Author: Media Point
Македонска Каменица, 31.07.2020 година – Министерството за животна средина и просторно планирање донесе нацрт одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитен предел, целиот текст е објавен на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица, од каде ви го пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/makedonskakamenicamk/posts/3667712306576419
Македонска Каменица, 31.07.2020 година – Дури 6 кошаркари на КК Баскет Кам влегоа во поширокиот состав на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. 4 играчи родени од 2007 генерација од 04.08.2020 година во СРЦ Кале – Скопје ќе ги започнат селективните тренинзи од втората фаза. Матеј Митревски, Мартин Атанасов, Виктор Попов и Андеј Јованов се кошаркарите кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација. Во женска конкуренција Баскет Кам на поширокиот репрезентативен список во втората фаза влегува со две претставнички. Матеа Владимирова и Милена Зафировска заедно со врсничките од 2008 генерација ги продолжуваат…
Запознајте се со Тамара и Душан кои се вистински ентузијасти. Како што и претходно објавувавме Кајак.мк има цел да ги промовира ситниците коишто прават многу во развојот на домашниот туризам. Нашиот агрегат освен тоа што ги додава понудите на сите туристички агенции, атракции и приватни сместувања, разговата и со сопствениците на некои мали нешта коишто прават многу во развојот на туризмот. Таква е и приказната на Тамара и Душан кои изградија куќа на дрво во селото Ранковце кое е одалечено на само 20 километри од Кокино или на час возење од Скопје. Нивната дрвена куќичка е именувана како „ТриХаус&ТајниХаус“ бидејќи…
Од Владата најавија дека ќе побараат Обвинителството да покрене постапка за утврдување кривична одгворност против одговорните лица во компаниите Владата објави список со имиња на фирми кои зеле финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не им ја исплатиле на работниците. Дека фирми ја злоупотребувале државната помош за корона-кризата откри на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.
На 29.07.2020 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во кругот на фирма во Виница во 15.30 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „рено лагуна“, од кој делумно биле зафатени уште две патнички возила „форд фокус“ и „опел мерива“. Пожарот бил изгаснат од Територјалната противпожарна единица Виница. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница. Извор: Сител
Младински образовен форум отвора повик за учесници на онлајн работилница насловена како „Активизам во твоето маало“ која ќе се одржи на 7-ми (петок) и 10-ти (понеделник) август од 12:00 до 14:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM. Учесниците на работилницата ќе стекнат знаења за базичните, елементарни алатки и клучните манипулативни техники на Фотошоп како алатка, но и како да креираат коцепт за компаративна претстава на одреден простор. На работилницата ќе бидат изработени дизајни кои подоцна ќе бидат дел од онлајн кампања насловена како „Младински простор во секое маало“, чија цел ќе биде преку младински активизам да се подигне свеста за потребата…
Првите луѓе на најголемите технолошки компании Facebook, Apple, Аmazon и Google вчера беа на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ. Четворицата водечки менаџери на овие гиганти одговараа на прашањата на конгресмените преку видеоврска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција. Така, основачот на Facebook, Марк Закерберг, се очекуваше да даде одговор за тоа дека со преземањето на Instagram и WhatsApp, неговиот Facebook стана предоминантен во областа на социјалните мрежи. Шефот на Apple, Тим Кук, ќе мора да разјасни зошто Apple мора да добива од 15 до 30 отсто од секоја продажба на…
И кога објавата е одбележана како лажна, Фејсбук ги предупредува луѓето што ја гледаат или се обидуваат да ја споделат објавата дека е одбележана како таква. Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината. Денес беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Исто така, оваа програма започна и во регионот, односно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и нејзино проширување во Хрватска. Сите партнери на програмата се сертифицирани преку непартиска меѓународна мрежа…
Во Скопје денеска беше потпишан договорот за најголемиот синдициски заем во земјава во висина од 72 милиони евра со што се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“. Трговскиот центар ќе биде најголем во регионот и се очекува да биде отворен до октомври-ноември следната година. Според најавите, ќе ја има најголемата „Зара“ во регионот на површина од 4.700 метри квадратни. Четириесет проценти од површината во шопинг центарот ќе биде со 20 нови светски брендови кои досега не се присутни во државата, а ги има во земјите од Централноисточна Европа. – Трговскиот…
Акутната инфекција одамна е помината, но остануваат тегоби како истоштеност, отежнато дишење или губење на чувството за мирис – за луѓето кои преживеале заболување од Ковид, не значи автоматски дека се ослободиле и од маките поврзани со болеста. Има зачудувачки примери, како оној на 30-годишен претходно сосема здрав млад човек, Симон, кај кого по прележаната инфекција со коронавирус и при најмали движења срцето почнува да работи забрзано. Тој веќе не може да работи, се преселил повторно кај своите родители, зашто сам не може да се пробива низ секојдневието. Колку често остануваат здравствени тегоби по заболувањето од Ковид-19? И кои се…
