Author: Media Point

Вакцината против коронавирусот развиена од универзитетот во Оксфорд е безбедна и може да го активира имунолошкиот систем, покажаа прелиминиарните резултати од клиничкото истражување, објави „Би-Би-Си.“ Тестовите во кои беа опфатени околу 1.077 луѓе покажаа дека по примањето на инјекцијата се создале антитела и бели крвни клетки што можат да се борат со коронавирусот. Изработена е од вирус создаден со генетски инженеринг што предизвикува обична настинка кај шимпанзата. Според истражувањето, т-клетките, кои се вид на бели крвни клетки кои помагаат во координирањето на имунолошкиот систем се способни да откријат кои клетка од телото се инфицирани и да ги уништи. Нивоата на…

ПОВЕЌЕ ...

Цените на бензините од полноќ се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар. Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит. Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг. – Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги за периодот од 1 јули до 15 јули 2020 година на берзанските…

ПОВЕЌЕ ...

Еден од најздравите начини да додадете повеќе привлечност во вашите оброци е да користите ѓумбир. Без разлика дали е свеж или во прав, постојат различни начини да направи дел од нашето мени. Со ѓумбир, бисквитите потсетуваат на Божиќ, тој е задолжителен дел од супите за слабеење, а во комбинација со мед и ореви, помага во борбата против настинките. Споделуваме неколку добри причини зошто да го започнете денот со ѓумбир. За повеќе антиоксиданти Кафето е пијалок што обично го консумираме наутро. Ни обезбедува виталност, но и антиоксиданти. За да го збогатите со важни елементи кои помагаат во борбата против слободните радикали,…

ПОВЕЌЕ ...

ВО ШТИП, ПАЦИЕНТИ СО ПОЛЕСНА СЛИКА ЗА ПУШТААТ ДОМА, ЗА ДА СЕ ПРИМААТ ПОТЕШКИ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 Инфективното одделение во Штип веќе е исполнето со максималниот капацитет за 55 болни. Вчера во овој град беа регистрирани нови 60 ковид позитивни. Според директорот на клиничката болница во штип ален георгиев се прават напори да бидат сместени новозаразените, а веќе примените пациенти со позитивни тестови, но со полесна клиничка слика се пуштаат на домашно лекување и самоизолација за да се обезбеди кревет плус за новите потешко заболени. Градот Штип со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители има најголема стапка на болни…

ПОВЕЌЕ ...

Револуционерно откритие кое, според мислењето на научниците, многу ќе помогне за да се спасат животите на заболените од Ковид-19. Научниците идентификувале шест различни типови Ковид-19,  до заклучок дошле со анализа на симптомите на голем број  пациенти. Ова откритие, велат тие, би можело да помогне во спречувањето на ширење на инфекцијата, како и да укаже на лекарите кои пациенти се под најголем ризик. Се смета дека различните форми на болеста ја одредуваат нејзината сериозност, па затоа може да се „претпостави“ кому ќе му треба респиратор, велат научниците. Авторите на студијата, предводени од истражувачи од Кралскиот колеџ во во Лондон, велат дека…

ПОВЕЌЕ ...

Ако на овој празник врне, треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат. Родум Мисирец и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува…

ПОВЕЌЕ ...

Авиокомпанијата Визер соопшти дека од 31 јули ги суспендира сите летови помеѓу Италија и  Македонија. Ова, според најавата, е како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија. -Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Визер сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Визер.…

ПОВЕЌЕ ...

Во функција делницата Штип-Крупиште Јавното претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат во изградба А3 Штип – Кочани, е во функција, односно може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.07.2020 година – ЈП Државни патишта го објави почетокот на изградбата на регионалниот пат од Македонска Каменица до Саса, со вкупна должина од 12,1 километар. Во официјалното соопштение стои: Ќе се рехабилитираат 84 километри на шест делници со средства од ЕБОР Шест патни правци наскоро ќе добијат поинаква слика од моменталнава. Имено, Јавното претпријатие за државни патишта по добиеното одобрение од страна на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), потпиша Договори со Изведувачите за следните 6 делници: 1. Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), должина 5,5 км 2.…

ПОВЕЌЕ ...

Поранешниот напаѓач на младата репрезентација на Македонија, каменичанецот Зоран Златковски кој во својата кариера настапуваше за ФК Каменица САСА, ФК Пирин, ФК Славија, ФК Локомотив Пловдив, ФК Лудогорец, ФК Панахаики, ФК Ламиа, ФК Кавала, ФК Малаван, ФК Брегалница, ФК Академија Пандев не треба да стравува дека фудбалската традиција во неговото семејство ќе згасне. Неговото синче, Марти иако доста мало е како плукнато на тато, неслучајно старите рекле…круша под круша паѓа…

ПОВЕЌЕ ...