапката на невработеност од 2013 година. Сепак, економскиот пад на Германија не е така голем во споредба со други големи европски економии, па во Франција изнесува 5,8%, а во Италија 4,7%. Ова се должи на тоа што 16-те германски сојузни држави им дозволија на фабриките и на градилиштата да работат, како и на најголемата владина…
Во последните 24 часа регистрирани е 17 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 460 тестови. Истовремено, 16 пациенти се излекувани, а регистрирани се два смртни случаја. Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1740. Излекувани се 1251, а починале 97 пациенти.
Владата и Комисијата за заразни болести ќе предложат продолжување на вонредната состојба во земјата, додека Уставниот суд ја укина посебната забрана за движење што важеше за старите лица и за малолетниците. Во Македонија се потврдени уште 29 случаи на коронавирус (од направените 349 тестирања), и тоа девет во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово и по два во Струга, Велес, Битола и Охрид. Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.723, при што има 393 активни случаи. Седумдесетгодишен велешанец е 96. жртва на КОВИД-19 во земјата. Оздравеле 1.235 лица, шест повеќе од вчера. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека утре…
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. УВ-индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 16 степени, а дневна до 33 степени.
Македонска Каменица, 15.05.2020 година – Во текот на вчерашниот ден, екипа на ЈП Камена Река изврши поправка на намерно предизвикана штета на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Случајот на овој дел од водоводната мрежа се повторува секоја година. Сепак, штетата од несовесното однесување, покрај предизвиканите проблеми и создадените трошкови за санација на дефектот, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица. Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект. Апелираме до граѓаните да престанат со несовесното однесување и ваквите намерни оштетувања. Инсистираме, надлежните…
Полицијата поднесе пријава против 20-годишно момче од Делчево осомничено дека силувало малолетно девојче. Според информациите на МВР, Б. М. (20) од Делчево е осомничен дека во текот на октомври и ноември минатата година во Делчево, во два наврата, извршил полови дејства над малолетно девојче од Делчево. На 11 мај во просториите на ОВР Делчево девојчето го препознало пријавениот.
Анемија е состојба на недостаток на црвени крвни клетки во крвта. Овој недостаток предизвикува здравствени проблеми, затоа што црвените крвни зрнца содржат во себе хемоглобин, којшто го пренесува кислородот до сите ткива во телото. А, без кислород, не е можно нормално функционирање на организмот. Постојат различни типови анемија, а слабокрвноста предизвикана од недостаток на железо е една од најчестите. Анемијата предизвикана од недостаток на железо уште се нарекува и сидеропенична анемија и се појавува кога во крвта има недостаток на здрави црвени крвни зрнца кои му даваат на телото енергија и здрав изглед на кожата. Како што кажува и самото…
