Author: Media Point

Иако во македонската женска сениорска кошарка, важи за релативно млад клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, во својата трета сезона од прволигашкото друштво ќе влезе со високи амбиции. Клубот од Македонска Каменица предводен од тренерот Јордан Цветановски веќе започна да го гради тимот за новата сезона. Прво засилување за Баскет Кам е македонската репрезентативка Ивана Кметовска која игра на центарската позиција. Таа доаѓа од екипата на скопски Бадел, а претходно има играно во Шпанија за Кесос ел Пастор, во Турција за Јалова и во САД како дел од универзитетот Вашингтон. Во следниот период се најавуваат уште неколку квалитетни засилувања…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци. „Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на…

ПОВЕЌЕ ...

8 часа работа седнати на столче пред компјутер, 5 дена во неделата, може значително да го промени целокупното здравје. Важно е да бидете свесни дека и покрај тоа што не можете да ја промените работата, може да ги промените останатите навики. Мали промени кои треба да ги усвоите ако долго седите на работа: 1. Прошетајте до работа. Вклучете барем 30 минути пешачење пред или по работното време. 2. Користете го правилото 20/20/20. По константна работа 20 минути, направете пауза 20 секунди и гледајте во некој објект оддалечен 20 метри. На тој начин ќе ги опуштите мускулите. 3. Станувајте кога зборувате на телефон, шетајте…

ПОВЕЌЕ ...

Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 18 до 30 степени. Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7 Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени. Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува…

ПОВЕЌЕ ...

Коронавирусот ги замре спортските активности во салите и на терените Коронавирусот ги замре спортските активности во салите и на терените. Бошко Стаменковски светскиот шампион во неколку дисциплини, кои се  дел од боди билдингот наместо низ Европа и светот и  да соборува светски рекорди во дисциплината бенч, тој  неколку месеци тренира и е во својот роден град Македонска Каменица. Колективните спортови засега мируваат, но индивидалните се префрлија онлајн, на последниот учествувал како судија. Стаменковски со овој спорт почнал да се занимава по 40 тата година, тој е неколку кратен европски и светски шампион во пауер лифтин бенч, дисциплина бенч прес. Лани…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20.06.2020 година – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица во поголемиот дел од утрешниот ден ќе бидат без вода за пиење. Од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека поради специфичноста на дефектот, поправката на истиот ќе започне во раните утрински часови. Од претпријатието апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини, во спротивно првин високите, а потоа и ниските делови ќе останат без вода за пиење. Дежурни екипи на Јавното претпријатие ќе работат на отстранување на дефектот од раните утрински часови, со почеток од 06:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.06.2020 година – Според Индексот на рангирање кој денеска го објави Центарот за граѓански комуникации, општина Македонска Каменица со 85,9% успешност во активната транспарентност, се наоѓа на седмо место во државата. Општина Македонска Каменица е најтранспарентна општина во Источна Македонија далеку над просекот кај останатите општини во регионот од 68,3%. Ова претставува висок напредок во подобрувањето на активната транспарентност на општина Македонска Каменица, бидејќи во 2018 година општината се наоѓаше на 76 место. Општина Македонска Каменица е една од ретките општини, каде Јавните набавки, објавените Огласи и склучените Договори се прикачуваат автоматски на веб страната, а се следат…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше гостин во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21 вети дека веднаш после завршувањето на пандемијата, ќе пие кафе со неговата обожавателка Лиде Лиде, која јавноста ја запозна преку коментарите на прес-конференциите на министерот во кои постојано го поканува на кафе и разговор. Нејзините коментари често стануваа вирални, па дел од корисниците на социјалните мрежи бараа од Филипче да го прифати нејзиното барање. Филипче беше прашан: Ваша гледачка на прес-конференциите под името Лиде Лиде постојано ве кани на кафе, дали ќе пиете кафе со неа? – Еве веднаш штом ќе помине оваа криза…

ПОВЕЌЕ ...

Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски. Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН. На неговиот фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него. Ковачевски претходно работеше во Канал 5 и во МРТВ.

ПОВЕЌЕ ...

New Wave Digital е целокупна и иновативна агенција за дигитални услуги изградена од флексибилен тим на експерти, силно поврзани за бизнис развојот на дигиталните технологии и креативните процеси. Афродита Ангеловска дел од тимот како инженер по Индустриски дизајн, со страстна желба за Графички дизајн. Во NVD добива можност да работи на позиција токму од тој спој – 3D моделирање, како и реализирање и оптимизирање на графички дизајн – идеи во дигитална форма. За неа во тимот на NWD велат „She’s hard-working, she’s determined…she’s our Macedonian Pearl 🍀“. Во продолжението на интервјуто направено за запознавање со тимот на NWD, таа за…

ПОВЕЌЕ ...