Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на коронавирус Директорката за УЈП, Сања Лукаревска, е позитивна на Ковид-19 објави таа утрово на фејсбук. Лукаревска напиша дека по раобтните средбни кои ги имале со Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот и таа се тестирала и оти резултатот и е позитивен. „Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна изолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска на…
Author: Media Point
Нови 52 заболени од коронавирусот, четири жртви во последното деноноќие 52 новозаболени од коронавирус и четири жртви во последното днеоноќие во Македонија. Двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес. Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките. Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините газио Баба, Чаир, Сарај и Студеничани. Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани. Во моментов…
Од Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица изјавуваат дека „скоро поставената урбана опрема е уништена од несовесни граѓани. Направените оштетувања врз дел од поставените корпи за отпадоци во приградските делови на Македонска Каменица се веќе санирани и истите веќе се вратени на место“. Упатуваат апел до граѓаните, да се воздржат од дејствија со кои ја оштетуваат поставената урбана опрема. Со тоа нанесуваат дополнителен трошок на сите граѓани и создаваат негативни имплилкации врз буџетот на претпријатието и општината. Ваквата појава можеме да ја окарактеризираме како честа, бидејќи во изминатиот период покрај уништените млади садници и цвеќиња, при поставувањето на…
Според директорот на Пазарниот инспекторат неприменливо е легитимирањето, една маса за едно семејство и отвореноста на терасите од три страни Делови од протоколите за работа на угостителските објекти ќе мора да бидат изменети поради тоа што не можат практично да се применат, најави денеска директорот на Пазараниот инспекторат Стојко Пауновски. Тие делови главно се однесуваат на одредбата за тоа дека на една маса може да седат членови на едно семејство, терасите на угостителските објекти да бидат отворени од три страни и онаа за легитимирање на гостите за да се утврди фамилијарна поврзаност. *Поврзана вест: Објавени се протоколите за угостителските објекти, во…
Понекогаш, потребни ни се токму вакви кратки, реални приказни кои ќе нѐ „удрат“ од земја и ќе направат да сфатиме колку не го цениме животот и она што го имаме. Во трката со времето и да направиме што повеќе, да постигнеме што повеќе, многу луѓе забораваат на уживаат во малите нешта. Но, не и оваа бабичка која и во најтешките денови наоѓа сила да остане позитивна и да се радува на секоја ситница. На Фејсбук вирално се прошири приказна за бабичката која продава цвеќе на Партизанска. Ведра, насмеана, со маска на лицето, но ја тргнала за да испадне поубава на…
З`б булејне (забоболка). – Кога боли заб се вари бел леб во вино и се обложува страната од каде што е забот. Некои варат борина, оцет и стипса и со таа вода се жабурка, се плакне устата. Некои толчат сол и кромид и од тој кромид ја цедат водата и ја плакнат устата. Некои варат рѓосани шајки во оцет и со тоа ја плакнат устата. Кога клука шуплив заб во него ставаат восок или темјан. Кога забот ќе се извади и крвта не престанува потопуваат памук во зејтин и го ставаат во дупката. некои пак жабуркаат солена вода или растворена…
Засега работите се одвиваат нешто подобро од првичното сценарио на Министерството за финансии, што е добар знак: Нина Ангеловска и Ширет Елези Корисниците на платежните картички од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, гласи уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници. Тие ќе можат да се потрошат на купување на македонски производи и на услуги од локални компании. Деловните банки, откако ќе биде објавена конечната…
Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес,…
– Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 19 степени. И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места…
Скопје, 28 мај 2020 () – Од вчера е укинат полицискиот час. Но, и покрај олабавувањето на рестриктивните мерки, во сила остануваат препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од коронавирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат мерките и препораките, особено за задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на рацете, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. – Само преку почитување на овие мерки, може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот, порачуваат надлежните.…
