Author: Media Point
За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче. – Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација на сите земји во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ако не ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и временски во однос на интензитетот и со очигледно исти карактеристики, само што ние сме први кои изреагиравме. Но, многу е битно да…
Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републиканскиот институт (ИРИ), УСАИД, како и со поддршка на Министерството за здравство и Владата, изработија веб-платформа solidarnost.gov.mk преку која граѓаните и правни лица ќе можат да донираат во солидарните фондови за борба со Ковид-19 на Министерството за здравство и Владата. Целта на новоотворената веб-страница е да се олесни процесот за оние коишто сакаат да донираат за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот, да овозможи јавно признание на тие кои донирале и да поттикнува солидарност. „Досега во овие два фонда се собрани околу 200 милиони денари. Дополнително ја креиравме платформа за едноставен и…
Лекот Дексаметазон, кој е стероид, може да спаси животи за пациентите со Ковид 19 што имаат критично тешка клиничка слика. Ова го покажала најнова клиничка студија на Оксфорд, а Светската здравствена организација им честиташе на универзитетот Оксфорд и на Велика Британија. Но, македонските лекари предупредуваат, граѓаните никако да не се затрчуваат во аптеките во набавка на овој лек, бидејќи земан на своја рака може да чини живот! Сепак, со проверка во две поголеми аптеки во Скопје, дознавме дека една ампула чини 22 денари и дека за неа не треба рецепт. Веќе излекуван медицински работник од Дебар, доктор Арбен Аголи, во разговор за Слободен печат посочува…
Уште еден медиумски работник почина од компликација со коронавирусот во нашата земја. Се работи за 48-годишниот Ристо Меловски, познат како Диџеј Ицко од „Антена 5 “ радио. Тој на сцената во Македонија е познат повеќе од 15 години, а дел од „Антена 5“ беше повеќе од 10 години. Неговите пријатели од утринава преку социјалните мрежи се збогуваат со него. Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.
Светската здравствена организација како „одлична вест“ го поздрави резултатот од првото клиничко испитување што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот. -Ова е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација, изјави доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус. „Ова е одлична вест и честитки до владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија, кои придонесоа за научниот продор што спасува животи“, рече Тедрос. Истражувачите ги…
Согласно договорот, Грција прва го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, а земјава на 30 март,стана 30. Членка на алијансата. Во малото населено место Нивици на грчката страна на преспанското езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор. Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/ државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски. Согласно договорот, Грција прва го…
Oд понеделник се отвораат и хотелите Владата синоќа ги утврди протоколите според кои ќе почнат да работат хотелските објекти. Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) почнува да важи од понеделник, 22 јуни. Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на ковид-19. Предвидена е дезинфекција за обувки пред влезна врата, пулт за дезинфекција на раце во холот, задолжително носење на заштитна…
Македонска Каменица, 17.06.2020 година – На официјалната страна на Vlada.Mk се објавени сите Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Протоколите можете да ги погледнете овде. https://vlada.mk/protokoli-koronavirus?fbclid=IwAR1EMP1U4ke-nue_CLUO5UXSOwQXmOwFrh5yXqeGkk0XYtXDJsnWDLe9aA4
Ако земеме предвид дека бројката овој месец е удвоена за разлика од април, тогаш слободно може да речеме дека состојбата е многу тешка. Лежерно тргнавме и се соочуваме со овој проблем. Имаме голема бројка на заразен медицински кадар, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Сашо Стојчев – невропсихијатар. Бројката и натаму ќе расте, а СЗО е конфузна со своите ставови. -Јас не сум епидемиолог, но мислам дека на оваа двогрба камила не и го гледаме крајот на втората грбка. Мислам дека бројката нема да запре под 7-8000 илјади. Во ситуација сме да се бориме со невидлив непријател,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Владата донесе протокол за транзит на странски државјани на нашата територија. Истиот овозможува транзит само преку граничните премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на…
