Author: Media Point
Управата за јавни приходи ќе ги испрати податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка, од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција. Таа апелираше до фирмите да ги испочитуваат обврските утврдени со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 и да им ги исплатат платите на своите вработени. „Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат…
До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок (31.07.2020), трае рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица. Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат…
Македонска Каменица, 28.07.2020 година – Според официјалните податоци кои пред неполн час ги објави Министерството за здравство, по извршените тестирања во општина Македонска Каменица нема нови позитивни случаи на Ковид 19. Досега евидентираните 4 позитивни случаи со Ковид 19 во Македонска Каменица, како и нивните најблиски контакти остануваат во изолација. Сите се во добра здравствена состојба, без симптоми на коронавирус. Ова е добра вест за граѓаните на општина Македонска Каменица, но тестирањата продолжуваат и простор за опуштање нема! Во прилог целото соопштение од Министерството за здравство: Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи…
Македонска Каменица, 28.07.2020 година – Со оглед на новонастанатата состојба и појавата на првите позитивни случаи од Ковид 19 во општина Македонска Каменица, Општинскиот штаб за заштита и спасување презеде редица мерки и активности за дополнителна заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Во таа насока, покрај извршените редовни и вонредни дезинфекции на јавните простори во градот, вчера беа одржани и одделни состаноци со претставници на угостителскиот сектор, производствените субјекти, како и од трговската мрежа и услужните дејности. Состанокот го водеше градоначалничката Соња Стаменкова како шеф на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС), заедно со претставници на ДПИ и…
Девет лица починаа по компликации од коронавирус во изминатите 24 часa; – Возило на Брза помош пред Скопскиот клинички центар. (Фото: К. Попов) Девет лица починаа по компликации од коронавирус во изминатите 24 часа, и тоа тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 60 -Куманово 13 -Дебар 5 -Штип 16 -Прилеп 3 -Тетово 7 -Струга 1 -Велес 3 -Битола 5 -Охрид 1 -Гостивар 11 -Кочани 1 -Пробиштип…
Јајцата се еден од најдобрите извори на протеини и одличен избор на храна за појадок, особено ако сакате да слабеете. Едно јајце содржи само 75 калории, 5 гр. масти и 6 гр. заситени масти, железо, витамини, минерали. Витамините А и Б12 ги поттикнуваат функциите на имунитетот, а овие витамини се наоѓаат во јајцето. Освен тоа, жолтката е одличен извор на витамин Д. За повеќето луѓе јајцата не претставуваат ризик за зголемување на холестеролот во крвта или пак за срцеви заболувања, бидејќи содржат ниско ниво на заситени масти. TheSeriousfitness предлага девет рецепти за здрав омлет со кои ќе бидете заситени, а…
Македонска Каменица, 25.07.2020 година – ЈП „Камена Река“ започна со чистење и целосна замена на филтерски слој на зафватот за вода за пиење, Горештица. Со ова, се обезбедува почиста вода за пиење, а истовремено се зголемува и капацитетот на истата. Ова е прва активност која се спроведува по изградбата на зафатот за вода. Претходно, во изминативе две години, со ваков третман беа опфатени и изворите во с. Моштица и с. Цера. Средствата во висина од 300.000,00 денари за оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, се издвоени од буџетот на ЈП Камена Река. Како претпријатие задолжено за снабдување со…
Македонска Каменица, 24.07.2020 година – ЗАКЛУЧОЦИ ОД СОСТАНОКОТ НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 24.07.2020 ГОДИНА Денес, 24 јули 2020 година со почеток од 14 часот, се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување – Македонска Каменица. Во рамки на расправата околу моменталната состојба со Ковид 19 во општина Македонска Каменица, помеѓу другото беше истакнато дека, степенот на почитување и спроведување на мерките и протоколите за заштита на личното и јавното здравје кај граѓаните, со одредени исклучоци, е на незадоволително ниво. Во таа насока, покрај редовините активности кои обезбедуваат колективна и…
Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починале шест лица, а потврдени се 129 нови случаи, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.535 тестирања, а најголем број нови случаи се од Скопје – 45 и од Штип – 25. Нови случаи по градови: – Куманово 7 – Дебар 1 – Штип 25 – Прилеп 4 – Тетово 9 – Струга 5 – Битола 6 – Охрид 3 – Кавадарци 1 – Гостивар 9 – Кочани 3 – Демир Хисар 1 – Делчево 1 – Свети Николе 3 – Кичево 6 Починати се шест лица, пет пациенти од Скопје и…
Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги објавува протоколите за работа на клубовите во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркарите на терен, ќе мора да носат заштитни маски. Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.…
