Author: Media Point

Истокот од државата секојпат беше на последно скалило, без разлика на тоа кој бил на власт. Изгледа дека сето тоа е веќе минато – барем така може да се забележи според активностите во последниот период. Во последните 2-3 години на истокот се работи „турбо“. Како никогаш до сега. Тоа може да се заклучи и според направеното, но и она што е започнато и треба наскоро да се реализира. Една нова и одлична инвестиција е експресниот пат Штип-Кочани кој значајно ќе го освежи истокот, а дополнително се очекува тоа да привлече и идни инвестиции односно финансиски бум на истокот. Фотографиите ги…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.06.2020 година – Граѓани на Македонска Каменица преку социјалните мрежи алармираат за појава на вандализам во вечерните часови кога уништувањето на поставената урбана опрема е честа појава. Исто така, изминатите денови во нашиот град, честа е пријавата на фрлање на отров против домашни миленици. Граѓаните обвинуваат дека таков отров е поставен на целата територија на Македонска Каменица, но најчеста е појавата на умрени (отровени) кучиња во долниот дел на градот, односно улиците Осоговска, Илинденска и Македонска. Граѓаните во своите објави на фејсбук бараат од надлежните да преземат соодветни мерки против сторителите. Од загрижени граѓани, во име на една…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12.06.2020 година – Денеска, ЈП Камена Река започна со обележување на пешачки шумски патеки околу Македонска Каменица. Во моментов, работиме на поставување патокази, урбана опрема, клупи и канти за отпад со што ќе допринесеме да ја зачуваме животната средина околу самите патеки, изјави Влатко Андоновски – директор на ЈП Камена Река Според програмата за работа на општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“, истовремено ќе биде извршено чистење на високата и бујна вегетација околу патеките со што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните при прошетките во природа. Ќе бидат мапирани пешачките патеки до повеќе локации и тоа…

ПОВЕЌЕ ...

Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, смета министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, според него, крајниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести. Бектеши денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информира дека до крајот на денов или најдоцна утре се очекуваат нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите. Хотелиерите, напомена министерот, не се затворени со одлука на Владата, но многу е важно и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести. – Оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Страницата на која може да проверите дали ќе добиете финансиска поддршка од државата веќе е во функција. Финансиската поддршка е наменета за граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, а со неа ќе може да се купат домашни производи. Тука можете да проверите дали ќе добиете финансиска помош од државата само со внесување на матичниот број. Треба да се напомене дека страницата може и да е преоптоварена и да функционира побавно, па ќе треба да бидете потрпеливи.

ПОВЕЌЕ ...

Се чини дека 5G технологијата постојано добива лоша репутација. Претходно ѝ припишуваа вина за зголемената стапка на заболени од рак, аутизам, па дури и ја наведуваа како причина за неплодност. Сега ѝ ја припишуваат пандемијата со коронавирусот. Затоа, The Verge објави ново видео во кое објаснуваат сè што треба да знаете за 5G технологијата. https://youtu.be/9j8G_4FocrA

ПОВЕЌЕ ...

Во светот од коронавирус починале 404.245 лица Најмалку 404.245 лица починале од коронавирус во светот, додека повеќе од седум милиони луѓе биле заразени во 196 земји и територии, пренесе агенцијата „Франс прес“. Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман. Од вкупниот број заразени, најмалку 3.078.100 луѓе се сметаат за излечени. САД, каде што е регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починале 110.771 лица, заразени се 1.951.111 и се излечиле 530.367. По САД, држави…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.06.2020 година – Општина Македонска Каменица и покрај кризата предизвикана од појавата на Ковид 19 ги продолжува капиталните инвестиции. Денес, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова изврши увид во градежните работи за изградба на локалниот пат кој ќе ги поврзе селата Луковица и Косевица. Како што истакна градоначалничката Стаменкова, во моментов се работи на пробивање на трасата долга 1960 метри. Паралелно на овие активности, општина Македонска Каменица во соработка со ЈП „Камена Река“ врши уредување на постоечката подземна водоводна и канализациона мрежа. Постојат потешкотии  со кои се соочуваме при реализацијата на инфраструктурните проекти поради појавата на заразата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.06.2020 година – Општина Македонска Каменица на својот официјален фејсбук профил објави кратко соопштение за јавност и фотоалбум од реализирани проекти со Договорот за бетонски работи и партерно уреување на јавни површини во Македонска Каменица. Во соопштението за јавност се вели: Во завршна фаза е спроведувањето на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини во општина Македонска Каменица. Со реализацијата на овој Проект на граѓаните им овозможивме: – Нов паркинг простор со вкупна површина од 180 метри квадратни, каде за граѓаните од улица Самоилова обезбедивме нови паркинг места. – Изградба на пешачки патеки и…

ПОВЕЌЕ ...

СЗО излезе со најнови сознанија за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето кои се инфицирани од коронавирусот, но немаат никакви симптоми. „Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата“, велиепидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх. Според неа, ретки се случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму. „Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми,…

ПОВЕЌЕ ...