Author: Media Point

NASA предупреди на неколку потенцијално опасни астероиди кои што се приближуваат кон Земјата, но оваа седмица ќе има дури пет од нив, од кои два се очекуваат да поминат денес. Астероидите 2013 XA22 и 2020 KZ3 со ширина од околу 20 метри би требало денес да поминат покрај Земјата. Следниот опасен астероид, со големина колку една куќа се очекува да помине покрај Земјата на 10-ти јуни, а потоа во четврток на Земјата ѝ се закануваат два астероиди со ширина од околу 25 метри. Последниот кој што најблиску ќе помине покрај Земјата би требало да помине на безбедна оддалеченост од околу…

ПОВЕЌЕ ...

Филипче: Им благодарам на медиумите за коректниот однос во изминатиот период Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција потенцираше дека целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос, со што се докажа дека медиумите се еден од најдобрите партнери „Целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос. Приказна со апсолутно сите детали, но и аргументација во објаснување на чекорите, мерките, анализите на што се темелат прес-конференциите кои се секојдневни, некогаш и два пати во денот. Така да, во целокупниот овој процес медиумите ги сметавме и на почетокот, и сега исто така, а во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.06.2020 година – Во завршна фаза е целосната реконструкција на спортската сала во Македонска Каменица. По замената на системот за затоплување и замената на подот, во тек е уредувањето на трибинскиот дел, а целосно е завршена заменета и на надворешната столарија од објектот.   Како што истакна градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која денес изврши увид во градежните работи во објектот, станува збор за инветиции вредни приближно 5,4 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од буџетот на Општината, а дел од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука.   Со реконструкцијата на…

ПОВЕЌЕ ...

Од утре комерцијалните банки во Македонија ќе ги добијат списоците на граѓаните на кои ќе треба да се им се издадат платежните картички на кои ќе легнат парите од третиот сет мерки за поддршка на домашната економија . Според информациите на Алсат, од 325 до 330 илјади граѓаните ќе добијат картички за да купуваат домашни производи и услуги. Овие платежни картички ќе ги добијат социјалните случаи и невработени, лицата со ниски примања, млади и медицинските лица кои ќе бидат наградени поради борбата со Ковид 19. Секоја група ќе добие различна сума на својата платежна картичка. Социјалните случаи и невработените кои…

ПОВЕЌЕ ...

Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита, напиша на својот Фејбук профил премиерот Оливер Спасовски. Тој во својата порака напоменува дека вирусот е тука и опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. -Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик. Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравството и епидемиолозите, пишува Спасовски.

ПОВЕЌЕ ...

Утрово во 05 часот, заврши 80-часовниот полициски час воведен во Скопје, Куманово, Липково, Штип, и во Тетово и неколку тетовски општини. Заврши и полицискиот час воведен во другите општини, кој во текот на викендов беше од 16 до 05 часот. Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали ќе има нов, и ако има, колку ќе трае истиот. Министерот Филипче во петокот на прес-конференција најави дека најверојатно ќе нема рестрикции во однос на движењето, но со оглед дека и во саботата и во неделата бројката на заболени надминуваше 100 случаи, тогаш не е чудно и да биде донесен некаква рестрикција,…

ПОВЕЌЕ ...

Откако Грција го призна го призна македонскиот јазик како наш официјален јазик со Договорот од Преспа, во грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ (“Χάρτης”, Νο.18, Ιούνιος 2020) е објавен портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески со преводи на седум негови песни. Иако песните се преведени од англиски јазик, уредникот забележува дека е парадоксално среќавањето со јазикот и културата на ближниот, преку трет јазик и изразува надеж дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе го преведат Конески директно од оригиналот. „Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Истибања, виничко, Д.Т.(53) од с.Истибања испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан“ и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56) од истото село. Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И. Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син. Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е Задушница, утре е Духовден Годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. Но, годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите треба да се врши во домовите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име…

ПОВЕЌЕ ...

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ прими пријава, фотографии и видео материјали од граѓански новинар на кои се гледа полициски службеник во униформа и со службено оружје, како игра оро на една семејна прослава во Кочани. Според сведочењето на граѓанскиот новинар, поткрепен со фотографии на кои има датум, настанот се случил пред една недела, на 29 мај. На социјалните мрежи материјалот бил објавен на 2 јуни, а избришан е денеска попладне, откако се појавија информации за случајот. „На снимките може да се забележи полицискиот службеник, наместо да се грижи за почитување на мерките за заштита од коронавирусот, се фатил на оро,…

ПОВЕЌЕ ...