Author: Media Point

Со прекинувањето на првенствотото во Прва ЖФЛ за сезона 2019/20, се замрзнува табелата заклучно со последното одиграно коло пред 12.03.2020година. Ваквата одлука на Управниот одбор на ФФМ е официјална потврда дека ЖФК Каменица САСА е шампион на Македонија во женски фудбал за 2019/20 година. После 14 одиграни кола, постигнати 13 победи и еден нерешен резултат со 73 постигнати гола и примени само 5 гола, каменичката екипа е на врвот од табелата во текот на целата измината сеозна ЧЕСТИТКИ за сите фудбалерките, стручниот штаб, како и сите поддржувачи и спонзори кои помогнаа Македонска Каменица за прв пат во својата историја да…

ПОВЕЌЕ ...

Подготвил: Тамара Гроздановски Лектор: Ивана Кузманоска Ново истражување од Каролинскиот институт и Универзитетската болница Каролинска покажува дека многу луѓе со благ или асимптоматски Ковид-19 демонстрираат таканаречен имунитет со посредство на Т-клетките кон новиот коронавирус, дури и ако не се тестирале позитивно за антитела. Според истражувачите, тоа значи дека јавниот имунитет е веројатно поголем отколку што посочуваат тестовите за антитела. – Т-клетките се еден вид бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање на клетки заразени од вирус и се суштински дел од имунолошкиот систем – вели Маркус Бугерт, доцент на Центарот за инфективна медицина на Каролинскиот институт и еден од главните автори…

ПОВЕЌЕ ...

На првиот ден од почетокот на германското претседателство со Советот на ЕУ, Европската комисија ја усвои предлог – преговарачката рамка за земјава. Тоа значи дека нацрт-документот според кој ќе се водат преговорите за членство со  Македонија се наоѓа кај земјите-членки на ЕУ, кои ќе треба да ја одобрат финалната верзија. Според проценките, документот веќе идната недела ќе се разгледува во Брисел на експертско ниво меѓу земјите-членки. Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат. Предлогот што го изготви тимот на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се темели на новата методологија за пристапување. Според шефот на…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани, 01.07.2020 година – Денеска во општата болница со проширена дејност – Кочани беше извршено официјалното примопредавање на новиот апарат за анестезија, донација од Рудник САСА.  Се работи за најсовремен апарат за анестезија модел Fabius plus XL од производителот Dräger од Германија. Апаратот содржи и респиратор, односно интегриран модул за мерење на концентрација на гас во дишниот систем (SCIO модул). „Би сакал од мое име, како и од името на вработените во ЈЗУ Општа болница – Кочани, да изразам голема благодарност до Рудник САСА, како општествено одговорна компанија, за несебичната помош во справувањето со Ковид-19 пандемијата. Со оваа донација ќе…

ПОВЕЌЕ ...

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ 📌ЈОУДГ,,БАМБИ,, ве известува дека од 01.07.2020година продолжува да врши упис на деца за учебната 2020/2021 година. Уписите ќе се вршат во просториите на ЈОУДГ,,БАМБИ,,секоја среда и петок во периодот од 09:00 до 12:00 часот.За упис на вашите деца потребно е да доставите извод од матичната книга на родените за детето .При уписот на децата задолжително ке се почитуваат следните мерки за превенција од ширење на заразата од kovid 19: -При влез во установата ,задолжително носење на маска . -За поднесување на документите потребно е присуство само на еден од родителите. -Задолжително држење на социјална дистанца. -Задолжително вршење на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29.06.2020 година – Општина Македонска Каменица согласно склучените Договори за терастична и аеросолна апликација на средство за уништување на возрасни комарци ги известува граѓаните дека во среда, на 01 јули 2020 г. во периодот меѓу 04:00 и 08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против возрасни комарци. Претходно, во вторник 30. Јули 2020 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот, од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, ќе биде извршено и терастична апликација на средство за уништување на возрасни комарци во градската средина…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени. До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален…

ПОВЕЌЕ ...

Нашето здравје е највредната работа. Сепак, многу луѓе се сеќаваат на тоа само кога ќе го загубат здравјето. Ако размислиме за тоа, сè околу нас може да биде опасно до одреден степен. Прашањето е дали сфаќаме каков ризик лежи дури и во наједноставните работи.  Поради оваа причина, научниците наведоа 5 артикли од нашите секојдневни животи кои се опасни по живот. Сепак, за повеќето луѓе се чини дека се безопасни. Врвките на обувките Дали знаевте дека врвките на чевлите или патиките се толку опасни што се официјално забранети во некои канцеларии во Велика Британија? Се разбира, зборуваме за одврзани чевли,  бидејки…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.06.2020 година – Наставничкиот Совет при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица за првенец на генерацијата ја избра ученичката Зорица Караѓозова од 9-а одделение. Според утврдениот правилник и бодовен систем за вреднување на успесите, Зорица Караѓазова е ученичка со најголем број на освоени поени. Оваа награда училиштето ја доделува секоја година со пригоден настан и програма, но годинава поради мерките за заштита и спречување на ширењето на заразата со Ковид 19, настанот ќе се одржи според пропишаните протоколи за заштита и грижа за здравјето на учениците и вработените во училиштата. „Упатуваме честитки до Зорица Караѓозова, со желби…

ПОВЕЌЕ ...

Угостителските објекти од денеска можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа, а се дозволува и работа на теретаните и вежбалните, додека моловите ќе можат да работат и во неделите. Ова го овозможува Уредбата што ја донесе Владата на својата 72-ра седница во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно протоколите за работа, вработените во угостителските објекти кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се обезбеди растојание од столче до столче…

ПОВЕЌЕ ...