По четирите денешни нови случаи на заболени работнички од Ковид-19 од текстилна фабрика во Штип, бројот на заболените во овој капацитет се зголеми на 10. Четири од заболените работнички се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, a во изолација се 42 лица. Во Центарот за јавно здравје во Штип се вршат нови тестирања, но уште побитно за епидемиолозите е изолирањето на работниците од неколку конфекции, кои патувале во ист автобус заедно со заболените. Дел од овие работници се ангажирани во една од поглемите конфекции во Штип, што посебно го…
Author: Media Point
Одлуката за повторното отворање на аеродормите ќе биде дел од отворањето на граничните премини што ќе се носи откако Комисијата за заразни болести ќе направи соодветни протоколи за влез и излез во државата за што денеска доби задолжение од Владата која усвои олабавување на повеќе рестриктивни мерки меѓу кои укинување на полицискиот час и повторно отворање на угостителските објекти. – Дадов задолжение до Комисијата за заразни болести да направат соодветни протоколи за влез и излез и на територијата и од територијата на Република Северна Македонија и тогаш ќе ја носиме заедничката одлука кога ќе се отворат граничните премини и кога…
Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести, па така од денеска веќе не е на сила полицискиот час, беше воведен во изминатите два месеца со цел спречување на ширењето на крона вирусот во земјава. Согласно препораките на Комисијата, кафулињата ќе отворат од утре, но се уште е неизвесно кога земјава ќе ги отвори границите. Како што беше наведено на прес конференцијата, земјите од соседството ќе направат заедничка оценка кога да се пристапи кон овој чекор. Исто така, Владата одлучи и да се укине карантинот за сите кои ќе се вратат во земјава, а луѓето кои моментално се во…
Повредени седум лица во сообраќајка на три возила на патот Делчево – Штип мај 26, 2020 Три возила учествувале во сообраќајна незгода што се случила изутрината (26.05.2020) во 06.10 часот на магистралниот пат Делчево – Штип кај место викано Прима се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.К.(52) од Скопје, во кое се превезувала една сопатничка, патничко моторно возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(54) со четири сопанички во возилото сите од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со винички регистарски ознаки управувано од Д.А.(28) од…
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти. – Скопје 3 – Тетово 11 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај. Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19. – Скопје 9 – Штип 5 – Струга 1 – Гостивар 1 Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на…
Владата, денеска или утре, се очекува да донесе одлука и за отворање на границите, но и на угостителските објекти, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување на рестрикциите Подолго од два месеци по воведувањето на полицискиот час во земјава, за што потоа се носеа уште неколку одлуки за продолжување, па за скратување на неговото времетраење, веќе од утре или задутре можно е укинување на забраната за движење. Според информациите од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, укинувањето на полицискиот час е еден од предлозите на здравствените власти за омекнување на рестрикциите. Овој предлог, како…
Врнежи во изминатите 24 часа низ државава во л/м2: Демир Капија 4, Прилеп 3, Пожаране и Тополчани 1. Во текот на денешниот ден нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот од северен правец. Локално не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, но и поради северното воздушно струење, не се исклучува можноста за провејување…
Штипјанка пријавила во полиција обид за силување. Имено на 25.05.2020 во 00,40 часот во СВР Штип, 21-годишна жена од Штип, пријавила дека во нејзиниот дом влегло лицето Ч.Р. (22) од Виница, кое се обидело да изврши полови дејства врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И КАРБИНЦИ ЕДИНСТВЕНИТЕ ОПШТИНИ ОД ИСТОКОТ НА ДРЖАВАТА КАДЕ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 Виолета Кожинкова саб, 23.05.2020 Дистанца, носење маски и седење дома. Тоа е рецептот со кој рударската општина Македонска Каменица успеа досега да нема ниту еден заболен од коронавирус. Жителите велат дека за тоа клучна е нивната дисциплина. Ги почитуваат правилата, а излегуваат само до продавница. вирусот ги плаши, сметаат дека треба да се биде внимателен, но и да се почека со олабавување на мерките. Од општината велат дека граѓаните на Македонска Каменица се пример како треба да се однесуваат сите во време…
Македонска Каменица единствена во источна Македонија без корона вирус Раздвижено е по улиците и парковите, но сите се со маски и се држи дистанца, ова е сликата од рударскиот град Македонска Каменица, кој е единствениот на мапата на истокот, каде што нема заразени со коронавирус. Оваа мала општина изминатите месеци успешно се справува со пандемијата, а населението вели дека стравот и мерките кои се преземаат е причината за успешното справување со пандемијата. Единствената жена градоначалник во Брегалничкиот регион, која е и здравствен работник имала визија па во буџетот предвидела и ставка за справување со здравствена криза, овие пари се искористени…
